Еднаш пробав со ладна вода да ги исушам, таа финтата де, ама ми се покварија, па морав опет наново и друг начин пафтам со рацете
Јас имам пробано со ладна вода и ми успеа се исѕшија за 1-2 мин.Октако ќе се лакирате ставете ги во ладна вода и така нека ви постојат малку и готово
прашењево малку ми е без врска за побрзо сушење на лакот на ноктите има спреј од Авон има капки од Орифлејм а може и со ладна вода
Негде прочитав дека со фенот се суши лакот,ама после пука и опаѓа.Незнам колку е точно,не сум ни пробала со фен да сушам лак.Најчесто го оставам да се суши обично,или ако негде се брзам на сетот за маникир од Северин има вентилаторче.Не ми претставува некој проблем 10 минути да почекам да се исуши,најчесто си наоѓам занимација за тоа време.
Мака мачев како побрзо да го исушам лакот! Се пробав, ама буквално се. Еден ден ми пукна филмот и отидов у Голден Роуз и си земав едно лакче за брзо сушење на лакот на ноктите. Лакчето е феноменално! Го ставам и за помалку од 5 минути лакот ми е сув Ви препорачувам да си го пробате и да не се мачите веќе да чекате, да не мрдате, за да не се оштети лакот.
И јас сум слушнала ноктите да се стават под млаз ладна вода. Ама никако да ми текне на тоа откако ќе ги намачкам. Се некако успевам да ги расипам
Девојки, а дали некоја од вас го има апаратчето за сушење на лак од џамбо, 249 денари и искуство? фала
Не знам точно да ти кажам, да не те излажам. Пред некој ден мајка ми ја фрли кутијата ама не успеав да видам дали ја пишува цената. Мислам дека е околу 100 денари, поскапо не е сигурно, а и долго трае
Не користете стар лак за нокти. За да го скратите процесот на сушење, изберете од вашите понови лакови. Постарите лакови се згуснуваат и стануваат потешки за нанесување, а и за сушење. Потешко ќе можете да премачкате тенок слој, а ќе ви биде потребна цела вечност за да го исушите. Дури и ако ја обожавате бојата на стариот лак, прескокнете го ако брзате и искористете го во друга прилика кога времето нема да ви биде пречка. Пред лакирање измијте ги рацете со топла вода и сапун. Пред да си направите нов маникир, веројатно го отстранувате лакот кој сте го носеле претходно. Во поновите отстранувачи на лак има и навлажнувачки масла кои можат да ви го скратат траењето на новиот маникир и да го продолжат сушењето. Со топлата вода и сапунот вие ќе ги отстраните сите масла и нечистотии кои ги има врз ноктите. Ем лакот ќе ви се исуши побрзо, ем ќе можете да се радувате на новиот маникир подолго време. Нанесете два тенки слоја. Подобро два тенки слоја отколку еден дебел слој. Ако не сакате да добиете интензивна боја, може да нанесете само еден слој. Но, повеќето лакови изгледаат најдобро кога се нанесени во два слоја. Почекајте да се исуши првиот слој пред да продолжите со втор. Ако избрзате да го нанесете вториот слој врз недосушениот прв слој, ќе го продолжите времето неопходно за сушење. Потопете ги ноктите во сад со ладна вода и мраз. Најефективниот природен метод за брзо сушење на лакирани нокти е ладната вода. Но, не се препорачува да ги ставите прстите под чешмата, бидејќи млазот може да го размачка внимателно нанесениот лак. Најбезбедно е да наполните мал сад со ладна вода (по можност вода која сте ја чувале во фрижидер) и во него да ги потопите прстите. За максимален ефект ставете во водата неколку коцки мраз, бидејќи колку поладна е водата, толку подобро дејствува. Држете ги прстите во водата барем 1 минута, без да ги мрдате, за да не ја уништите мазната површина. Немате мраз? Откако ќе поминат 30 секунди истурете ја водата и заменете ја со свежа, затоа што вашите раце ќе ја затоплат. Ладната вода го стврднува лакот, а топлата го омекнува. Па, ако сакате беспрекорен маникир, никогаш не влегувајте да се туширате непосредно по лакирањето. Искористете го ладниот воздух од фенот за коса или вентилаторот. Наместете го фенот да дува ладен воздух и лесно ќе се справите со сушењето на ноктите. Исто така, во летниот период можете да го искористите воздухот од вентилаторот. Во најдобар случај комбинирајте ги овој и претходниот совет, т.е. прво потопете ги ноктите во ладна вода и додека се влажни пуштете го фенот да дува во нив. Не се лажете да ги сушите ноктите со топол воздух од фенот, затоа што така само ќе ја влошите ситуацијата. Купете си спреј или лак за брзо сушење. Постојат најразлични производи како спрејови и лакови за брзо сушење на ноктите кои нема многу да го испразнат вашиот паричник. Ако често имате проблем со сушењето, не е лоша идеја да инвестирате во еден таков производ. Спојлер Превземено од femina
Едноставно и брзо ги ставам рацете под млаз ладна вода и се сушат брзо само проблемот е што некои лакчиња се прават комеурчиња подоцна на ноктите
Хахаха со фен за коса Се шалам. Искрено ништп не користам за побрзо сушење,ги оставам сами природно да си се исушаат
јас земав едно од есенс сретство за брзо сушење на ноктите. Многу ефтино беше накај 150-тина денари а многу добри си ја врши работата