Брзо темпо на живот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rossonerka, 13 октомври 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    Да знам 21 век сме, знам дека сите некаде брзаме, секој некаде не чека, секогаш немаме време за многу основни работи НО дали вреди сето тоа?
    Дали стануваме испрограни роботи? Стани трчај работа работа работа забораваш дури и да јадеш, пиеш, да одиш во тоалет.

    Еве во склоп на темава ќе прашам нели порано домот беше местото за извршување на хигиенските навики.
    Не ми е јасно како може да сечат нокти во автобус како пред некој месец што видов или она што денес ме згрози со чепкалка за уво си го чисти истото и тоа на ескалатор у гтц.
    Боже помогни им и кажи им дека се грозни!

    Немаме ни 1 минута слободно време за овие ситни хигиенски работи?
    Немаме 5 минути време за да се јавиме на домашните?
    Немаме 30 секунди време за да се исчешламе.
    Или 1 час да направиме јадење барем во викендот?
    И можам да набројувам уште многу.
    Дали и вие станувате роб на овој брз живот?
    Дали немате време за многу работи и сакате денот да има бар некој час повеќе?
    Дали вршите по неколку работи истровремено и трчате насекаде?
    Дали заборавате на домот, на блиските, на основни човечки потреби кога сте во брзање?
    Колку обврските ве гушат и колку сакате да ставите стоп на ова денешно брзо темпо?
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Јас у Прага доживеав еднаш заби миење во метро во 6 наутро, па ти види сега :x И тоа стокмен, згоден момак си беше опремен со обоено шишуле каде што плукаше и посебно шише вода за плакнење. Абе брз живот. Ставаш лажиче какао во уста, сркаш млеко, ја мучкаш устата и добиваш - какааааоооо! :D
    Трчајќи на работа ставаш кафе во малиот термос, и додека одејќи го пиеш кафето отвараш утринскиот весник и истовремено читаш, некој ти ѕвони креваш телефон и велиш „момент да вратам на порака една“, уз пут уклучуваш вифито за да провериш какво време те чека, па проверуваш мејл, фејсбук, скајп, и забораваш дека соговорникот ти е на „холд“ и дека кафето одамна ти тече од термосчето а весникот ти летнал, се качуваш на тротинетчето и и пркосиш на градската гужва со вешти осмици, симнуваш кацигата и влетуваш во салата за состаноци како ништо да не се случило.

    И вакви утра имам доживеано и потоа сум си рекла - е*ате животот кој треба да ми помине како трката на Шумахер на Хунгароринг.

    Така да не е до сељачизам - до брзината на живеењето е :D

    А како беше она на Лафонтен со желката? Ти текнува :)
    Епа јас сум желчето. Сега веќе да :D
     
    На Naked Gun, dancing.queen, SexyLady и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    57.493
    Сакам да кажам...

    А одамна сакам да пишам за брзината на живеењето, мултитаскингот и оптимизацијата до бесвест.

    Деновиве сум страшно оптимизирана.
    Читам книга додека ги чекам децата да завршат со некои од активностите на кои ги носам, а на некои од нив и им се придружувам - за да го искористам времето паметно!
    Ставам садови во машина додека пијам пиво со другарка, и разговараме за животни прашања.
    Сурфам по интернет додека јадам.
    Се шминкам, јадам и пијам кафе додека возам.
    Го тркалам орбитрекот додека гледам телевизија.
    Уште да можев некако да имам секс додека пуштам машина за алишта и пружам веш, ќе беше совршено!
     
    На Naked Gun, angelche16, Trendafilka и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    57.493
    Добив уште една идеја како да го искористам времето подобро, која утре ќе ја спроведам на дело!

    Утре службено треба да одам до едно место на 2-3 саати возење од тука, па со мене ќе дојде една другарка која моментално е на одмор. Времето поминато во возење ќе го искористиме да си поприкажеме, затоа што и немаме многу време за дружење и муабети. После јас ќе си бркам работа, она ќе прави нешто, и на враќање - пак уште една тура муабети.

