Ќе те дадат на извршител. Ако извршителите не можат да наплатат (ако нема од каде), е тогаш си се зафркнал дебело.
Не. Сега со новите измени на ЗОО во рок од 10 години ако извршителот не наплати, извршувањето застарува, што не беше случај до пред тоа. Само има еден проблем извршителите не ги почитуваат овие измени, а големите доверители вршат влијание овие одредби да се укинат од Уставен суд, инаку во спротивно ако останат овие законски измени на ЗОО мнозинство од граѓаните ќе се ослободат од долговите, што реално е добро и поволно за граѓаните, али да видиме што како ќе биде после овој ,,правен вакум" што постои моментално, кој ќе успее или извршителите и големите доверители од една страна, или ние обичните граѓани од друга страна, али знам дека политичарите ги бираат граѓаните а не макумина извршители и неколку големи доверители (т.н. македонските олигарси).
https://telma.com.mk/2023/11/03/so-tugji-lichni-karti-i-lazhni-idenetite-do-vistinski-brzi-krediti/ Час поскоро да ги средат. И зошто да бидат амнестирани затоа што недолжни луѓе враќаат туѓи кредити? Треба јаки казни.
Тоа е она што упорно го пишував во темава. Тешко на тој што земал ваков кредит. Па и друг ќе настрада. А за каматите што да се каже. Полошо од банките.
Zdravo da ve prasam dali ste zapoznaeni so tigo brzi krediti dali ako se zemat za prv pat 60 000 samo dokolku se vratat za 30 dena nema kamata , dokolku ne se vrtatat za 30 dena kako ide so kamati dali imate iskustvo?
Доколку ти е прв пат да аплицираш кај нив тогаш го имаш правото на тоа првиот кредит да ти биде без камата, доколку земеш 60К и во рок од 30 дена го исплатиш назад повторно враќаш 60К, односно враќаш толку колку што си земал. За ако закасниш неколку дена од рокот најдобро е да си прашаш кај нив колку камата ќе ти се става на дневно ниво, ако за ден е пример 1000 денари а ти закасниш една недела од рокот кога треба да го вратиш ке треба назад да вратиш 67К, каматите се големите доколку не си го запазуваш рокот на враќање на парите. Но исто така имаш опција кај нив за продолжување на рокот, ако треба да ги вратиш парите на 5ти Декември а немаш средства баш тогаш, имаш опција да си платиш да ти го продолжат рокот на 7 дена, 14 дена или 30 дена, што во секој случај ти е подобра опција од колку да плаќаш камата. Но, доколку ја користиш оваа опција за без камата, односно колку ќе земеш толку да вратиш, тогаш мора да ти е ПРВА апликација кај нив, а штом ти е прва апликација кај нив тогаш мислам дека нема да можеш да земеш повеќе од 30.000-40.000 денари, тоа е мислам максимум што го одобруваат за прв пат, сепак прашај си кај нив
Здраво другарот има земено брз кредит,но тој е сега во странство,како второ лице за јавување по телефон сум јас…тој ми вика дека нема намера да си го плати брзиот кредит…пошо е во странство вика дека не му можат ништо ама ја се плашам да не бараат нешто од мене,Некој ако е запознаен со ваков случај да ми објасни блгд..
Не се грижете, од вас не може ништо да бараат вие сте само за контакт, не сте гарант на вашиот другар.
Искрено не знам, веројатно индиректно да прават притисок врз корисникот преку тоа кога ќе му досадуваат на второто лице за контакт.
Повеќе личности за да се звони од нивна страна и да се притиска да се отплати долгот. Инаку ако сте само лице за контакт тогаш СТЕ САМО ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ а не и жирант. Мислам дека и сите брзи кредити не смеат да бараат жирант, него сите тие лица се само лице за контакт доколку не можат да го добијат тој што фактички земал кредит