Не се тоа инкасатори туку извршители, а после колкав период никој нема да ти каже, сметај дека со самото задоцнување на плаќање на ратите во секој момент очекувај извршител.
Не може да постои, кога според закон не смеат да го прават тоа. Прочитај го пак договорот што го потпиша. Ако им го пишува тоа, што јас не верувам, пријави ги ако ти дојде инкасатор. Ако не пишува нигде, тогаш на клоци избркај го кога ќе дојде. Многу луѓе на гб се жалеа на ова изминатиов период. Буквално дома им доаѓале и им барале пари. Немаат право на тоа. Како каубојци се однесуваат. Вака зимаа данок каубојците во минатото во Америка.
Значи, не знам што да кажам и јас како предходната членка, никогаш ама никогаш во животот не сум земала кредит, работам ми стигаат пари фала богу и ако некогаш би земала би било од банка, пак ќе кажам фала богу не сум имала потреба од кредит, предходната година ми ѕвонеше број од флекс кредит, реков од каде Ви е мојот број јас немам врска со кредити ми рече дајте ни матичен број ќе провериме, реков кажете од каде Ви е мојот број па ќе ви кажам и тој ми вика добро ајде!!!! Сега баш и јас како членката ми се јавија од земи пари и спуштија, ѕвонев и после никој не крена, значи што е ова не ми е јасно, ајде некогаш да сум земала кредит па има некоја логика ова никогаш ништо што ми ѕвонат? И, дали сериозно даваат кредит само ако некој каже матичен број? Без да се појави лично? Значи, утре ден ако најдеме изгубена лк можеме кредит да земеме така? Ненормална работа...
Никако матичниот број да го даваш така лесно! Ова е измама. Како вака им се јавуваат на луѓе и им бараат матичен број... Следен пат вака, закани им се со пријава во полиција.
Не, таман работа дека ќе го дадев ама ај викам намерно ќе речам за да каже од каде му е бројот, стварно ќе помислам дека сум задолжена некаде а немам финансиски проблеми, ама и да има некој матичен број како може само така да се аплицира ова е страшно...
Кај тебе не поминала финтата, ама има многу лековерни луѓе кои ќе ги прелажат. За жал институциите не го штитат народот и затоа често има вакви измами. Ќе им се јават на пензионерите, ќе им ја земат пензијата, а тие кутрите нема ни да знаат дека им ја собрал некој пензијата. Не знам што да кажам, ама претераа со кредитиве на секои 2 метри. Секој трет дуќан во Скопје е со тоа. Видете ги само колку различни има. Ко легална мафија се. Па ако не вратиш пари на време, дома ти доаѓаат (а не смеат според закон) да се тепаат со тебе.
Некој озбилно да ми одговори на прашањево! Лани другарче зема кредит од М кеш и јас сум второ лице за контакт. Останати беа уште две рати од тој кредит(јас му платив 5 рати бидејќи немаше пари), ама типот без мое знаење направил рефинанс пред 1 месец и не ме праша дали сакам да останам второ лице за контакт, при што никој не ми се ни јави од фиријалата да ме праша дали сакам да останам или не!! Не знам за колкава сума се работи тој ми рече 13 илјади демек(не знам дали толку или повеќе.) За ова дознав пошо ме напнаа од ѕвонење од мкеш им реков знам зошо ѕвоните треба уште две рати да се платат од кредитот и да се затвори, таа ми вика ,,не, рефинанс направил". Ми вика да го барам за да си плати рата пошо ќе му дошол тим за присилна исплата на врата... Тој не планира да плаќа рати за брзо време го заболе таквото искрено, ама мене ме тероризираат секој ден буквално по мобилен, не можам да ги трпам. Дали ако не плати ниту една рата мене ќе ми дојдат дома извршители, страв ме фаќа искрено? Дали да им блокирам броеви?
Ти си само лице за контакт или си и жирант? Дали имаш потпишано било каков документ и ако имаш дали има некоја ставка во која се вели дека треба да плаќаш во некој случај? Доколку не тогаш блокирај ги броевите или пак стави ги на безгласен режим на ѕвонење и не се грижи за враќање пари. Инаку совет до сите, на никому не позајмувате пари (освен можеби најблиското семејство) или веќе ако позајмувате прифатете дека големи се шансите никогаш да не ги видите назад.
Не можат тебе да ти дојдат, не се секирај. Единствено е што ќе ти ѕвонат толку! Како совет, не давај никогаш на никого да те стави второ лице и не плаќај туѓи кредити колку и да ти се блиски! Бидејќи они ако не се свесни и немаат воопшто грижа да плаќаат зошто па ти да им помагаш. Ако ти се јават повторно кажи им да не те замараат дека немаш ти ништо со него и со неговото плаќање
Јас колку што знам ниту еден од брзите кредити немаат регулирано за жирант. Тоа само во банка може. Овде се е нерегуларно почнувајќи од тоа што зимаат број за контакт од лица што не ги ни прашуваат дали се согласуваат за истото.
Потпишав договор за лице за контакт. Колку што ме држи сеќавање знам дека нешто пишуваше ,,немам обврска да давам парични средства/трошоци... демек ако носителот не плати рати или кредит, така нешто.. Ама не ми дадоа копија од тоа, побарав ама не ми дадоа незз зашо. Другаров ми кажа да не се секирам наводно мене ништо не ми можеле, затоа што не сум носител на кредит и коа ќе ми ѕвонеле да не им дигам...
Сите ли сме заглавени со M cash? Глеам за нив се врти муабет. Да се надоврзам и ја кога глеам дека дебатирате за нив. Земав кредит, не бев во можност да платам прва рата, пројде цел месец, се утепаа од ѕвонење не им дигам, затоа што знам каков муабет ќе вртат, кога исплата бла бла За една недела е втората рата, а ја прва уште не сум ја платила. 3600 ми е ратата иначе. Планирам дури крајот на фебруар да им платам прва рата. Знае ли некој дали ќе можам да исплатам само прва рата дури крај на фебруар или ќе морам и ратата од фебруар да ја исплатам воедно со првата?? Глеам доста луѓе се жалат од нив. Напорни се и цело време се закануваат дека дома ќе доаѓале за наплата. Очигледно е дека на сите им го вртат истиот муабет Стара песна на нов глас
Да, напорни се ама не знам што очекувате кога зимате кредит и не враќате. Ова сега не ми е кон тебе само, туку општо за сите, јас само се надоврзав на твојов пост. Не ја сфаќам таа несериозност, се зима кредит и не се одговара на нивни повици, се прави калкулации кoга ќе сака колку ќе сака да исплати од ратите. Како може тоа така кога сте зеле пари и сте потпишале договор. Не ги бранам ФД, според мене или не треба да постојат или да се смени законот за нив и да се контролирани ама сепак кога веќе се зима пари од негде тогаш треба да се вратат по договор.
Или зимаат и не враќаат или се некому број за контакт а не ни знаат, а има и случаеви со злоупотребени лк што е страшно. Ретки се тие што зимаат и враќаат на време.