    Ем дружба, ем служба! Идеална комбинација! :D

    Ааа, да, фор д рекорд, порано патував со еден колега, па додека јас возев, тој ми читаше весници, да бидам во тек со случувањата :D
    Често патувавме заедно, па на крај на заебанција почна да ми чита книги :D

    А бе да си најдам добро друштво, и испити ќе почнам да спремам додека возам :D
     
    На Phyramide, Annath и rossonerka им се допаѓа ова.
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.340
    Јас по природа сум си малку флегма. Поточно си бев,ко кучево иста мрза, турни ме да кинисам..
    [​IMG]
    Се чешлав еден сат, се шминкав еден саат, дремев ко теле во шарена врата еден саат, јадев којзнаеколку долго, се заборавав да џвакам и слично..
    Е сега, откако станувам прерано за на работа, а многу ми е мачно дека е толку рано си давам 20 минути да се спремам. Порано за 20 минути се молев до тоалет да појдам. Насабаље кога станам одма одам се мијам, физиолошки потреби, секојдневна влошка ставам со брзина на светлината, ко оние кинезине на фабрика :D После се облекувам, се чешлам, дури и плетенки плетам на коса (во последно време носам една настрана со шнола фатена). За 4 минути имам лесна пудра ставено, маскара, лабело, абе војник прав, смотрА!
    Многу често ми се случува 200 работи во исто време да правам, како што кажа Ариел, ако треба да одам на некој состанок на друго место, вкола сјаеви ставам, зборувам на телефон, возам и туку буричкам во тоа чантата дали имам се земено, да не треба да се враќам |(
    И кога ке се вратам дома турбо сум цело време, јас си мислев ај на работа само така на брзина ке ми оди, кога ке се вратам дома пак ке си легачам, али шанса нема. Никој не е вратен од работа кога ке се вратам, малку покасно си идат моиве, јадења правам, се пресоблекувам во исто време, и после пак ке ми излези нешто да не можам да седнам. Не ни осеќам кога поминала неделата. И сега како сум истренирана за излегување одма се средувам, не по 2 саати како порано. Истуширана сушам коси, се пеглам, одма сум готова. Арно ми требаше вака да се научам. Единствено ми е криво, така што ми поминува времето набрзина немам осет некогаш ни кој датум сме, кога ке видам кој датум дошло коса ми се крева. :geek:
     
  6. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    53
    Факт е дека се живее брзо ,со 200 на саат ама ајде нели такви дојдоа времињата...нема везе.А ова дека немал некој време 2 мин дома да исече нокти ,или 30 сек да се јави на домашните,или 1 час за ручек со нив...пффф мислам дај ве молам тоа се само пусти изговори на некои недораснати лица.Секој има време колку што сака да има .
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.314
    Допаѓања:
    18.073
    Пол:
    Женски
    Факт е дека брзото темпо на живот почна да ни се наметнува на сите нас, па дури и на најмалите. Па човече, не можам да ја изнавикам внука ми да дојде на гости (блиску сме), се нема време, од дома не излегува, во основно решаваат задачи математика шо ја не знам денес да ги решам (а секогаш си се трудев да извадам 5ки и во основно и во средно), детево е цело обврски, де на школо, де на еден јазик, де на друг, де на тенис. Eднаш ме шокира со признанието па тето од толку што сум зафатена, јас некогаш заборавам да јадам. :!: :x Убава работа, за мерак. Ако ја прашам дали памети кога последен пат се изнатрчкала и се изнаиграла во маало сигурно ќе ме погледне бледо и ќе се подзамисли. Па човече, тоа ли е детство? И ја учев у основно баеги и имав хоби на кое му посветував два часа три пати во неделата, ама бре се знае...слободно време за играње, шетање, скокање имав. И што е полошо, со годините станува....полошо.

    Мада ја за оваа појава горе што ја спомена росоњерка (пример сечењето нокти во автобус, од која што сама помисла ми се бљуе) не го обвинувам само брзото темпо на живот. На запад да не не се живее брзо? Па човече има луѓе шо живеат во Англија, а работат во Франција и секој ден се по авионите и имаат време бре и да се скоцкаат и да јадат и да пијат и да спијат. Ај да немаат време за семејството бла бла донекаде сфаќам (иако јас лично никад не би си дозволила), ама бре да немаш време за себе...

    За оваа појава јас си го кривам нашиот табиет. Никад не сме биле приморани тоооолку да брзаме, имало време и на гости да се оди и за слави да се дочекуваат по 50 души и секој ден по комшиите со саати (гледам по фамилииве моја и на мм) а сега нити некој има време да ти дојде нити ти да му отидеш.
    Темпото на живот не мора да се менува, ние мора да се менуваме. Сме заборавиле што значи организација на време, па Германците план си пишуваат за секој ден шо ќе прават. Коа ќе треба некоја работа административна да се заврши во одреден рок, дали сте приметиле дека првите два дена по шалтерите е штама, а 90% од тие шо треба да завршат работа се обесуваат по шалтерине на последен ден? Ете тоа е проблемот, брзото темпо не е криво за ништо, доаѓа спонтано со 21иот век.

