Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. DejN

    DejN Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2023
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Luge edno prasanje...ve molam koj znae da mi kaze.. deka im dolzam im dolzam svesen sum imam 29 godini so koe pravo im se javuvaat na ostanatite clenovi od familijata....dali nekoj imal isto ili slicno iskustvo i dali mozam dali smeam da se zalam nekade ili kako i sekoja rabota vo drzavava taka i ovaa...sekoj so saka moze da pravi (konkretno na tatko mi mu se javija a lice za kontakt mi e kolega od rabota)
     
  2. Ivon4eeeee

    Ivon4eeeee Нов член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво имам голем проблем должам на брзиве кредити огромни пари...може ли да ми дадете препорака за добар адвокат од Скопје кој би можел да ми помогне,да го ангажирам за да не ме стават на извршител?
    И секако ако имате искуство да ми пишете.Би ви била благодарна :)
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    Ќе си трпиш да се јавуваат. Ако не те добијат мора да се јават на лицето за контакт. Подобро да си го платиш долгот оти на глава ќе ти се качат. Огромни камати имаат за ненавремено плаќање. Не верувам дека со жалење ќе постигнеш нешто. Таква им е процедурата.
     
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Не можеш ништо, контакт чим си оставил тоа е.

    И адвокат не може да помогне ако ептен е касно дојдена работата. (Пробај да платиш неолку рати заедно) И повеќе кредит не!
     
    Последна измена од модератор: 13 ноември 2023
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Машки
    Не знам колку се тоа огромни пари , али добар адвокат е исто така големи пари .. па судски трошоци .. па вештаци ...

    Ти си зел , нивно е да наплатат , нема морал тука.

    Не ! Али ако пуштат налог можат да те фатат на влез :) па сеа види што ти одговара
     
    Последна измена од модератор: 13 ноември 2023
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Luckies S

    Luckies S Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Добро вечер..

    Денеска на блиска особа и стигна извршно решение од дотичната Соња Антовска за долг од Дајнерс вкупен со сите трошкови 216.000 ден. На налогот стои заплена на имот доколку во рок од 7 дена не се плати.. особата нема ама баш ништо на свое име никаков движен недвижен имот.. има ли некој искуство со вакво нешто да посочи што понатаму
     
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    8.581
    Пол:
    Женски
    Дајнерс не спаѓа во брзи кредити, и ако не плаќала личноста имаат право и на извршител да ве дадат, ако веќе ова не е сума од извршител, кога тогаш ако стигне било каков прилив на сметка, ќе бидат одземени пари, или ќе биде блокирана сметката додела не почне да врши уплати. Не разбирам како се случило ова и стигнала до овде особата? Нели знае дека месечно што потрошила треба да врати, или што е поентата?
     
    На violetblue и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.748
    Допаѓања:
    19.489
    Пол:
    Машки
    Како вака земате/појзамувате пари од брзи кредити и после не враќате? Што ве тера да земите туѓи пари, да задоволите некои моментално задоволства и после да изнаоѓаме начини како да заобиколиме обврска што сами сте си ја дале на себе?


    Не се правам нешто многу паметен, ама чисто ме интересира што менталитет е овој, се зема туѓи пари и после не се враќаат...
     
    На naturallmess, злоба, Miss666 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    Затоа што се начекува шанса. Ако земат кредит преку банка знаат дека ќе си го јадат. А вака е полесно.. Ќе земам пари и не се замарам за враќање. Имаат среќа што ратата не им се одбива од трансакциска сметка.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Luckies S

    Luckies S Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски

    Знаеме Дајнерс што е и каде спаѓа,
    Која е причината не би сакала да ви одговорам а и на крај прашањето беше дали имал некој искуство и сака да сподели а не рекла кажала.. ако нема никој немаше потреба да се надоврзуваат коментари

    Фала ви
    Убав ден
     
  11. Remicko

    Remicko Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Kakov nalog
     
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    13.209
    Пол:
    Женски
    Па не е полесно, напротив, заглавуваат до бескрај вака и иди искочи после да те видам и спаси се.
    Се лажат само ради тоа што условите за аплицирање се гола вода и на сите им одобруваат, а несвесни што може да ги снајде.

    И читам тука викаат не одговараат кривично ако не го вратат долгот спрема финансискиве друштва, озбилно?
    Не ќе да е така „лабаво“, да беше така немаше толку заебани да се овие кредити.

    Да земеш и да не се замараш, како спијат мирно ја не знам. Коа више си се нафатил, треба да си свесен у што се впушташ и да си ги исполнуваш на време обврските.
    Некои уште мислат дека детска играчка е ова па после коа ќе се освестат што ги снашло, кукаат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    И јас не верувам дека од фирмите за брзи кредити ќе остават должниците да поминат неказнето. На мене една особа ми рече дека сум будала што сум земала кредит преку банка. Е сега тој излезе дека е будала. Не исплаќа рати навреме. Му додаваат и камата. Нека земаат брзи кредити. Јас сигурно нема да им ги враќам. Ама нека не се чудат после што ќе биде ако не ги исплатат навреме.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Машки
    Не разбирам.
    Ако си даден на извршител , работата е завршена. Извршителот може да прави што сака.
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Имав случај со близок роднина, на муабет паднавме баш за ова, и кажа дека ѕвонеле на сите по дома. Не знам какво им е тоа неприкосновено право ама за истиов случај имам слушнато неодамна. Веројатно како од банките што стигаат опомени, овие имаат некој ваков чуден принцип.
     
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    8.581
    Пол:
    Женски
    Така како што овие што не плаќаат, така и другата страна има право да се јавува по членови од семејството. Јас не разбирам како луѓево земаат пари и после не ги враќаат, па што сакаат, да им ги простат?
     
    На christinnn, theowndemon, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Машки
    Nikoj nema pravo da zamara nekogo za drug sto dolzi toj sto zemal kredit si ostavil broj i lice za kontakt nema sto drugi da zamaraat
     
    На DejN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    А тие што земале кредит имаат право да не плаќаат? :?:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    8.581
    Пол:
    Женски
    Има право, ако не плаќаш 1 година има, оди не плати ви банка кредит 3 м и ќе видиш како на избршител ќе те дадат, и дупла сума ќе плаќаш после.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    Затоа не одат во банка. Затоа што таму ќе си го јадат.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.