Како што кажува и самиот наслов ме интересира што користите за да ви се исуши побрзо лакот за нокти? Користите ли некои спрејови или слично или пак ги оставате да се исушат по природен пат? Спојлер ако има ваква тема - затворете ја
Па пред да се лакираш остави го лакот во фрижидер 10-15 минути . После лакирање изми ги ноктите со ладна вода . Има спрејови и лакови за побрзо сушење Јас обично го ставам во фрижидер лакот
Имав пишано и на друга тема ама еве и овде. Ставете на ноктите од кога ќе ги налакирате бебешко масло.
Јас наместо во ладна вода да ги поминам, ги премачкувам со коцка мраз. Откако малку ќе се исуши нели за да не го размачкам, го премачкувам со мразче и од ладното побрзо се суши.
Негде прочитав дека побрзо се сушат ако ги испрскаш со лак за коса. Е брзав јас еднаш и си реков да го пробам, ама лом си ги направив ноктите, дупла беља, од страните се одвои лакот од ноктот и морав да ставам слој на безбоен лак за да ги пополнам. Не знам дали нешто направив погрешно јас, сепак пробајте, ама само ако имате време после за корекција доколку тргне нешто погрешно
Имаш најразлични спрејови за брзо сушење,или лак за брзо сушење,побарај низ парфимерии,и на зелено пазарче. И лакови има кои посебно брзо се сушат,пробај купи такви
ЈАс имам ваков проблем,премногу долго ми с есушат ноктите,а лакот ми трае само еден ден,до ноктите ми е.Е сега си земав вакво од Голден роуз и супер е.
Кога и да се лакирам си одвојувам барем по 15 минути за да си завршам работа. Најчесто ставам повеќе потенки слоеви и ми се сушат дури и за помалку од 15 минути.
ако се лакирате со два слоја, првиот нека биде многу тенок и остајте убаво да се исуши, и вториот малце подебел, затоа што ако првиот не биде убаво исушен лакот цела вечност се суши а некогаш и воопшто не се досушува и на пример што и да допреш и по 2 саата се отсликува на ноктот. иначе има техника налакираниот нокт се става во чаша ладна вода и држете пола минута, само не под чешма зашто ке се расшљака се..
Во каталозите на Орифлеим стално има едни капки за сушење на лакот, ич не се сеќавам колку пари беа, ама можете да погледнете во онлајн-каталогот. За тоа дали се квалитетни не би да коментирам - ги немам користено, ако некоја ги имала - бујрум.
Имав едно вентилаторче баш за нокти, ама ми се расипа.Мислам дека го има в Веро, по кинескиве, не сум сто посто сигурна зашто не памтам од каде го земав, ама секако беше од Скопје
јас имам цел маникир сет од zepter, и со него ги сушам ноктите. *инаку еден совет откако ќе ги налакирате ноктите под ладен млаз вода ставете ги и побрзо ќе ви се исушат
Од кога ќе ги лакираш стави ги во вода и задржиги околу 20 до 30 секунди. Засушен е а потоа веднаш се досушува.