1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи рецепти за јадење на работа

Дискусија во 'Рецепти' започната од nena2010, 8 март 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.293
    Допаѓања:
    101.377
    Пол:
    Женски
    Женски,

    Ја отварам темава зашто ми е здосадено од домашни сендвичи, од Вегера и остаанати тестенини. Има ли некоја од вас идеа што друго може да се јаде на работа, а да се припрема дома???

    Фала однапред :hug:
     
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    И јас најчесто на работа јадам лиснати теста, бурек, кифли...
    Понекогаш житарици (овесни снегулки, мусли) со јогурт, некој домашен сендвич или пак носам во пластичен сад ако остане нешто од вечерата, или некоја домашна пита или проја. :)
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Сендвич.тост,пица од оние готовите само да си ја испечеш,кифлички,некој салата можеш да си направеш..........
     
    На Aerodromka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    Веќе втора година со овие слатки маки се соочувам :) Кога сум прва смена на работа, неизбежно ми е да си земам некое лиснато или кифла со јогурт за доручек, ама речиси секогаш кога сум втора смена на работа си понесувам од дома ручек! Кога има ориз, салати, полнети пиперки, мусака, ќофте, пире, такви некои вкусни погодени ручеци, сето тоа ќе си го наредам фино во пластичен сад, и на работа директ во фрижидер. Набрзина некогаш знам да си сварам јуфки дома, само парче сирење ќе додадам во кутијата и после на работа имам супер ручек.
    Сендвичи со секакви додатоци, салата спремена од дома во сите варијатни, варива, дури понекогаш и супа си носам во мала тегличка, кога ептен ми се засакува нешто течно, а знам дека неколку дена по ред сум јадела сува храна... Јогурт со житарки, млеко со бисквити, сега и овошје можеш цел куп да си носиш, свеж зеленчук (исчистен морков, краставица...).
     
    На Aerodromka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    јас си спремам сендвичиња, скоро секој ден различни. Плус си ставам и салатка или во нив или пак дополнително си носам салата во некој пластичен сад.
    Има во кам маркет ориз или тестенини кои брзо и лесно се приготвуваат, па знам од вечер и тоа да си направам и да се земам за на работа.
    Обавезо и секој ден си земам овошје.
     
    На Aerodromka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Јас се си носам од дома. Имам одбивност и гадење кон кифли и буреци со свинска маст, кои топли ако ги изедеш ќе ти се згади, а кога се ладни мирисаат :puke:
    Ако има нешто останато од ручек, си земам тоа, ако не, може да си сварите јајца, спржите тиквички, пиперки нешто такво, ладни сендвичи со зеленчук и по желба содржина...во некој пластичен сад. Јогурти, овошје и...на работа :)
    Има избор, се што јадеме дома може да си понесеме за на работа. Само се преферира полесното :) (не би гравче чорба да носам на работа :D )
     
    На Aerodromka и Annath им се допаѓа ова.
  7. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Мајка ми обично од дома си носи, си прави различни сендвичи или купува по пат ;)
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Јуфки да си свареш или да си испечеш...
     
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    во плекче предходно намачко со маргарин редиш кришки леп а може кришките и на пола да се исечат ги премачкуваш со ајвар, пинџур по желба и врз тоа ставаш се што сакаш или како шо викаат ( од се што останало по малку и неможеш ви ништо да го употребиш) вирлшли, кашкавал, салама, сирење , печурки и одозгоре на секое кришќе по малце маргаринче како кога ставаме на кифлички пред печење.. го ставаш плекчето во рерна некоолку мин кко да се потпечи и толку а многу е фкусно
     
    На Aerodromka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас веќе 6 год го измислувам доручекот :) . Алергична сум на банички, буреци и кифли. Чат пат ме фати некоја манија со мекици кои ги купувам по пат ама и тоа брзо здосадува.
    Преферирам да си носам од дома - пржени кришки, туна салата, проја (внатре стама што имам по дома, на пр. маслинки, сланина и сл.), шпагети, корн флекс, некогаш земам ѓеврек, зденка и чај, некоја салата (често си носам онаа со варен ,,кукуруз шеќерац,, :D рендан морков, кубети....) која е полесна и може да стои саат-два додека да ми се пријаде :$ , знам и домашни кифлички од дома да земам па на раб. само чај да си сварам, ладен сендвич во милион комбинации и варијации...
    Абе само кажете што ви се јаде слано или благо и ќе го измислиме :D
     
    На Aerodromka и Annath им се допаѓа ова.
  11. Danni79

    Danni79 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    2
    Na rabota nekoe kifle ke si kupam ili zitarici so mleko jadam, i zadolzitelno ovosje.
    [mod-kirilica:xfheeqmd][/mod-kirilica:xfheeqmd]
     
  12. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    До пред некое време и јас пукав симити, банички, буреци, мекици, тетките од спицикото и специјал ми станаа први другарки и кога застанав на вага и видов до кое дереџе сум стасала, почнав да паничам :^) како божем не знам како си дошле килограмите
    Сега за на работа практикувам мусли со јогурт или млеко, понекогаш си правам зелена салата од дома, овошје обавезително и нормално ужина ми се една рака јаткасти производи.
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :!: Да обновам мени :) , си носам пржени свежи пеќурки, маслинки и марула, па пржени пеќурки со јајца, похована брокула или само салата, варена или печена тиква, сурими стапчиња со варен компир и млад кромид, спанаќ со јајце, салата од зелка, морков, ленено семе и коцки кашкавал, бисквити со млеко :wasntme: , шпанска пита.....
     
