1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Британски визи

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од novafeminka, 27 февруари 2013.

  1. novafeminka

    novafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Здраво драги феминки, дали некој има до сега аплицирано за туристичка виза за англија? Ако може да споделите искуства.. посебно ме интересира како да ги предадам документите во амбасадата, дали 'на купче' или да ги подредам некако
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Виза за англија

    Сега веќе визите за македонски граѓани се издаваат во Белград. Се аплицира преку веб (http://www.visa4uk.fco.gov.uk/) и се пополнува прашалник. Кога ќе се пополни и поднесе прашалникот на маил ќе ти пристигне известување со референтен број. Тој број е потребен за да се изврши плаќање кое може да се направи само со картичка исто така преку нивниот сајт. Мислам дека рокот за плаќање е 7 дена а визата чини 100 евра. Скапичко малку ама тоа тие е.
    По плаќањето ќе добиеш маил со известување дека истото е прифатено и треба повторно да идеш на сајтот, да се најавиш со референтниот број на апликацијата каде ќе можеш да закажеш за интервју за виза. Интервјуата за македонски граѓани се во Скопје и Британската амбасада се наоѓа во ИЗИС (тоа ти е на Водно). Можеш да закажеш во некој од термините кои се на располагање од Понеделник до Четврток. Во Петок амбасадата не работи со апликанти. Внимавај на време да ги собереш сите потребни документи и да приложиш доволно докази (карти за авион, платен хотел, извод од сметка....). Ќе ти треба и слика за визата (мислам 3х4,5 см. сите фотографи знаат каква треба за Британска виза).
    Документите се предаваат во амбасада за време на интервјуто. Во рок од 5 до 15 работни дена ќе ти се јават со инфо дали си добила виза и ако си добила кога можеш да ја подигнеш (од 12 до 16 часот).
     
  3. novafeminka

    novafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Виза за англија

    Ти благодарам многу, но не ми е јасно нешто околу преводот.. Ги преведов документите од факултет и работа, дали треба и документите/извештајот од банката да се преведат?
    И кога ги поднесувам документите, сите заедно во една папка да ги ставам или да ги подредам некако?
     
  4. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Виза за англија

    И мене ми треба помош за виза од некој што веќе добил. Слушам различни коментари кое се тотално спротивни, едни викаат не се секирај ако имаш работа на неопределено и ако не си нешто сомнителен ќе добиеш, други викаат без 2000 фунти на сметка, преведени документи на англиски, резервации од хотели, купени карти... нема шанси.
    Јас ќе спијам кај другар, резервација од хотел нема ни да имам, а билетите планирам да ги купам кога ќе ми одобрат. Некој совет?
     
  5. kika24

    kika24 Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Виза за англија

    novafeminka дали веќе беше да аплицираш за виза па да споделиш искуство? ти благодарам многу.
     
  6. novafeminka

    novafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1

    Да, само што ја земав визата денес :)

    Значи вака, имав гарантно писмо пратено од другар од Англија, дека ќе спијам кај него, на негова сметка ќе сум, како се знаеме и слично, заедно со извештаи од неговата сметка во банка, и последните шест paychecks, и копија од последна телефонска сметка. Немаше нешто посебно пари, едно 500 фунти настрана. Јас за мене дадов потврда за редовен студент, уверение за положени, сметка од банка (и јас едно 500 фунти настрана), и документот за данок од Америка, и План на патувањето, неколку страни ден по ден што ќе правиме со цени со све.
    Немав купено ниеден билет, а сите документи кои беа на македонски ги преведов, ама не се многу, а има судски кои преведуваат за по 250 денари од страна така да..
    Индекс не бараат, нема интервју, само ти ги хефтаат сите документи заедно, ги праќаат до Белград и тоа е тоа. За помалку од две недели ми се јавија, идеш во амбасада и само паошот со визата ми го вратија.

    Тоа е тоа, ако ве интересира уште нешто прашајте :)
     
  7. kika24

    kika24 Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ти благодарам многу. Во меѓувреме аплицирав и јас. :)
     
  8. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Ве молам за идеја каде да ги однесам на превод (каде е тоа по 250 ден. од страна)? Јас имам многу документи, ако преведувам се ќе ме чини цело богатство. Ве молам некоја да и помогне што е најбитно за нешто и да редуцирам. ЈАс планирав да го поднесам следново:
    -Потврда од раб. дека ми даваат слободни платени денови
    -Договор дека сум на неопределено (само тој е 5 страни)
    -Спогодба за преземање (бидејќи скоро променив раб.место) па да им бидат логични различните фирми од кои сум зела плата кога ќе видат извод
    -М1/М2 обрасци
    -ПДД пријава-доказ за заработка лани со платен данок
    -Писмо од другар дека ме кани, дека тој ќе плати за летот,сместувањето,храна...

    Ако платам за превод на сето ова... отидоа паричките
    Ве молам некоја за идеја :)
     
  9. kika24

    kika24 Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    kmaja провери си дали сето ова ти треба оти не само што ќе треба да преведуваш, треба после и на нотар да ги носиш документите за заверка на преводот.
     
  10. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Заверка од нотар не е потребно бидејќи судскиот преведувач гарантира со потписот и печатот дека тие се верни на оргиналот. Имам смислено горе доле што ќе преведам па сега со Господ напред...:D уште малце дојде време за аплицирање. Иако ми е многу страв да не ме одбијат...
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.020
    Пол:
    Женски
    ајде со среќа.ако се биде во ред со документите,ќе ти дадат виза.па ако добиеш,пушти некоја фотка од англија ;)
     
  12. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Дадени за превод, писмото патува од Англија, јас си чекам, се спремам психички и така :D Ќе ве известам за детали
     
    На ludoto19 и hermosa им се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Aбе, мене ми беше заклучено тоа, значи не можев да аплицирам, сега гледам го пуштиле Aлелуја, може да се аплицира.
    E сега јас контактирав со феминкава погоре, таа ми кажа прво документи да се спремат, после аплицирање, да не ми се јават за 2 дена па неспремна да одам :D
    и сега? писмо треба? покана? :?:
    дечко ми инаку не е државјанин на Англија, ама живее таму долги години :)
    и за колку време вас ви ја дадоа визата? :?: и во Скопје ја подигнавте?
    Eдит
    и за летот луѓе, ние баш гледавме преку

    http://wizzair.com/mk-MK/Search , некои денови може да се најде карта и за 4000 денари :)
     
  14. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Реков ќе ве известам па да си кажам, аплицирав, денес бев во амбасада, ги предадов документите па сега чекаме
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.020
    Пол:
    Женски
    ти држам среќа :* .и пак да споделиш со нас,чекаме убави вести
     
  16. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Девојки добив виза, и многу сум среќна. Се исплатеше толку чекање и нервози
     
  17. herbalifka

    herbalifka Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво дали сте пишувале маршута на патувањето јас сакам да аплицирам па да имам примерок како треба да ја напишам
     
  18. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Девојки ми требаат неколку информации околу добивање на туристичка виза. Какви документи се потребни, колку чини, дали се оди на интервју и што би била причината доколку те одбијат за виза?
     
  19. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    ги доби информациите или да пишувам :))
     
  20. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    @jasmina00 ај те молам пиши за и ние да видиме :) сакаме да одиме за крисмас во лондон, али не се сите со еу пасош, па мора виза :)
     
    На jasmina00 му/ѝ се допаѓа ова.