Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.314
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm не може да се направи многу кога самата држава е вклучена во тоа и ги одобрува таквите работи.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Да речеме дека злоупотребуваат податоци на некој сиромав што нема леб да јаде, и сфаќа дека на негови податоци одобриле кредити, тој нема што да изгуби, му пука филм, оди таму, тепа вработени, демолира дуќан, веста ја објавуваат по цел Балкан. Мислиш исто ќе е? Да излезат сега стотици измамени пред Влада на протест, да кажат дека сите тие нема да гласаат сосе нивните фамилии, мислиш исто ќе е? Народот треба да реагира. Ѕвонеле на некој да им изигрува курир, направи скриншот, објави на Фб дека замараат непознати луѓе, означи Дирекција за заштита на лични податоци, означи го министерот за внатрешни, за финансии, да видиш дали ќе е исто. Крајно бидејќи немаме институции, можеме и по амбасади да реагираме. Еве јас лично кога глупаците од ПИОМ не сакаа да му најдат стаж од три години на татко ми, нема каде не се јавив, мислев и во трите најмоќни амбасади да реагирам крајно, но среќа налетав на добра административка што си ја заврши работата најпрофесионално. Еве ако некој те задолжи со 3.000 евра со злоупотреба на лични податоци, сосе камати ќе излезе многу, спремна си на улица да останеш и да не реагираш? Што ќе правиш? Јас би направила се. И луѓето што работат по такви дувла никогаш не би примила на работа.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    8.405
    Пол:
    Женски
    Да итоа една од подоброте банки, се пожалив одма, од тогаш не даваат никакви информации, ниту со матичен број. Не смеат веќе.
    Допис пишав директно до главната дирекција, стварно сосема некоректно беше, каде е таа заштита на лични податоци?
     
    На IamSexyAndIKnowIt и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Паметно што си реагирала. Така треба. Е вака се постапува. Ама тоа требало да го знаат, банка е, не е пазар.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Audiofreak

    Audiofreak Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Da, mozno e. Zemi pari. Mk ti se poekonomicni
     
  6. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.314
    Пол:
    Женски
    Да, исто ќе биде. Секое чудо за 3 дена.

    Институциите се нефункционални затоа што на протести излегуваат многу малку луѓе, а другите ги хејтаат што ја блокирале улицата.

    Така треба да биде како што напиша, ама за жал не е.

    Амбасадите немаат врска со тоа што го имаш пишано, освен ако не се наоѓаш во странство. Повеќето од нив се толку нефункционални што одвај стигнуваат и колку што можат забошотуваат работа, а не пак за некој што веќе е во државата да се замараат.
     
    На Anyshka, Tanjamm и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Неслога. Стотици измамени досега. Требаше сега да скапуваат во затвор овие од брзите кредити, а не на М кеш на врата пишале „Донеси пријател - добиваш 1.000 денари“. Секако дека амбасадите не се должни да се расправаат со нашите глуперди, ама ништо не губиш ако кренеш еден телефон, едноставно државата ќе губи углед, како нефункционална ќе губи на долг рок и тоа е тоа. Утре на оваа држава истите странци нема да и дадат кредитче од ММФ за пензии, ќе настане бунт, сите ќе дојдат пред влада, ќе се случи државен удар или некоја сериозна криза, па или нека ја биде или нека не ја бидува.
     
    На NoirSerpentine и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    8.405
    Пол:
    Женски
    Primer vo banka e postrogo da zemes sega kredit, i Narodna banka epten gi pritiska da pocituvaat pravila, ne smeat sekomu da odobruvaat. A za brzive krediti i ukradeni licni podatoci nikoj ne se zamara, plus kamata 100% od iznos imaat nekoi.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Во МВР да видиш како им стојат документи, отворени кутии, се гледаат чии се документите. Па и таму податоците треба да бидат заштитени. Инаку, знам луѓе што сакаа да нарачаат претепување на дечко кој направил грешка со пари во менувачница. Со брзи кредити измамуваат пензионери, а што мислиш некој што е спремен да нарача претерување за некоја сума помала од минимална плата, ќе им прости на овие од брзи кредити ако на негови податоци дале кредит? Зборувам за Македонци, овие беа Македонци, спремни беа за ненамерна грешка со пари да нарачаат тепање. Не налетале на некој незгоден, да отиде да ги нападне, да искрши дуќан, па ќе се чудат што ги нашло.
     
