Слободно излегувај и влегувај во Мк, ништо не ти можат. И јас иам кредити, извршители, цела сум блокирана, па ништо. Неможат да ти забранат да излезеш од земјата.
Се прават, ако си со план да земиш и да не враќаш со правење филмови дека ништо не ти можат си се заеб*ла.
Ако човек нема излез,му требаат итно тие пари нема простор да се мисли дали е исплатливо или неисплатливо,ќе земе што ќе прави.Каматите се в таван,овие се некој вид на легализирани лихвари.Лично сум против постоење на вакви фирми,не сум имала искуство фала му на Бога и не би сакала ни да имам.
се дешава да не можиш да платиш еден месец .. немаат право така да се закануваат и слично .. сигурно никој не земал кредит и да помисли да не врати .. моментално и јас сум во доцнење на земи пари пола месец ми искрцна и не можев да платам ..не можат да се закануваат со доаѓање дома или на раб од 20 дена каснење а притоа тоа и го прават ... секојдневно вртат и се закануваат божем ние не знаеме ...
И кај мене се исти земи пари...мислам дека се ФД со најмалку разбирање ,им објаснив дека до 2те рати сум во доцнење заради финансиски проблеми продолжуваат со закани секојдневно и плус почнале да ѕвонат кај лица што јас воошто ги немам ставено како лица за контакт( се вадат со тоа дека во договорот стоело дека можеле било кој да бараат).
Ако така пишува во договорот, а ти си потпишала, имаат право да ѕвонат. И гледај што побрзо реши ги ратите, зошто секој ден имаш огромни камати, се повеќе и повеќе.
И јас заглавив имав некои трошоци за малата и доцнам 2месеца струја не сум платија околу 3000 ден и 2месеца 300 евра за кирија , вкупно 21 000 ден , а земам минимална плата, , сега сум 2недели на одмор кај моите демек нешто да ми помогнат но не можат со една пензија се и озбилно размислувам т.е немам избор освен да земам брз кредит а јасно ми е дека ке заглавам и не знам што да правам Многу ми е страв читајќи искуства од другите со брзите кредити
Да точно е може да се случи да не можеш да вратиш одреден месец поради икс причини, но ги имаш и такви кои земаат со цел да не вратат воопшто и уште горделиви се со тоа, демек ги зафркнале овие со брзиот кеш а не се свесни дека освен самите себеси шо се напикале во дупка друг никој не зафркнале, ама толку им тежи во тоа главите.
го читам договорот нема такво нешто да ѕвонат по други лица.. еве сега се јави и ми вели ако не платиш до утре ќе те бараме на работа.. без врска и божем нешто ќе добијат ...
Знам дека овде звучиме сурово, ама никој друг не ви е крив што сте зеле. Другите не се должни да трпат стрес со повици ради вас. Што земате кога не сте во можност да плаќате на време? Сами си правите белја.
Vidi do nekade go podrzuvam ova ama i jas bev eden od tie sto bese zaglaven so po 10 krediti i ednostavno ne znaes sto ke te naceka zivotot ne mislis i samo se glavis
Ама, треба да мислиш. Ќе скратиш од нешто за да ти останат пари за друго. Ако заштедиш, нема да заглавиш.
Што правите? Ако ви требаат пари, зошто не земете минус од банка? Друго, разумен родител би требало децата разумно да ги воспита и да има некоја паричка настрана за црни денови, па ќе даде на детето ако е во зор и обратно, детето да има некоја пара плус за непредвидени ситуации. Цели фамилии ќе се вовлечат во проблеми со ова. Пак деновиве ѕвонеле дома, не наоѓаат во именик, да пренесеме на комшијата дека должи. Го немам видено којзнае од кога, број негов не ни имам, ни тој наш, а сега го барале од друго фд. Ништо чудно да земал нови брзи кредити од друго фд да ги поклопи старите. Земи од едни, врати на други или ако ако должи на две места, бетер. Ги жалам родителите, едно дете е и дали знаат што прави. Дури и да се работи за болест не дај боже, продади кола, нива, викендица, златен накит, што и да имаш, ама не брзи кредити. Со ова што ве читам, абе деца да имаш да ти е страв што матат, ќе те направат бездомник.
Јас прашав една личност Зошто не земеш кредит од банка? Знаеш што ми одговори Ќе треба да го враќам кредитот. @Bratot еден ден ќе дојдат на ред и извршителите. Е после нема да знае народов за што побрзо да се фати.