    Човече денот е 24 саати од кои од 8 до 12 еве да сме на работа, 8 да ни се сосем доволни за спиење (мада ретко кој спие толку) и ете имаме уште минимум четири саати за тие основни работи. Oрганизација му е мајката.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.348
    од што имаме брзо темпо на живот мајка ми кога дојде на гости неможеше да се изначуди, се налути и си замина (живее во провинција да нагласам и таму како времето да застанало), и дури зборела дека мојов цело време бил на работа не ми обрнувал внимание итн итн а не дека јас сум посјајна...

    мислам горе наведеново нема врска едноставно имаме брз живот ама организиран и не некои луѓе им е несватливо, ама во вакво време треба да се одредат приоритетите. ние работиме многу за да заработиме многу ама не сме робови, си трошиме квалитетно, шетаме, си наоѓаме занимации излеваме купуваме патуваме се сексаме секој слободен момент го користиме за нас токму заради фактот дека секогаш негде брзаме.

    за возрасните сваќам ама што ги малтретираат децава незнам што е работа слушнав некни дека 4 годишно девоче го праќале на курс на некој јазик. и јас оваква :o и викам а малата знае да зборува македонски?

    и гарантирам дека не вреди треба да се потсмириме и да си го живееме животот да си посветиме време на себе и на своите најмили.

    трката со времето никогаш не се победува па затоа не се преоптоварувајте.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.973
    Пол:
    Женски
    Мајка ми често ми се чуди ми вика: леле дете како ли издржуваш?
    Има денови кога по цел ден не сум прибрана дома, или доаѓам само за да сменам гардероба и пак излегувам. Имам пореметен биоритам, нездрав живот, нередовно јадење и спиење и дрогирање со кофеин. Свикнав на таквите навики што се дел од мојот живот веќе неколку години. Успевам да најдам време и за предавања на факултет, и за учење, и за пилатес и други физички активности, и за грижа за кучето, и за чистење низ дома, собирање и пружање алишта, миење садови, смукање и бришење прашина... За се може да се најде време, ако се има добар распоред.
    Некогаш ми е преку глава од се и знам да си го фатам куферот и да отидам на планина на неколку дена. Едноставно да здивнам од сите обврски.
    Јас не знам кога последен пат сум имала слободно време, онака да се излежавам и да безделничам. Ја читам темата „Што правите кога ви е досадно“ и не знам што да одговорам. Јас немам време за да ми биде досадно.
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.314
    Допаѓања:
    18.073
    Пол:
    Женски
    Може моево шо го напишав за некого нема врска, но искуството зборува од мене, не зборам на памет. Значи, јас и редовно пратев студии и редовно давав испити, хонорарно работев од дома и на маж ми му беше се' средено, еден ден неиспран, неиспеглан и гладен го немам испратено на работа а и без ручек го немам оставено, па ете никогаш не сум се нашла во ситуација да трчам, да доцнам некаде. Плус, имам 2 часа слободно време кои ги обезбедувам за попладневно пешачење со мм. Клучот - организација на време, секако барем приближно, ете некои работи не можеш да ги предвидиш.

    Пак ќе речам 24 часа во прашање се, да ти останат максимум слободни четири, мислам срамота е да се најдеш во ситуација да миеш заби во јавно веце или да сечеш нокти во автобус. Ај, јадење по пат и шминкање набрзина во кола проаѓа некако, скоро сите сме се нашле во таа ситуација, ама бре човече ако ти брзаш не мора цел народ што те гледа да му се згрози од некои твои навики. Ај од шо големата нужда мн време ни одзела да се бришеме пред зграда...ама озбилно, се си има свои граници.

