1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Машки
    Шо дрога ви даваат таму во тоа финансиските друштва?
    Незнам во кое друштво работиш, но сигурен сум дека работиш во друштво со ,,странски веројатно Бугарски капитал" со 0 вработени и еден куп примања..а регистрирани сте на други фирми. Што значи од тој поглед незаконски работите.
    Друго, не значи дека дозволата дадена од ,, министерството" ви ги дава можност да си измислувате Права и закони.
    Трето, скоро и да не можете баш да наплатите ,,ПРИСИЛНО" преку реални процедури. Па измислен е ТЕРМИН за компанија која одкупува демек долгови, па потоа по телефони ги гњави луѓето, а во суштина и тоа е кривично дело, за давање на лични податоци на трети лица!
    И што уште не :)
     
    На Justicija, Azeret, Dust и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ако си сигурен пробај играј на таа карта.
     
  3. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Машки
    Многу сум сигурен
    Не сум имал потреба од вакви финансии.. ама сум имал случаеви каде што некој други имале потреба да земат, па потоа пробале да им пристапат на таков начин како што ве учеле веројатно :)
    И верувајте ми дека многу лошо поминале :)
    Затоа би ти препорачал да си бараш со време друга работа.
     
    На cresa-jagoda, Just.do.it, Nikolina35 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ти така велиш.
     
  5. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Машки
    Не велам туку така е.
    Ај прво да те прашам, зошто им барате на луѓето да изјават ,,демек" дека не се ВРШИТЕЛИ НА ЈАВНИ ФУНКЦИИ?
    Тоа само одговори СО ВИСТИНСКИ ОДГОВОР (и ништо повеќе не коментирам)
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Тоа го бараат и банките при отворање на најобична сметка.
     
  7. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Со оглед дека погоре се изнесоа правно неточни информации како правник не можам да не реплицирам, значи:

    1. Извршителот определува кое извршно средство ќе го употреби заради присилно извршување врз должникот, во конкретниот случај накратко недвижен имот (стан, куќа, викендичка, дуќан, друг деловен објект, магацин, нива итн.) за 800 евра долг -побарување НЕ СЕ ПРОДАВА, единствено должникот ќе биде со блокирана трансакциска сметка кај сите носители на платен промет.
    Може да се продаде единствено подвижен предмет и тоа да е најмногу во однос 1:3 т.е. за 800 евра долг да се продаде автомобил кој би чинел 2400 евра па по надмирување на побарувањето остатокот 1600 евра се враќаат на должникот, инаку ако автомобилот чини 8000 евра ниту еден извршител нема да го продава заради 800 евра долг, затоа што тоа веќе спаѓа во злоупотреба на должност, а имено што продажба на скап подвижен или недвижен предмет заради подмирување на побарување со мала вредност му се прави штета на должникот што впрочем е законски забрането, да точно е доверителот има привилегии во извршната постапка но и должникот има права во истата.

    2. Родител може да одговара за свое дете доколку е истото малолетно или по полнолетство му е одземена или ограничена деловната способност па родителот е назначен за негов старател, инаку ниту родителите ниту децата не можат меѓусебно да се откажат, единствено може да се оспорува татковство односно мајчинство но тоа не е тема на дискусија во случајов.

    3. Должникот не е должен да го плати долгот, тоа е негово право, ако сака ќе плати ако не сака нема да плати, затоа постои законска постапка за наплата на побарувања, можеби должникот сака да биде тужен можеби сака да приговара од материјален аспект за споредните побарувања кои ги има доверителот како незаконито пресметување на камата, за застареност (материјално правен приговор), или да изнесе некои процесни приговори.
    Можеби должникот ќе успее да го сруши договорот па ќе излезе сосема трета правна ситуација што е поволна за должникот :)
    Нејсе, никој ама баш никој не смее да вознемирува некој на било кој начин и по било кој основ, а некој некому да вели ќе му дошол дома на кафе, или на работа да раскажува по колеги или на работодавец е буквално психичко вознемирување, нарушување на углед и интегритет, и повреда на достоинство од страна на вработен кај доверителот врз должникот кој е оштетен во овој случај и може да бара нематеријална штета (или ако заради тоа го избркаат од работа) и материјална штета по законските правила за надомест на штета.

