Што ја нападнавте жената, ее од породилно ќе и кинат вие ја направивте лопов. Срам да ви е... Гајле ти е тоа се све лопови,колку си земала толку да вратиш а од тоа камати чуда кур да им дадеш. Платата на рака земи си. Кога ќе се вратиш нова сметка отвори си. Пожелно воопшто да не се враќаш...
Така го релативизираш ова? Земаш туѓи пари и ги обвинуваш? Ај тебе да те изнатепам и да земам парите и да речам лош и неморален човек си. Колку и да се никакви тие друштва за давање пари, треба да знаеш да разграничиш некои работи во животот и да не земаш од такви места.
Ne ama nikako ne me razbraa jas sum svesna deka kje bidam na izvrsitel i koga togas kje naplatat normalno ama jas si imam druga zamisla vo zivotot. Mene toa sto me intersira e dali ako me dadat na izvrsitel sega toj izvrsitel ceka prvo da se isplati ovoj sto go imam vekje ili kje mi go blokira porodilnoto. Zatoa sto na rabota odgovornata mi rece deka izvrsitel nema da mi izvrsuva dodeka sum na porodilno taka mislela ne e sigurna ako sakam sama da si uplakjam pa zatoa me intersira dali sega ovie od kredisimo mozat da mi ja blokirat smetkata
Може да те блокираат, ама прво мора да се исплати првиот налог на плата (првиот извршител), тој да издаде потврда за намиреност па да дојде на ред втор, трет и така натаму. На работа за еден вработен може да дојдат и 5 налози на плата од пет различни/исти извршители, работодавецот треба да ги архивира по ред како доаѓаат и да постапува по нив како завршува едно по друго. Не сум запозната дали породилното е предмет на извршување. Мислам дека треба да го контактираш извршителот моментален за сама да му уплаќаш 1/5 од породилно ако истото е до износ на просечна плата, а 1/3 ако е износ над просечна плата. И 20 нови сметки да отвори, кога си блокиран по матичен број во истата секунда како ја отвараш сметката таа автоматски се блокира.
Земаш пари и враќаш КОЛКУ ШТО СИ ЗЕМАЛ! а тие лихвари се за дерење не тепање,на старци давааг кредити на социјалци никаков закон за тие не важи
Било која институција/фирма whatever на која и должиш пари може да те тужи и тоа да заврши со блокада. Не те блокира тужителот туку извршителот. Дали работат по закон не коментирам, јас лично сум строго против нивното намножување на секој чекор и искористување на луѓето кај нас да ги подлаже за брза пара без притоа да му ја истражи кредитната способност. Меѓутоа, никој не ти дава пари без да ги вратиш (можеби мајка ти од љубов) и има стопроцентно право да ги бара со тужба ако не ги враќаш. А да вратиш точно колку што си зел, не знам во кој свет живееш, ама такво нешто не постои.
Брзите кредити јесте да излегуваат у сусрет кога не ти стигаат пари за нешто..а нема кој да ти позајми. Ама,АМА нормално кога ќе позајмиш од некој мора да ги вратиш. Не усудувам никој ама луѓе враќајте си ги навреме,никој нема да ви прави никаков проблем...
"Корист" е камата колку што е ратата,односно колку ќе им падне на памет? Не е ама сте се навикнале да се коцкате и све си прифаќате
Не ги залажувајте луѓето да си земаат плата на рака, за да избегнат наплата. Ретко каде ќе ти дадат плата на рака, а и ти си губиш, немаш стаж, немаш здравствено во тој случај, а и долговите ќе се трупаат. Има закон по кој работат овие ФД, само што излегуваат од тие рамки, чим даваа кредити на украдени лични податоци, јасно ти е дека се криминалци. Мене ми е спорно што даваат кредити на жими мајка, што манијачат луѓе да го бараат должникот, што мајки ни криви ни должни враќаат кредити на синот коцкар. И јас мислам дека во Македонија не смее и не треба да има ниту едно ФД, ама моето мислење нема да ја спаси членката од долгови. Не може некој член на фемина да каже, абе колку си зела, толку врати, кога ќе ти запрат плата или можат крајно на улица да те остават. Членот сигурно нема да се тепа со нив поради тебе или нема да ти даде покрив над глава. Врати што должиш и советувај друг да не ни помислува да земе. Само во некоја канта фирма може да прифатат да ти дадат плата на рака, тоест може да те искористат баш и поради тоа да не ти ја дадат. И зошто газдата би изигрувал закон затоа што имаш долгови? Отказ ќе ти даде.