    А мене не ми е јасно еве некој вели во метрополава никој немал време за ништо. Па човече среде работен ден среде работно време во дуќаните и кафичите не можеш игла да фрлиш од луѓе. Значи, сепак сме имале колку-толку време.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.914
    Допаѓања:
    76.691
    Jaс мислам дека ако се сака,за се се има време!
    И јас станувам пред 7 ,некогаш од работа завршувам порано некогаш не,некогаш сум по цел ден излезена ,но секогаш имам време дома за да зготвам јадење ,да се средам за утрешниот ден,да исперам алишта и се друго.Едноставно таква сум.Плус обожавам да готвам и преферирам да зготвам нешто набрзина колку и да немам време,него да направам еден богат сендвич.
    Е сега во Скопје е подруго неголи во помалите градови.А да не зборам пак за другите светски метрополи.Е таму не брзо,пребрзо темпо,кое тешко е да го фатиш.
    Ете да речеме во моето градче,да си до 16часот на работа,најкасно до 16,15-16,30 ќе стигнеш дома.Зошто секаде брзо се стигнува пешки :lol: а со кола или такси рачунај 5 мин.Скоро цел ден ти останал.
    Тука оди порано да бркаш автобуси ,па ако си со кола ќе те зафати гужва,и кога ќе дојдеш дома па уште и ако требало да смениш два автобуса,е тогаш ти се темни пред очи..Ми се случува најчесто кога ќе се зафатам со работа,да заборавам да доручкувам.Така си навлеков уште поголеми пробблеми со желудникот па сега гледам пред да тргнам на работа ,да станам барем 10 мин порано да изедам едно јаболко.
    Јас обично не легнувам штом ќе стигнам дома,зошто ако легнам после нема станување,ме фаќа мрза.Си правам едно кафенце так да ме размрда, па што имам обврски ги извршувам ,мавам туш и се релаксирам.Имам време и за гости и да им спремам мезе а и јас да појдам некаде.
    Но времето навистина брзо минува,пребрзо.Кога ми почна неделата а кога завршува.Ете морам и сабота и недела да работам. :doh:
    Не ги оправдувам таквите кои велат -немам време за ништо.Тетка на дечко ми која е докторка и има ординација во Скопје,патува еден саат со автобус натаму и наваму но во 16,30 пак е дома.И одма јаде што ќе и дојде при рака и со кришката леб заспива до 19,20 часот :yawn: .Станува и си седи еден саат со цигара во рака па си ги гледа сериите и во 23часот е во кревет.И вели-немам време ,отепана сум!Маж и и девојчето немаат цел живот каснато готвено.За гревови се.Ги пере само во недела а некогаш и преку една недела.Ама таа сака да си се посвети на себе,се тинтари ова она,а другото не ја занима.На 60г не знае едно пиле да испече.....
    Значи ако се сака се се може.Зависи од индивидуата .Ако ве зафатила голема мрза ,тешко вас,никогаш нема да најдете време ама баш за ништо :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.870
    Ние у Македонија сме помислиле само на такво темпо и филм ни е зошто го гледаме само на филм!!!
    Сега да поминам на улица Македонија,сите пијат кафе од 11 саат веќе.
     
    На Magnolija, eli25, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.348
    девојки во строгиот центар секогаш има луѓе кои пијат кафе од мн едноставна причина-центар е !

    односно, дали студенти од факултет, од банки од министерство, странци, се се собира таму , луѓето имаат паузи, чекаат документи или имаат состанок не е битно кафиќите се секогаш полни така да сметам дека не треба да навлегуваме во тоа дека луѓето немат време а висат по кафиќите. тоа е сосема друга тема.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Е тој феномен кој може да си го патентираме како чисто македонски, ми бил отсекогаш интересен.

    Еднаш се сеќавам шетав по улица Македонија, сонце пролетно некое прекрасно, јас слободна, кафичите преполни, работен ден и посакав да се напијам кафе - ама со друштво. Почнав да им вртам на другарките и другарите и добив одговор - срце во фрки сум, не можам да се ослободам од работа.
    И така по 10 броја сфатив дека кафето ќе го пијам сама и си реков - добро, кој го пие кафево во екот на работниот ден и како ли е можно да се преполни кафичите? И сконтав.
    Луѓето кои вистински работат а не само као демек „знаеш мацо ја иам фирма, гледај ги клучевиве, и кога потпишувам фактура користам мобилен“, евентуално не се студенти, евентуално не се газди, евентуално не се невработени со парите од пензијата на баба - немаат време за кафе преку ден и прчење по скопските кафичи.

    А за тоа колку ни е хектичен животот говори и фактот колку навистина имаме премалку време за своите најблиски, или најблиските за нас.

