Ова е приказна за Брида, млада и убава Ирка, и за нејзината потрага по спознанието на светот. На тоа духовно патување, таа ги запознава мудрецот што ја учи како да ги совлада своите стравови, и жената што ја учи да танцува наслушувајќи ја скриената музика на светот. Тие ја препознаваат надареноста на Брида, но мораат да ја остават сама да дојде до крајот на откритието. Додека трага по својата судбина, Брида се обидува, со многу тешкотии, да најде рамнотежа меѓу љубовта и желбата да се промени. Брида е трогателна приказна за љубовта, за мистериите и храброста, за духовната страна на еросот и еротичната страна на духовноста. Книгава е прекрасна
Книгава си ја читав некако меѓу редови и има добра поука. Еве неколку извадоци: “На светот не постои ништо што е сосем погрешно... дури и часовникот што не работи, успева да биде точен два пати во денот”. „Разочарувањата, поразите и губењето на волјата се орудија што Бог ги користи за да го покаже патот.“ „Го проучуваме она што го гледаме, а не го гледаме секогаш она што постои.“ „Само затоа што бев сигурен дека постоиш,продолжив да постојам..“
"But how will I know who my Soulmate is?" Brida felt that this was one of the most important questions she had ever asked in her life. By taking risks’ she said to Brida. "By risking failure, disappointment, disillusion, but never ceasing in you search for Love. As long as you keep looking, you will triumph in the end..." Реченициве ги слушнав од некој друг, но доволно е да ме убеди дека книгава вреди да ја прочитам. Спојлер Предолго е, инаку би ја ставила на потпис.
Книгата дефинитивно треба да биде прочитана. Сепак е повеќе за тие што го сакаат стилот на Пауло, и секако за оние кои се по спиритуални, вреди тогаш да се прочита. Ја искрено ова прво ја прчитав па после Алеф, али некако оваа многу поголем впечаток ми остави за разлика од Алеф . некако подлаблока ми изгледа, зашо у Алеф пример конкретно се дознава кодот на авоторот додека во книгава се иде онака постепено се до самиот крај односно до нејзиниот успех да го достигне тоа по кое таа копнееше