Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.500
    Допаѓања:
    12.611
    Пол:
    Женски
    Џабе, имам пишувано и во темава, на мајка ми кога зема нов број од Телеком и вртеа постојано од Тиго, ти тетке не лажеш, син ти го криеш, џабе им се јавив и им објаснив, пак по старо после недела две, се разбравме со Телеком, ни го сменија бројот накрај..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Јас се пожалив во Дирекција за лични податоци, дека сите хотели задржуваат лични карти додека си гост, пишав мејл, се јавив, после некое време имаше соопштение дека ги контролирале хотелите и нашле неправилности. Сите што тука пишуваат да праќаа мејлови по медиуми и Министерство за финансии, досега лихварите ќе беа затворени.
     
    На SummerGirl, Forca и golemiotmalisan им се допаѓа ова.
  3. golemiotmalisan

    golemiotmalisan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2014
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    54
    Еве јас секако ке се обратам до адвокат во Понеделник, немам намера ни време да се замарам со нив.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    2.041
    Пол:
    Машки
    Ти одговорив во пп.

    Не смеат да се обраќаат затоа што така му го нарушуваат угледот на корисникот, работодавачот не е посредник помеѓу фд и корисникот.
     
    На golemiotmalisan, Vanilla15 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Секако. Не оставај на случајности, како што ти рече Форца, да не бидеш од нигде никаде должна да плаќаш туѓи кредити. Ништо не те чини да пратиш мејл до Дирекција за лични податоци, да се јавиш, да кажеш дека одбиваат да бришат телефон од база. Исто и кај Народен правобранител можеш да се пожалиш. Одиш, ќе ти дадат да пополниш што е проблемот. Ако сите реагирате, некој ефект ќе има. Луѓето што враќаат туѓи брзи кредити на овие бараби треба да им одат на протест пред канцеларии.
     
    Последна измена: 15 март 2024
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.326
    Пол:
    Женски
    Многу им е гајле на нив. Бивши колега има земено брз кредит. Еднаш му се јавиле на газдата. Не се нормални. Па и од банкиве исто прават. (facepalm)

    Не прифаќајте да бидете лице за контакт. И не потпишувајте ако ви се нуди нешто.
     
    На Anyshka, Forca и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Кај нас се јавуваат искрено и писма праќаат, лично до нас до фирма, што страшно ме нервира...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maci1012

    Maci1012 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Од кој ФД праќаат писма кај вас во форма ако не е тајна.Претпоставувам за ваши вработени што должат и не плаќаат.
     
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Колку време треба да си во работен однос за да земиш брз кредит?
     
  10. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Машки
    Zavisi kade no u povekjeto ne ni treba da si vraboten
     
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    8.405
    Пол:
    Женски
    Iute не даваат без да си вработен, за другите не знам, имам другар што работеше таму, и вика дека луѓе земаат брзи кредити, и очекуваат да им ги враќа господ, една рата ако закасниш имаш камата, и тоа е што е, во самите договори пишува, никој со сила не ве тера да земате брзи кредити.

    Во однос на заштита за лични податоци, оддамна имав земено кредитна картичка и им ја дадов на моите да си ја користат, не ми требаше мене, си плаќаа секако, на мое име, кажале во банка на мајка ми информации без да ги побара пример, што не смеат да кажат ништо!

    А овие за брзи кредити немаат ни право тоа да го прават, и во фирма да се јавуваат, тоа е искористување на лични податоци!

    И да знаете дека на извршител ако ве дадат, автоматски поканата со цел износ стига на работа, и сите ве дознаваат секако, кај нас во фирма стигаат писма од извршители. :x
     
    На Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Машки
    Za iute da no tigo ne baraat da si vraboten isto i e kaj povekjeto drugi
     
  13. Audiofreak

    Audiofreak Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Begaj ko od chuma

    Ima i za nevraboteni, nekoi c'è te nateraat da platish 600 den za mesecn o osiguruvanje

    Vnimavaj baraat da imash osiguruvanje(mcash, flex, zemi pari)

     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Бараат лице за контакт пошо на лепе очи им даваат пари. Кој стигне иде зима од ФД пари, и најчесто се за пороци, коцка, дрога, да вратат шо должат. Пошо овие само матичен бараат. Иди у НЛБ, или Стопанска земи така кредит па да ти ѕвонат ко клошари. Ќе те дае на извршител, ќе ти земе сѐ господски. А овие се лихвари само демек институција, а исто срање се. И пошто ништо не бараат, бараат лице за контакт. У банка жирант, лихвар бара залог. Како ја да даам 20,000 на лепе очи на Феминка од Скопје? Ја еве не работам, ствармо неам од кај да им најдам пари. Затоа и не зиам
     
    На SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Audiofreak

    Audiofreak Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Zemi pari se najekonomichni, ali baraat kontakt telefon od drugo lice i da si vraboten-a
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Сакаш да кажеш од банка кажале лични податоци кои не смеат да ги споделат? Абе хотел промаја е ова, не е држава. Кога одам во банка, се разочарувам колку се непрофесионални во една од најголемите банки. Значи се дерат на постари луѓе, дрски, невоспитани, пред компјутер им стои сокче, кафе, лесно можат да истурат на тастатура, лом да направат. Праќајте мејлови во Дирекција за заштита на лични податоци, реагирајте кога нешто не се почитува.
     
    На Audiofreak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.314
    Пол:
    Женски
    Кога се работи за брзи кредити, мора прво многу информирање пред да се подигнат. Ама и измамите што се случуваат не се малку:
    Со туѓи лични карти и лажни идентитети до брзи кредити - граѓаните очајни за пари сè повеќе прават кривични дела - telma.com.mk

    ЗЕМАЊЕТО БРЗИ КРЕДИТИ СО УКРАДЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Е ПРОБЛЕМ НА ПОЛИЦИЈАТА, А НЕ НАШ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ КОЕ ГИ КОНТРОЛИРА ФИРМИТЕ ЗА БРЗИ ПАРИ - Сакам Да Кажам (sdk.mk)

    Внимавајте кому и каде ја давате вашата лична карта: може да го злоупотребат вашиот идентитет, па дури и да земат кредит на ваше име | Meta.mk

    Имаше уште едно истражување од ИРЛ ама никаде го нема. Го тргнале

    Како што може да се забележи, си ја префрлаат вината еден на друг, а во случајов оштетени се луѓето. Ни криви ни должни, кредити треба да враќаат...
     
    Последна измена: 2 април 2024
    На SummerGirl и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Кој се најефтининод брзиве кредити?
    Моја другарка имала земено 150000од Тиго и за нив требала да врати 350000 ден на 12 месеци даљ е могуче ?
     
  19. Audiofreak

    Audiofreak Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Dosta e mesec ali vo M Cash c'è ti dat i bez... Samo c'è mora dda platish polisa 600deb i orash da dajsh tel. Od drugo lice da go maltretiret ako ne placcash ratj
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Треба како во Франција, излези, протестирај, направи лом, па ќе видиме дали не биле надлежни. Да се затвориме дома, да не одиме никаде, да преминеме на пештерски живот за да се заштитиме од бараби и лихвари. Абе не отишол никој да им искрши се, да ги истепа, ќе видиш после како ќе ги стегнат, и никој нема да смее да се нафати да работи во тие дувла. Да се случат два - три инциденти ќе видиш дали така ќе тераат. И треба лица кои работеле во такви дувла да не ги примаат на друго место на работа. Видам ли во ЦВ си работел во брзи кредити, марш преку врата, нема работа.
     
    На Mumoftwo30 и Anyshka им се допаѓа ова.