Дали на тоа лице што му се јавуваат за само да го известува има некигаш обрдка да враќа ако не враќа тој што земал кредит ?
Секакви финти има. Колку пати на фб сум прочитала како се жалат дека во нивно име се земани кредити. А ретко кој тужи за тоа.
значи мислам дека не е можно, а тоа што пишуваат на фб - па и не верувам многу. Само со матичен број да дадат кредит, за да ги земеш парите, нешто плус што ти треба е број на трансакциска на тоа име, ако одиш лично - лична карта...не е само кажи го матичниот и толку. А ако тоа на пример мене ми се случи, нормално дека ќе тужам...кој будала остава така да земат кредит на негово име и да си плаќа кредит....невозможно е.
И јас не верував, ама од искуство на други.... Сега не знаат кој крај да го фатат. Трансакциски не бараат. На колега му побарале лична карта кога подигал кредит. Тоа е мафија. Немам доверба во овие кредити. Како така даваат кредит само со лична карта? А да не зборам колку се досадни. Ако еден ден задоцниш, одма ѕвонат. И така секој ден додека не платиш.
Не ме сфати. Колегава ја дал неговата лична карта. За него кога земал. После се јавиле на некој друг за податоци. Ако веќе бараат некој да биде на некој начин жирант, треба таа личност да ја викнат. Јас никогаш не би дала матичен број по телефон.
Кој знае што прават. Подобро во банка да земам кредит, отколку вака. Ама народот некогаш и нема друг избор. Некои се заглавени и со такви кредити и со кредити во банка. Даваат кредити а не знаат дали луѓево можат да ги исплаќаат. Некаде читав дека и невработени се задолжувале. А за каматите и да не збориме. Огин и пламен. Колегава уште исплаќа кредит.
Дечки, јас имам околу 2-3 брзи кредити и веќе сум во доцнење од мај месец ако не и порано, никој не ми дошол ниту дома ниту на работно место а и право да ви кажам не се замарам за тие работи, прашањето ми е дали со осигурување и сето тоа некоја банка и таа каде што земам плата би ми дадила рефинансирање? Кредитната историја ми е веќе лоша, пред тоа не сум зимал брзи али по некои си работи сум земал неколку брзи и сега веќе ми се не функционални тие само звонат да се најде средина ама му се јавувам и му кажувам дека немам и не ни ми се закануваат едноставно ме молат да дадам некоја уплата, е сега дали рефинансирање ке ми биде дадено од банка со оглед на тоа дека имам лоша кредитна историја? дали ке треба жирант и каков жирант ако веќе ми побараат?
Тешко дека некоја банка би ти одобрила кредит во ваква состојба. Инаку не мора тие да ти се закануваат и тепаат, сам треба да си ја чукниш главата што правиш, посекако овие ќе те опнат на извршител.
Океј е тоа дека сум направил грешка сам сум свесен и за извршител и за се, проблемот е што веќе сум се свестил покасно и сакам да се поправам, барам начин што мислам дека до банка ако имам добар жирант би се одобрило?
Дечки океј е , темата не е за убиство на човек, културно прашувам нормално никој надвор од фамилијата не би се нафанал да ти биде жирант тоа е така, мојата фамилија би се нафанала се доколку јас си го отплаќам мојот кредит за тоа и прашав дали со жирант би се одобрило рефинансирање?
Во банка ја гледаат цела кредитна историја, тешко дека ќе ти одобрат, ама прашај сепак. За кратко покани од извршители ќе добиеш тоа така нема да ти остане.