Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Добро луѓе, абе имате ли памет вие? Скоро имаше човек на стари години исфрлен од станот, го земале извршители. Како мислите да терате, да земате кредити, па тоа да течат камати и после некоја година да спиете на клупа во парк? Не ви е срам млади, здрави, прави да земате брзи кредити? Најдете втора работа, откажете се од цигари ако пушите, стиснете се малку и се ќе биде ок.
     
    На злоба, azelea, EvAngelos и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    15.664
    Пол:
    Машки
    Јас познавам еден кој имал земено брз кредит и неплаќал неколку месеци пак сега му стигнало известување од извршител дека ќе му задржуваат на плата, така да секој кој земал треба и да врати ако сака да му е мирна главата.
     
    На Milobebence, Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. Maci1012

    Maci1012 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Епа изгледа те излажале, тие од мкеш не даваат на извршител, ако гледаат дека касниш прават притисок доаѓаат дома и замараат после одреден период кредитот кој не го плаќаш го продаваат на агенција која откупува долгови такви има неколку кај нас,па со агенција ново наново се догпвараш за плаќање.
    Од брзите кредити само Мони Макс ,Иуте,БС,Цемак даваат на извршител сите други да не ги набројувам долговите ги продаваат на агенции.
     
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    15.664
    Пол:
    Машки
    Точно, подобро одреден период нека се стегнат и да вратат него ли цел живот со дебели долгови.
    Ајде ако е од цигари можат и да се откажат или да си бараат поевтини варијанти да поминат, но најзаебани се оние што земаат брзи кредити за на коцка е тие е тешко нив а и на фамилијата со нив.

    Добро и ако не го вратиш кај агенциите како ти го наплаќаат долгот?
     
    На Milobebence, eliesaab, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.325
    Пол:
    Женски
    Другарка имаше долг кон ВИП. Односно, сегашен А1. После 3 години и стигна решение од извршител. За долг од 6000 денари она плати 18000. Се чудеше зошто извршители. Мислеше дека ќе се извлече. Два месеца платата и одеше за долгот.
     
    На Antebellum, eliesaab, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MladiotPropast

    MladiotPropast Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Машки
    koga zimavte ubavo vi beshe
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    15.664
    Пол:
    Машки
    Кога се работи за долг нема заебанција, мора сериозно да се сфати ситуацијата и да се подмири, се друго е само евтини приказни да не речам клошарски муабети.
     
    На Milobebence, eliesaab, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Реално, луѓе плаќаат долгови за некоја си неплатена сметка од памтивек, што е тешко да докажеш, а како мислите дека вие со брзите кредити ќе се спасите? Ставете прст на чело малце, имате ли родители? Сакате ли по старост да ги направите уличари? Страв да те фати какви деца има, дури поарно да ги немаш, еве знам мајка на психијатар оди и пие лекови од грижи од синот. Баталете брзи кредити, гледајте нешто и за викенд да работите, да земете некој денар плус, инаку ќе се свестите, ама касно ќе е, оти кога ќе должиш куп пари, колку сакаш работи, џабе е, нема за миг да се претвориш во Илон Маск и да подмириш долгови.
     
    На Mic18, bookslover, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Eli bebedz

    Eli bebedz Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    nikoj ne rekol deka nema da plate.m covek si i se desava da kasnis realno ..
     
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Мислам дека највеќе земаат за намирници (платата не стига), а другото се све за коцкање и дрога
    Ама донесоа закон според месечните примања да даваат брзи кредити
    На пример ако има кредот во банка , брз кредит може само 1 и тоа до 10000ден што повеќе не може да се презадолжуваат
    Ќе си ги пуштите нозете до кај што ви е чергата и тоа

    1000 ден е камата замисли каснење 3 месеци тоа се 90000ден плус на извршител , дури е жив ќе плаќа , не верувам дека некој би опростил долг
     
    На Milobebence, Tanjamm, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Силна држава сме ние.Ништо страшно.у која вукојебина живееме значи...;(
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Машки
    Затоа што си предадена на наплатен центар. Инаку парите секако ќе ги дадеш .. на овој или на оној начин.
     
    На Justicija и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Ќе читаме за некоја година пораснал бројот на бездомници или родители ќе се откажуваат од деца, затоа што ако имаш две деца, едното е задолжено, другото не може да страда поради тој што се коцкал, па да остане на улица. Ќе ја има Македонија по регионални медиуми, ама по лошо, не по добро.

    Многу пропалици има штом на секое ќоше никнуваат брзи кредити, некој зема пари од нив. Минатиот пат поминувам кај продавница за пари, внатре гледам една тетка како мајка ми. И се Македонци таму се врткаат, јас немам видено малцинствата да влегуваат. Божем напредни се прават, паметни, ваму долгови до гуша, и што дека се сликаат на море, кога на кредит отишле таму? Па еден Ром што чисти чевли и што нема долгови, е подомаќин од некој расипник што ги лаже домашните и се задолжил со брзи кредити.

    П.С. Мајка ми лани продаваше на тезга, дошла жена со мантил, забулена, и вели за цена не прашува, само кажува што и колку да се измери, и да плати, од еден џеб вади купче долари, ги враќа назад, од другиот купче евра, од третиот на крај труп денари. Нашиве па со празни џебови, со празен фрижидер дома, ги читам тука по форумот се фалат, празни муабети.
     
    Последна измена: 4 септември 2024
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Black widow 1366

    Black widow 1366 Нов член

    Се зачлени на:
    11 август 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj znae koja banka prifaka klient so izvrshitel ili ne funkcionalen krediti od brzive razbrav neshto za Halk banka ama nezz kolku e tocno
     
  15. Maci1012

    Maci1012 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Никоја
     
  16. Martina991

    Martina991 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Не земајте, и решен проблем.
     
    На злоба, Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Сега на Канал 5 имаше човек од 62 години, се развел, си заминал од дома, а жената и децата останале во неговата куќа, а него го одјавиле од таа адреса оти имал кредити, поради страв од извршители. Сега човекот не можел да извади лична карта, нема адреса на живеење. И бидејќи нема лична карта, се плаши ќе остане без работа. Па ете ти дека поради кредити и долгови ќе почнат да се откажуваат татко од син, син од татко итн. Инаку, не беше кажано за какви кредити се работи, ама сигурно е сериозно штом го одјавиле од домашна адреса. Кажа дека со блиските не може да се договори, не сакаат да му помогнат. Ова може да ви се случи на сите кои се надевате дека ќе земате кредити, а нема да враќате и ќе ви е супер. Нема да е супер.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    3.604
    Пол:
    Женски
    Како да не земат? Реклами имаат на секој ќош, нормално дека ги лажат луѓево. Веќе по редослед ги имаш де коцкарници, де брзи кредити на неколку метри.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Martina991

    Martina991 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Подобро да се позајми од повеќе луѓе (пријатели,роднини) помала сума на пари.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wojak

    Wojak Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Машки
    Не можам да ги разберам тие што зимаат брзи кредити да се коцкаат, со кој памет потпишуваш кредит со такви камати за да се коцкаат на апарати кои никој не ги контролира, коцкарницата може компјутерски како сака да си ги сетира за секогаш да се во ќар. За жал изгледа вистинита е студијата дека со имиграцијата просечното IQ се намалило на 81 во Македонија. Со Албанија борба за дното во Европа.
     
    На Anyshka, Selena01 и SummerGirl им се допаѓа ова.