Има вакво во џамбо, баш се мислев дали да си го земам, околу 200 денари е Ако го има некој купено нека каже дали е добро.
Која е поентата одма да ти се исушат... Мене ми е филм да седнам, па да се турпијам, па креми, па да се лакирам... и после ништо да не работам се додека не ми се исушат! Kога ќе лакирам нокти, нигде не брзам, ќе си се исушат порано, подоцна!
Па поентата е што се нема време,и врло е веројатно дека ќе ги ушлакам. Не дека не е убаво вака да си се тинтраш,ама па сеа секој втор ден да губам време за да уживам у сушење на лакот на нокти-не. Иначе многу го фалат спрејот од Авон за брзо сушење на ноктите,јас си го нарачав па ќе ви кажам дал го бива .
Ваквите вентилаторчиња релативно брзо се расипуваат. А и со нив треба да седиш мирна околу 2-3 минути, така да исто ти се фаќа со или без него. Јас нарачав специјално од Холандија да ми донесат, демек поквалитетно, ама џабе. За еден месец рикна. Лоша инвестиција.
Да, да и јас си ги правам сите тие третмани и си се тинтрам, ама баш дека ставам еден слој за заштита на ноктот, два во боја па врз него безбоен и кога ке видиш не ме крпи еден ден бидејки некои лакови споро се сушат, дали дека се погусти или не знам што ама да, ми се случува втор слој на лак да ставам другиот ден... епа затоа треба побрзо сушење
1 до 2 мин откако ке нанесете лакчето ставете си само малку Масло/уље за тело- од бебешките загарантирано делува..... единствено треба да почекате да упие малку тоа на дланките и готово п.с. бар мене ми е успешно кога имам 3 слоја до 4 макс од лакчето .
Јас ги имам тие капки од Орифлејм не се многу скапи околи 100 и нешто денари се и се супер. Кога ке се изолакирам само си капнувам по една капка на секој нокт и ги суши одма
капките од орифлејм се стварно многу ефикасни а можеш да пробас и да го ставес лакот неклку минути во фриждер и тоа делува
Јас неартикулирано претам со рацете,ко заклана кокошка...не знам за поинаку! Еднаш пробав со ладна вода,ама грч ме фати од студот! Со фен меурчиња ми се направи лакот и така...беспомошна...женичка! Да ви кажам право,пре ќе бидам беспомошна дур сум со лак на ноктите кој се суши,немам проблем да фукнам и така бокс,ќе се прелакирам,него ли...ај да не коментаришем,да ја упропастувам темава!
Јас ако ги сушам со фен или ако ги ставам под чешма, ќе ми се испоразмачкаат. Од спрејовиве и други препарати, не сум пробала. Секогаш се лакирам кога имам време т.е. кога не се брзам за да одам некаде. Природно си се сушат, јес да малце подолго време им треба за да се исушат. Обично додека ми се сушат штракам по компјутер, па побрзо ми поминува времето.
Сани се размачкуваат ако ги ставаш под топла вода или ти дува жешко фенот . Со ладна вода треба и ако веќе сакаш со фен тогаш на ладно пушти го
Со фен од самото тоа што дува се прават вдлабнатини. Со ладна вода или топла исто ми е. Најубави се кога се природно исушени.
Ладна вода и мене ми е одлична варијанта која ја практикувам за брзо сушење нокти. Ако имам потенок слој на лак може рацете да ги чуваш подолу кај што притисокот е посилен и нема шанса да се расшлака , а ако има подебел слој тогаш посигурно е да се држат рацете погоре кај што чувствуваш дека не те тепа водата по ноктите и нема да ги размачка, финтата е да е водата од чешма проточна зошто тогаш е ладна и ефектот е да ги здрави ноктите а ако ги потопиш само во чаша има многу послаб ефект.
Jац и не се трудам толку многу само вклучувам фен и од подалеку (30 см) си ги сушам ама со ладен воздух така 4-5 мин и супер ми се ноктите
Имам од zepter сет за маникир, но многу ретко го уклучувам за сушење.Најлесно ми е пуштам ладна вода од чешма, гиставам под вода, за минута се суви.