    :)
     
    Последна измена: 25 ноември 2021
    На CareTee, IRBBB, Dust и 9 други им се допаѓа ова.
  8. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Машки
    Точно!
    Но банките бараат да потпишиш АКО СИ- потпишуваш изјава, и ако не си ПАК ПОТПИШУВАШ дека не си носител на јавна функција.
    А вие барате да,, ПОТВРДИШ ДЕКА НЕ СИ НОСИТЕЛ" на јавна функција :) како критериум де :)
     
    На ALISA0000, cresa-jagoda, Gulliver и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Gulliver

    Gulliver Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    43
    Еве ги како се понашаат на платена рата.
     

    Прикачени фајлови:

  10. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Исто и јас би ви укажала пред да преземате мерки пред надлежни органи ( иако не сте оштетени по ниту еден основ и ниту едно ваше право не е повредено ) да се консултирате со вашиот адвокат за трошоците и судските такси на кои ќе бидете изложени во судска постапка, како и да земете во предвид наместо да се изложувате на дополнителни трошоци кои во текот и на крајот на постапката ќе паднат на терет вашите расположливи парични средства можете да ги искористите за намирување на вашите долгови кон финансикото друштво.
     
  11. Gulliver

    Gulliver Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    43
    .
    Taman e
     
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.628
    Пол:
    Женски
    Убаво ти кажале членките погоре, исплати си го кредитот со парите што планираш да тужиш и друг пат не земај брзи кредити, а овој пат само плати и мудро молчи си.
     
    На tina2018 и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    @Forca, мене 100 пати ми се јавија од Melon Solution да ме опоменат дека на картицата од СБ должам 35 денари :D Тоа што е, ако нѐ е вознемирување ?
    И тоа женските што ми се јавија, дури со заканувачки тон :rofl: како да станува збор за 35.000 ден.
     
    На Terramr, Just.do.it и asdas им се допаѓа ова.
  14. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Што да кажам секој втор што по објективни причини заборавил или ете не успеал на денот на доспевање да плати/доплати се соочува со исто.
    Не знам кој ги учи тие вработени на ваков пристап со клиенти, али не им е ок пристапот кој го имаат, али тие секогаш се вадат на тоа дека укажуваат демек клиентите нивни кои паднале во задоцнување по икс причини ,,малоумни" се да не можат да проценат дека преку извршител ќе вратат многу повеќе т.е. нема потреба да ги потсетуваат секојдневно токму тоа т.н. потсетување е всушност само по себе вознемирување, навистина е непријатно секој втор ден од таму да му се јавуваат некому и да му ,,солат" памет доколку не плати... :|
     
    На g8lQQk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Ама господине кажете ми кое пусто вознемирување , кои пусти бакрачи , секој еден што стигнал до таму да биде наплаќан или контактиран од Мелон или Еос матрикс или Колекта е лице кое доцни над 90 дена ( без уплата ниту еден денар- некаде на друго место не од конкретниве институции ) значи има нефункционален кредит,картица или ТС и веќе се спушта под Б категорија во МКБ .... тоа лице или е недостапно за комуникација ( се крие, не било стапено во контакт со него ) или без приходи или има приходи ама одлучило да НЕ ПЛАЌА, еве стручно ВИЕ кажете ми што сметате дека треба да превземаат фирмите за да си ги добијат сретствата кои им ги должат ?

    Како тргнавте со муабетиве ни повик да не се направи , ни муабет ,ниту опомена на крај после година дена доцнење по една благодарница да Ви испратат ако не фирмиве и да Ви го опростат кредитот...
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Секој што должи знае дека ако не плати дека има веројатност да му биде наплатено преку извршител, ,,никој не е од вчера", доверителите е во ред да опоменат па макар и телефонски да ,,потсетат" на должникот дека должи, но не е во ред тоа да го прават често (некои и на секои 2-3 дена) зошто?
    Затоа што постои законска постапка за наплата и доверителот не е должен по закон да го моли должникот за свои пари едноставно ќе си поведе постапка и ќе си прави како што е редот, можеби должникот и не сака да плати доброволно има ситуации каде што на должникот му одговара да го тужат за да истакнува приговори и може да успее да го намали побарувањето на доверителот.
    Во правото за ништо никогаш не си сигурен, доволно е некој должник да воочил дека е застарено побарувањето на доверителот, за да приговара, но тоа да го стори потребно е да биде тужен должникот (ова како наједноставен пример) има мал милион вакви ситуации, нејсе, а тоа што финансиските друштва т.е. некои вработени од истите се јавуваат освен кај должникот и кај луѓе кои поима немаат дека нивниот контакт должи некому, зошто го прават тоа, имено еве мене ми се јавија од такво финансиско друштво доцна навечер дека комшијата спроти мене должи не платил рата, овој го оставил мојот контакт тел., што мене ме интересира што и каде должи комшијата, зошто мене ме бараат да пренесам информација да сум му кажел да плати??? Ја не сум му личен портпарол на комшијата. Мислам банално е да објаснувам нешто што секој разумен човек го знае. :)
     