    Човече па ми се случува дури и на одмор кога сум да сум во фрки, затоа што не постигнувам да јадам од толку кафиња кои ми се договорени преку ден. Онака - планирано слободно време, во 9 боза, во 10 кафе со Марица, во 11 тулумба со Ивица а морам тука да го уклучам и Перица, затоа што во 1 сум веќе на фризер, па во 3 на нокти...и така :D

    Ти се плукнам у времето!
     
    На Ariel и ines.h им се допаѓа ова.
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.932
    Јас сум ти човек а.к.а Спиди К(Г)онзалес.

    Брзам за се, цел живот сум во брзање. Ова-она, 30 активности во исто време, ко оперативен систем Linux сум ебаго. :lol:

    Блазе им на оние што се си прават полека, смирено.

    Оние кои живеат со брзо темно на живот, побрзо и ќе им заврши. :)
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    Баш оној ден прочитав дека во нашата држава во 1 год. има 59 неработни дена (празници, викенд) значи од цела год. 2 мес. не се оди на работа е тоа го нема во др. земји.
    Не би го нарекла брзо темпо на живеење туку неорганизираност. Таа неорганизираност се јавува кај некои поединци кои одат на работа а оние кои не одат на работа нема што да организираат т.е нивното време и така ги завршуваат некои обврски спонтано. И најжално е кога баш таквите ќе кажат ,,немам време,,. Живти се што правиш по цел ден освен што крстиш вода по куќи :), пиеш кафе по термини, спиеш по 10 саата....
    Обврските ни го налагаат темпото на животот. Не се исти ако си семеен човек и кога не си. Ако си семеен човек е тогаш децата ти го диктираат темпото :) ама озбилно, а ти само треба да си среќен кога успееш да од тоа време украдеш малку и за себе и посветиш внимание на сопругот. Кога не си семеен човек сам си правиш распоред :)
    Работата е таа, работиш по 8 часа. Не е како на запад 9-12 часа. Ако и тие 8 часа се многу тогаш да бараме нови реформи :D .
    А тоа сечење нокти во автобус, чистење уши, шминкање на раб. место и лакирање нокти е тоа е култура т.е немање на работа на раб. место. Имам забележано по некои институции како си лакираат нокти па дури и изведуваат депилации :puke: Даааа тетката нема време дома да се средува.
    Не ми е ништо чудно, секое чудо т.е не е чудо а кај нас е помодарство и живеење на американ веј
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    57.493
    Денеска пак имав „момент“ со ова брзово темпо на живот, дури срам ми е и да кажам.
    На работа цел ден не стигнав да јадам, а си имав однесено ручече од дома. Решив да се потстегнам малку за свадбата на другарка ми во јануари (нели другарките на невестата мора да се најубави), па си готвам некои бљунтави варива, и си носам на работа од нив, за да не јадам тесто.

    И така јас денес си отидов на работа со варена боранија, која не стигнав да ја изедам. Стана веќе 3 саат, морав итно да тркнам до Куманово, а во 5 да морав да бидам во Скопје на еден настан, значи свесна бев дека до 7 како и да земеш нема да јадам. И за после не се знаеше дали ќе имам време да одам до дома, или ќе продолжам на една собиранка.

    На враќање од Куманово, мртва ладна си ја отворив тоа боранијата, и си ја изедов по пат додека возев :wasntme:
    Значи кога возам нон стоп јадам, ама јадам гевреци, сендвичи од бензинска, чоколатца, грицки, а манџа мајке ми до сега не сум јадела зад волан! Добро, ова не беше баш манџа, немаше течност, ама така иде зборот :D
    За жал немав нож да си ја излупам и изецкам краставицата што си ја понесов да си направам салата :D
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Дали дека сеуште не сум се соочила со некои сериозни обврски мене немање време никогаш не ми оправдување за ништо, аа најмалку за дружба со пријатели.
    Имам неколку другарки кои месец дена пред колоквиумска не можеш да ги извадиш од дома, ни по леб и млеко не се симнуваат, демек цело време учеле. Или други кои демек работат и се уморни.
    Сфаќам се, и учење и умор, ама можам да организирам, од 10 до 3 ќе учам, па ќе ручам до 4, од 4 до 6 ќе учам, па ќе одам на кафе до кај 8-9 и после до 12/1 ќе учам. Или ќе се вратам во 5 од работа, ќе одморам до 7-8 во 8 ќе се најдам на кафе, ќе седам до 10 и во 11 ќе бидам истуширана во кревет.
    Јас барем досега никогаш изговор не ми било немање време, обврски се друго, ако морам во Министерство да бидам во 1, неможам кафе да закажам еден час пред или потоа.
    Или немала време за себе, па ќе нема што откако ќе се врати од работа јаде и спие до 10, ќе стане ќе седне на компјутер ќе грицне нешто до 11, под туш и во кревет. Па нормално дека така ќе нема време, ни за себе ни за другите. ОК е, неколку дена во месецот, се случува да бидеш претепан ама па секој ден, не прифаќам.
    Трчањето по автобуси, на сите страни пак е последица на немање време, или поинаку кажано на неспособноста или незнаењето да си го организираш времето.
    Ми се случувало да морам да одам од еден до друг крај на градот, уз пат да завршам обврски, да се вратам во центар, пак да заввршам други обврски и да стигнам негде на време. Ќе излезам 20 минути порано, за во случај негде да се задржам, на друго место да не задоцнам.
    Ќе си лишам од утринското кафе или спиење +20 минути, ама па нема да се изгубам во обврските.

