Нормално да, сето ми е јасно, извршител на оваа плата таа е ќе ти кине 10 години по 4000-5000 денари и така, работата е да не биде така него да се земе кредит со жирант за тоа чисто информативно прашувам веќе кога е направена грешка да се поправи бидејќи освен од дома да ти дадат кеш што кај мене не сакат другата опција е да се земе кредит или странство да се отиде, но повеќе пати пробувам документи да средам за странство не ми успева.
Со таква кредитна историја, нема шанси да земеш кредит во банка. Се проверуваат. Дури и во банка ако не плаќаш редовно може да не ти дадат кредит. И за брзи кредити проверуваат.
Чаре за кредит од банка немаш 99%, побарај од твоите блиски на заем, или оди раб и втора работа додека не излезеш од долгови.
Прашање е и тогаш дали ќе му дадат кредит. Банкиве гледаат дали редовно плаќаш рати. А ако дојде работата до извршител, нема никакви шанси за кредит. Многу заглавил дечкото.
А овие кај шо зел по сто пати не се лихвари? Не го учи вака, сериозно, ќе си фати работа па после тек тогаш има да наебе уште поише и онака заглавил јако. Убаво му рекоа погоре, нека зима заем ако е у можност од блиски, ако нема таков луксуз нека работи втора дополнителна работа, нема друга опција, нека се помачи. И више со кредити заебавање НЕ. Ваљда на потешкиот начин ќе си ја научи лекцијата.
Тешко дека во банка ќе ти дадат кредит. Ама пробај си ја среќата во оние помалите како ЦКБ, Силк, Стопанска банка Ад Битола , Шпаркасе. Знам случај во Шапраксе дека е одобрен кредит со брзи нефункционални. И тоа за да ти дадат ќе бараат сигурно да си вработен минимум 6 месеци а жирантот ќе треба да е на неопределено време и да има сигирно минимум 3,4 години стаж и да е државно или добра бонитетна приватна фирма ( како Алкалоид , Пивара итн).
Дечки, втора работа не испаѓа во сусрет бидејќи работам по американско време, што значи немам никаква фора за втора работа бидејќи никој не се нафаќа само една смена да им одам, за од дома моите не даваат а по лихвари такви никогаш не сум одел, едина опција ми е странство или некои помали банки да се нафанат бидејќи сумата не е 10 милиона него е мала сума
Во Цкб не оди. Нема шанси да ти дадат кредит. Многу се строги за тоа. Јас лани земав кредит преку нив и додека чекав да ме известат ми рекоа дека на тие што имаат брзи кредити не им одобруваат кредит.
А со некои банки како Капитал,Штедилница Можности, ФУЛМ? Има некој искуство со овие таканаречени банки-штедилници?
Не сум сигурна за тоа. Најдобро да се распрашаш. Ако и они проверуваат во кредитно биро, не знам колку би успеал.
Финансиска институција нема што не проверува кредитна историја во кредитно биро, тоа секако те проверуваат, поентата е веќе тука каков жирант имаш, јас знам дека едно дете исто овака заглави во Велес, и човек на негов татко со преку фирма му стави жирант, му дадоа кредит одма, што значи ако имаш јак жирант даваат секаков кредит, но кај мене не е таков случај. За тоа барам искуство дали некој земал кредит за рефинансирање.
Значи во овој случај треба да се помириш дека наредните 10 години ке бидам скратуван од извршител 1/3 од платата или едино ако не ми испадне нешто за во странство? И секогаш ќе бидам лимитиран со можности во оваа држава
Vo Uni banka davaat krediti so refinansiranje bez ziranti do 600,000 drugarka zema zatvori i kartici i brzi krediti i minusi vo iznos od 480.000 .Platata samo ja stavi kaj niv i zemaat sekoj mesec avtomacki od plata kako rata.
Пак ќе пишам.. Пробај.. Секоја банка има различна политика. Можеби ќе ти успее. Евентуално нешто плус да работиш. Ако можеш.
Да, и би работел плус тоа сето објаснав,али времето што го работам е лошо бидејќи сум по американско врзан сум од 2 до 10 што значи не им одговара на нашите работодавци да им идеш од 7-8 до 2 саат а тука пак плаќаат добра пара околу 40-50 илјади ама ѓабе е кога те каматараат им плаќаш една рата а на другиот кредит веќе ми бараат во кеш не сум можел на рати бидејќи ми го ставиле нефукнционален и сега е предаден ан теренска наплатна агенција (глупости).За банка секако има некоја што дава одшала кредити има секако некои дупки, само треба да се потрудам и да се надевам дека би одобриле, сепак секој заслужува 2-ра шанса нели? оваа се брзи кредити не се тешки кривични дела али како и да е.