    На cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  17. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Добро значи што воочуваме тука , никој од тие нема намера да плати , нема намера да подмири а сака да користи услуга , секој од тие сака да манипулира со ситемот ...... Манипулатори се жалат дека се манипулирани , вознемирени :rofl::rofl:

    Стварно никаква поента не гледам во правниве излагања овде , реалноста е таква каква што е и секој што се жали тука ништо не постига , факт е дека парите нема на сила да им ги земат и дека плаќаат затезни камата за тоа и дека кога 10 кратно ќе им се зголеми долгот и ќе ги блокира извршител истите тие плачат во темата за извршители ... Епилог на муабетот е дека јас овде не прочитав ниедно мислење од/за редовен , навремен плаќач кој бил баран и "вознемируван" ( како што викате Вие) или дека незнам какви казни му ставиле или му ги побарале комшиите , мајката или таткото, што пак ќе се вратам на претходните мислења ПЛАЌАЈТЕ СИ РЕДОВНО , ако сте финансиски неписмени тогаш не се задолжувајте воопшто и НИКАДЕ ....
     
    На Bezimenka90 и violetblue им се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    Најжално е што вакви кредити земаат најсиромашните во општеството, што живеат од социјално и таквите плаќаат вртоглави камати и казни. Јадни немаат друг излез па мораат, жално за луѓево.

    Вакви фд со закон би ги забранила. А дека се служат со закани и одвратно однесување, ако доцниш со плаќање се. Сведок сум била знам.

    А @Lejla1995 немој да мислиш дека ке ти успее тука да убедиш возрасни луѓе во лаги. Знам многу добро што значи теренска наплата, а знаеш и ти, пиење кафе не е. Кафе муабет да сме си направиле :rofl:. Ај иди на форум со деца па прави глупи муабети таму можда ке ти поверуваат.

    Друго какво е ова непрофесионално однесување @Lejla1995 ? Какви луѓе ви работат, таква ви е и фирмата. А ова е крајно некултурно и просто обраќање, туѓ срам да те фати.
     
    На buba4e89, Terramr, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    Контрадикторно е ова, демек немаат друг излез, а да се забранат брзите кредити.
    И не најсиромашните и социјалните не зимаат брзи кредити, брзи кредити зимаат најчесто за да си купат луксузи непромислено, ајфони, самсунзи, и најголем дел за долгови по казина и обложувалници.
    Никој со сила не е натеран да земе брз кредит, секој што зема знае колку треба да врати, или кога се зема е супер, од сите брзи по еден, ама кога ќе треба да се врати кредитот, вознемирени се, абе ајде.
     
    На Bezimenka90 и naturallmess им се допаѓа ова.
  20. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Незнам што мислиш дека прават теренските агенти за наплата и зошто ИМАШ ТАКВА АВЕРЗИЈА кон нив, се работи за луѓе кои го посетуваат должникот на неговата домашна адреса и му укажуваат на обврската за да плати и се подготвува нов индивидуален пристап за наплата се со цел да не дојде до присилна наплата што значително ќе му ја усложни и така тешката финансиска состојба на клиентот.
    Ние не сме ни лихвари ни рекетари па да користиме закани и друго на што ти алудираш во твојот коментар и што е некаква аверзија.
    Ние ги користиме законските начини за комуникација и наплата од должникот а доказ за тоа е што сме регистрирани и работиме законски.
    Со нашите услуги клиентите се сигурни и безбедни и затоа избираат да се обратат кај нас за разлика од порано кога се обраќале кај лихвари и слични други кои даваат пари со лихва и загрозен им бил животот и телото.
    За нашето постоење им се помага не само на нашите клиенти туку и на државата пошто се повеќе лихвари остануваат без работа и граѓаните се обраќаат во ФД кое е регистрирано.