    Можеби грешам, можеби сеуште не сум ја осетила негативната страна на обврските кои мораат да се завршат, па затоа сега тука нижам бисери, ама ако се сака се се може.
    Неможе во 15 до 8 да излезам од дома а во 8 да бидам во центар, поготово не со утринскион хаос, и нормално дека ќе доцнам на работа и ќе возам брзо, а ако излезам во 7 и 30 поверојатно е дека ќе стигнам на време без стресни ситуации, а тие 15 минути сигурно нема да ме наспијат.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    47.868
    Пол:
    Женски
    Јас и кога сум била презафатена не ми се случило да правам нешто по пат, да јадам по пат и сл.
    И од работа на факултет, па на работа, па излегување, ама некако пак се наоѓа време.
    Што знам, не можам никако да разберам како некој се жали дека нон стоп нема време, а уствари ништо не направил. :wasntme:
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Велам немам време кога некој ме викне нанекаде а мене не ми се оди или кога ми се скара мајка ми дека ме немало да и се јавам цеееела недела. |(

    Дека трчам по воз секое сабајле си трчам, ама тоа ми е оти сум преголема спанка! За да поспијам подолго уште вечерто си спремам што ќе носам, од облека до кондури, да нема утре ова не оди со она, не оти јас толку видам во 6 сабајле. За сабајлето оставам само рекордерно брзо туширање заби миење, чешлање и на две на три шминкање, толку и се шминкам де. Не доручкувам. Фрлам алишта на мене, земам ташната, клучевите и дим да ме нема. Петнаесетте минути пешачење до железничка си го сметам за утринско вежбање. Кафе си купам на железничка, го пијам на воз додека читам вести или бришам junk mail...патувам еден саат, мора на нешто време да се троши.

    Стигнувам на работа и работам 4 саата со паузи за кафе-мафе, и дошло време за ручек. Обично јадам некој сендвич набрзина и фатам света до град, да размрдам нозе за саат време(пак вежбам :) ), да купам по нешто, оваа година цел божиќен шопинг го на пауза за ручек правев. Се враќам на работа работам уште 3 саата со паузи за кафе-мафе-фемина :lol: и правец вовчето назад накај дома еден саат. Пак пешачам 15 минутки до дома...вежбам! И кога ќе ми рече некој вие канцелариските работници треба да вежбате 3 пати неделно, алооо јас 3 пати дневно! :fubar: :!: :P

    До вечера има два саата, ОК таа вечера треба и да се направи, ама додека се пече или крчка имам време да се јавам на мајка ми, ако не терам некој инат... па и да плетам ако сакам! Чисто слободно време. Ако вечераме надвор од дома па уште повеќе слободно време! После вечера следува миење садови, винце, муабет, некоја драма на ТВ, книга...си спремам алишта за утре и си легнам.

    За викенд додека ја погодам свекрива ми со тоа што ќе испазарувам и за неа јадење и пиење уз пат кога пазарувам за нас дома, прошетам покрај некоја река или езерце за зеленило на очите и ќе квакнам со друшво во некој паб во недела на ручек да си се пожалиме или пофалиме што ни се десило.

    По дома не чистам, плаќам жена да чисти и пере, оти јас немам време на мама да се јавам, а па кога ќе чистам и перам! :x