На членката најпаметно и е кога ќе се вработи, да земе кредит од банка, да ги затвори сите кредити што ги има по овие брзите кредити и со години да плаќа рата на банката.. Баба ми викаше кој нема во главата, ќе има во нозете..
Утре може да донесат некоја одлука, каде и да си, ако имаш долгови да ти се отплаќа, односно да ти одбиваат пари, па бегај ти во Германија, Хрватска, џабе ќе е. И вака џабе ќе е, ако ти ја земат куќата, каде ќе се вратиш? Нема играчка со овие, ама бегајте што подалеку од нив.
Ве молам за мислење доколку некој знае. Татко ми имаше земено брз кредит од ilute, и се останати уште околу 20.000ден. за враќање, но во меѓувреме тој почина. Не ми даваа никакво инфо па им пратив умреница и ми рекоја ке ме контактирале. Сакам да го затворам кредитот, им се јавив уште еднаш за како е процедурата пак ме откачија дека ке ми се јавеле тие. Чекам скоро месец и ништо, не знам дали треба да го вратам, дали не треба, дали лупаат камати во меѓувреме...
Најверојатно натпишуваат камати, инаку не треба да враќаш ако само се откажеш од наследство, ако се прифатиш за наследник тогаш се враќа сразмерно делот што е наследен. Решение за твојот проблем, уплати им директно ратите тоест продолжи да го отплаќаш кредитот, во цел на дознака пиши: Уплата на таа - таа рата како наследник на татко ви. Кога ќе го исплатиш кредитот според ануитетниот план за отплата на ратите т.е. според договорот, прашај уште колку должиш да доплатиш и да ти издадат потврда за тоа дека кредитот е целосно подмирен.
Јас би им одела таму секој ден да им досаѓам за да не дојдам после во ситуација да плаќам на каматата камата епа нејзина камата.. Буквално можат за неколку месеци од 20 илјади да си измислат камата поради неплаќање и неколку илјади евра да платите, затоа што можат камата пример по 100 евра од ден да ставаат, немаш никакви права ако не плаќаш, се е во нивни раце, колку сакаат толку камата ќе ти лупнат.
Dobar den nesto me interesira Moja bliska licnost ima zemeno krediti jas gi isplativ pola od sumite,sega regularno gi isplakjam site. No megjutoa od nekoi finansiski drustva ne mi davaat da mu stavam zabrana,iako skoro na site dokumenti uplatite se od moi strani. Licnosta ne e odgovoren,docni so ratite skoro sekoj mesec,e sea ja ke gi isplatam i nareden pat pak zima od istite a tie nekoi FD se pravat deka neznaele iako znam deka imaat pristap do istorija na kreditobaratel. Nekoj da me upati sto ponatamu mozam da prevzemam?
Да сум на место на девојчето чиј татко починал, одам таму, барам веднаш да платам и да ми дадат потврда дека е подмирено. Нели прифатат, им викам полиција. Не може да те матка некој што наплаќа камати ненормални за секој ден. Македонска работа, сакаат да ти земат повеќе пари. Кога наследуваме имот, наследуваме и долгови. Оди најбрзо и плати, не чекај 20.000 да бидат 120.000 долг. Нели прифаќаат, лажат, викни полиција, пријави ги во некој медиум, Министерство за финансии итн.