Значи ќе се налакираш ќе почекаш минут ги буткаш во сад со вода и суви се. Секаконе ги стискајте ноктите ке ви се отцртаат линии ама во вода стварно брзо се сушат.
Е јас не се шалам Стварно ноктите ги сушам со фен, ама само кога брзам за некаде. Инаку ги оставам така или под вода ги ставам.
Мене најефикасно ми е со ладна вода. Значи не рацете под чешма, туку ќе наполнам длабока чинија со ладна вода, ако е од фрижидер уште поубаво. Потоа ги ставам полека рацете во неа и за едно 5-10 минути лакот е прилично исушен.
Стави во фрижидер во некој подлабок сад вода за да се залади. Налакирај се, турија ладната вода во подлабок сад, и почувај ги 10-15 сек. Испробано и ефикасно.
Од мое лично искуство.. Тоа со ладната вода, не работе! Додуша и јас им ставам едно 2-3 слоја. Ставив во едно длабоко тањирче вода, и внатре коцки мраз. Цели 10 минути држев, џабе. Само што ми се смрзнаа рацете, ми се тресеа. Се засуши лакот.. ама исто ко да не биле во ладна вода. Исто сум ги држела под чешма, тоа па ич не помага. А не сум некоја што ужива во сушењето на ноктите, многу сум трапава. И цело време се рашљакувам. А и обавезно после лакирање нокти ми се приодува во веце. Така да, за мене чаре нема. Само ги поправувам на секои 2 мин. Едино на компјутер побрзо што ми поминува времето. Или евентуално тоа со коцки мраз, ама исто ми се фаќа. Нареден пат ќе пробам во фрижидер да го ставам лакот. Или ми останува оноа мафтањето со рацете, и вежбање гратис, за рачните мускули.
имаше една на јубе која кажа дека може како финта плус да ги ставиш лаковите кои ке ги нанесуваѓ во комора да се ладат .... демек побрзо така се правело ... и Пробај купи си БЕБЕШко Уље кај мене работи таа финта !!
Ќе земеш фем ако имаш што се поднесува на ладно и суши ама знам дека со сушење на ноктите се губи сјајот
Најдов нова финта. Ама за вештачки нокти. Ќе ги налакирам, ќе им изнашлапам слоеви, и ги ставам во замрзивач. Вчера баш така направив, и ги извадив за 15 минути, исушени беа. Само што, кога почнав да ги лепам, малце ми се размачкаа. Дека имав ставено мноогу слоеви, а и се брзав. Од сега, и по пола час ако треба ќе ги оставам. Има да бидат тврди, ехеее.
Никогаш не пробувајте да ги исушите ноктите со топол воздух или вода. Јас со фенот на ладно или ги ставам во вода.
Ставаш ама ако не ги заборавиш у ташна отворени па да ти истечат цело шишенце, ставаш секако. Инаку да, ефектни се, сега за побргу одбирам мат нокти, односно ги поминувам со мат топ коат и готово, а кога имам повеќе време ги праам сјајни.
Кога ми се брза, или ако ставам повеќе слоеви ги сушам со фен за коса и се сушат за брзо време, а кога не брзам ги оставам природно да се исушат.
Прво и најбитно немој на четчето цел лак да го ставиш ! ептен тенок слој и ома се суши па ако треба два-три пати намачкај се . А од кога ќе се намачкаш исми се со ладна вода и готово
Пред да се лакирате измијте ги рацете со млака вода или откако ќе се налакирате во ладна вода држете ги рацете ама не да ја пуштите чешмата па од млазот да ви се расипат ноктите