Не користам специјализирани лакови или препарати за сушење, туку едноставно - преку зима на греалка, преку лето на вентиларот и тоа е тоа.. Не знам зошто толку ви се брза, и онака за максимум 2-3 минути самите се сушат, барем сите лакови кои сум ги користела (оние пазарските)
Мене никогаш не ми успеала „брзата“ постапка со ставањето на тазе лакирани нокти под млаз ладна вода. Затоа си ја користам стандардната и проверена „техника“ - си дувам по ноктите додека не се исушат убаво. Или пак седнувам пред компјутер и типкам, па не ни приметувам како и кога поминало времето додека се исушиле лакираните нокти.
Ниту мене ми успеало тоа со ладна вода,а ми личеше на надежно Затоа си купувам проверени лакчиња што брзо се сушат.Онака нема спас ,секогаш ќе ми се замрчкаат ноктите,а ова по правило (Марфи) се случува за некој битен настан
Само нека не биде млазот многу јак,да не се уништи лакот. Можете во некоја чашка да ставите ладна вода, и да ги држите ноктите во неа неколку минути, така е подобро
И јас вака правам..Кога немам време,се лакирам полнам еден сад со вода ладна и ги држам 2-3 мин.и после правам било што без страв дека ке го оставам лакот насекаде по мене
јас во мал сад ставам вода ладна и коцки мраз ги држам колку што имам време и ги оставам сами рацете да ми се исушат.а кога сум на школо под млаз ги оставам ама не силен и ги оставам пак сами да ми се исушат.
Мене ништо од ова по природен пат не ми успева, незнам зошто, ќе ги ставам во ладна вода и на крај ќе ги ушлакам некаде. Само средството од Авон за брзо сушење ми е ок, за 2-3 мин се сушат ноктите, ама не го користам често.
http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-pobrzo-da-vi-se-isushi-lakot-na-noktite/ Отсекогаш знаев дека со ладна вода се сушат побрзо. Еднаш кога си ги правев цел саат, ги заборавив и ги измив рацете одма после лакирањето ( ) Кога ми текна ме фати паника, ама напротив, брзо ми се исушија.
Мене па не ми помага ништо во брзо сушење на лакот ни во ладна вода така ми го губат сјајот а ни па со фен. И затоа практикувам на време да се лакирм или во хитни случаеви имам лак за 1 минута што се суше и средена ситуација
Не ги сушам лаковите. Самите се сушат за една минута. Такви ми се лаковите и нема потреба да ги сушам со нешто.
Јас моите нокти ги оставам едно 15-20 минути и така ми се сушат,ама се мислам дали да купам од онa Nail Dryer,го видов во Јumbo околу 180-200 денари е.Што мислите,сте пробале ли девојки има ли резултат?
За брзо сушење на лакот на ноктите, избегнувајте топлина,а знајте дека помага ладно. -Во подлабока чинија (не многу голема оние bowl што ги викаат на англиски ) ставете мраз и потоа налејте студена вода. Потоа само ставете ги ноктите во длабоката чинија, оставете ги околу минута,а може и помалку зависи од колку време имате. Покрај тоа можете и само едноставно да ги измиете со студена вода. -Втор начин е со помош на маслиново масло. Турете малку маслиново масло во малечка чаша (малечка како оние за ракија) и прст по прст ставајте го во чашата и почекајте 5 секунди откако ќе ги помините сите можете слободно да чепнете веќе се сосема суви и можете само да ја измиете раката или доколку имате време помасирајте го маслиновото масло на кожата бидејќи тоа е одличен природен начин за да и дадеме свежина и мекост на кожата. (ако сакате мжете ова да го практикувате и само поради тоа хидратација и нега за кожата). -Трет начин е со фен,но не со топло туку со студено (на повеќето фенови има копче за да не дува топло туку студено па видете) и не држете го фенот премногу блиску до ноктите бидејќи ќе ви предизвика нееднаквост на лакираното.
Јас не си правам маникир затоа што немам нокти (ги грицкам) а на сестра ми ги средувам секогаш, ги суши или во ладна вода или со фен и двата начини се добри