    На Aerodromka и Espadrila им се допаѓа ова.
  14. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    4.135
    Пол:
    Женски
    Дај обновете ја темава со некои идеи и рецепти :)
    На работа немаме фрижидери, микробранови и слично па секој ден носам сендвичи или купувам некои лиснати од пекара.. чат-пат ќе си направам од дома мафини и тоа е тоа.. често се дешава да го вратам и дома јадењето оти ми е здосадено.
    Мм си носи и ручеци цели ама има услови и да стопли, дури и да си го приготви таму во кујна.
     
  15. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Скоро ќе почнувам на работа и мене ме мачи тоа. Си размислувам што можам да носам за јадење и сфаќам дека за ручек ќе ми биде попроблематично.

    За доручек би носела овесна каша, чиа пудинг, сендвичи, варени јајца, проја и сл. Но, за ручек, опциите се малку поограничени. Она што ми паѓа на памет е ориз и стек, бидејќи не ми пречи да го јадам ладно јадењето, или шпагети (но не ги промивај со ладна вода откако ќе се сварат за да не ти се залепат). Исто можеш и марула, домат, краставица, пилешко или туна, некакви комбинации бидејќи салата секако се јаде ладна.

    Ако имаш Тинекс во близина, знам дека имаат некоја понуда за оброк на денот до 100 денари. https://snestorovska.com/ Разгледај ја и странава и заследи ја девојкава на Инстаграм. Иако се стреми кон здрава храна и можеби тоа не е она што го бараш, доста често има убави рецепти прифатливи за секој чеб и стил на живот. Исто би ти ја препорачала и оваа девојка https://fitlife.com.mk/, заследи ја и на Инстаграм. Има доста вкусни рецепти, палачинки, здрави десерти и слично, многу од кои можеш да ги носиш на работа. Се надевам дека ти помогнав барем малку и нетрпелива сум да видам што имаат останатите членки да предложат.
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.782
    Допаѓања:
    131.295
    Само комбинации, инаку што и да е, ако го јадеш секој ден - здосадува.

    Еве неколку оброци кои јас ги носам од дома:

    Мусли со семиња и овошје, чиа и слични варијанти - секогаш различна комбинација, со различно овошје и додатоци.

    Салата, ама не само зеленчук, туку со кашкавал, јајца, туна, пилешки стек и слично, за да не огладнам веднаш. Може и некое парче леб да се носи.

    Палачинки, штрудла од јаболка, проја кифлички, главно што сме имале дома, а може да се носи на работа.

    Сендвичи подготвени од дома - и овие може да се различни, со зеленчук, со крем салати, со јајце, што и да се најде дома.

    Од сите овие може да се направат комбинации и воопшто да немаш чувство дека секој ден исто јадеш. Од време на време уфрлам по некоја тортиља со зеленчук и пилешко месо, тост, па и тестенини мене не ми пречи ладни да јадам, барем не со песто или сос од домати.
     
    На Aerodromka, simoncelicius, warrior и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Angelllla

    Angelllla Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Првата година на работа јадев само пецива и хамбургери, па коа ја расипав крвната слика си реков ало свести се шо праиш, па сеа се си носам од дома сто пати по вкусно и по здраво, секогаш скоро си нисам од ручек шо останало без разлика дал 1 или 2 смена, многу често носам течна манџа во тегла во комбинација со патлижан (за салати не сум мн креативна патлижанов само го сечам и го јадам) и кришка црн леб. Некогаш знам јајца да сфарам, паштета, туна конзерва риба и ова оди во комбинација со 1 патлижан :rofl: ( по дома си јадам секакви салати), некоаш и тегла ајвар или лутеница па ако се накрај ја земам цела тегла. Сендвичи не правам од принцип ем шо се суви па ми праат запек али најмногу поради што не сум љубител ама ич на салами кашкавали и др сувомеснати, ми се дешава и 3 пати во денот да јадам манџа, едноставно си сакам готвено. Исто секогаш си носам и овошје па си правам едниот оброк овошна салата а другиот главното јадење, имам цедилка на работа па си цедам и портокали грејфрути лимонади си пијам. Флексибилна ми е работата паузи си прам кога нема работа па можам на раат ко човек да се најадам најчесто :D:D
     
    Последна измена: 30 март 2022
  18. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    3.790
    Пол:
    Женски
    Манџите со запршка ги правиш?
     
  19. Angelllla

    Angelllla Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Не, на секоја манџа основа ми е пропржен кромид со сецкан морков и вегета, некогаш и сува пиперка, брашно не користам дури ни во грав течен.
     
  20. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    3.790
    Пол:
    Женски
    Како што манџа е таа со вода само и масло?