    Последна измена: 3 април 2024
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    https://www.faktor.mk/mf-sistemska-...nata-sposobnost-i-identifikacija-na-klientot-

    Еве, преземаат мерки. Ама не е доволно, треба да се наложи обештетување на сите оштетени, на детето инвалид, на бранителот од 2001 година, на сите до еден, со чии податоци дегени земаа брзи кредити. Жената во ПИОМ Виница што зема брзи кредити со податоци на клиент, исто, да добие отказ. За такви место не треба да има во приватен сектор, ни во државен, никаде. Мотика само за таквите.

    Туку, во кампања сме, партиите да се заложат за обештетување на овие луѓе, итно.
     
    На Anyshka, MeowMeow и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.500
    Допаѓања:
    12.611
    Пол:
    Женски
  12. stromzy

    stromzy Нов член

    Се зачлени на:
    13 април 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Zdravo, imam edno prasanje. Mi treba da zemam okolu 15iljadi denari kredit, ke bidam vo moznost da gi vratam za nekoi 15tina dena. Kako sto vidov za prvite 30 dena nema kamata. Voopsto ne mi e do zemanje brz kredit ama vo momentov mi e neophodno. Prasanjeto mi e dali ke imam nekoj problem otkako ke gi vratam parite, nekoi dopolnitelni kamati ili slicno ili ova do 30 dena im e nekoja laga?
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    На Mumoftwo30 и нина122 им се допаѓа ова.
  14. stromzy

    stromzy Нов член

    Се зачлени на:
    13 април 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Nekoj so iskustvo, itno mi e ve molam? Se raboti za zdravstvena rabota za koja sto ne sum vo moznost da ja pokrijam momentalno?
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Да си земеш заем од роднина? Имаше тука искуства претходно дека тие што враќале пари предвреме, тоест во рок имале непријатни ситуации. Не си фаќај работа со лихвари. Замоли роднина, земи 15.000, ќе вратиш 15.000, нема камата на камата да ти пресмета роднина или пријател.
     
  16. stromzy

    stromzy Нов член

    Се зачлени на:
    13 април 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Toa e problemot, se vide pomosta od rodninite... veruvaj najmalce sto sakam e da zemam vakov kredit, ama racete mi se vrzani...
     
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    8.405
    Пол:
    Женски
    Iskreno ne znam dali e bez kamata, mislam deka nesto lazat deka e bez kamata, ama rasprasaj se.
    Zosto ne probas od banka da ti odobrar minus plata?
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Барај си минус од банка, таму барем се знаат условите.
     
    На Vasko1112111 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vasko1112111

    Vasko1112111 Нов член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Пред неколку години колега ме молеше лице за контакт да сум му бил као му требало итно пари немало кој друг да даде дека сите негови другари имале земено брз кредит и ајде викам што да ти правам, е сега од тогаш до сега има поминато 2.5-3 години и после толку време мене за прв пат ми звонат пред 1 месец дека лицето неможеле да го добијат и каснел со рата, и сега секоја недела ми звонат по 2-3 пати иако реков дека не е на телефон тоа што го барат и бројот е земен од друг тие упорно пак од други бројови ме барат.
    Значи јас немам дадено никакви мои податоци само ми се јавиа, Здраво Васко го знаете тој и тој го остави бројот за контакт од вас, јас им викам да го знам и тоа беше цел разговор.
    Сега прашање ми освен шо ми звонат ме замараат друго неможе ништо да ми направат така ?
    и дали има некое решение да ги манам ?
     
  20. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Машки
    Blokiraj im gi broevite drugo resenie tesko a za nesto drugo nemozat da ti napravat samo moze da te zamaraat oni cim ednas dobijat broj nekako tolku e
     
    На Vasko1112111, SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.