Kaj mene denes se smena vo Aplication received by VAC. Dobiv i email od TLScontact deka odluka e donesana i deka za brzo ke bide praten pasoshot. Denes tocno 4 nedeli od koga bev vo TLS
Здраво, би сакал да го споделам моето искуство со добивање на Британска туристичка виза. Пребарубав на интернет па не најдов некој детален пост околу процесот па би сакал да споделам со оние кои во иднина сакаат да аплицираат. Јас поднесов документи во Tls Contact на 29ти Јуни ( од тогаш се рачуна врееметраењето на процесот за издавање виза) и визата ја добив на 1ви август. Процесот за апликација за Британска туристичка виза е доста лесен и едноставен. Агенциите (претежно туристички ) кои посредиваат земаат околу 50 евра за посредување, процес кој можите сами да си го направите и плус ви земаат околу 280 евра во која е вклучено такса за визаи услуга за центарот TLScontact која што е надлежна за апликација на визи. Агенцијата ( туристичка ) ви нуди да ви ја пополни онлајн апликацијата и да ви закажи термин, нешто што ако знаете англиски можите многу лесно сами да го направите. Јас аплицирав сам без посредство на агенција па ке ви го споделам искуствто и се надевам ќе биде корисно за оние што сакаат да аплицираат во иднина. За такса за виза и услуга на TlsContactплатив вкупно 187 евра. Најпрво што треба да направите е да ги соберете потребните документи што ви се потребни за Британска туристичка виза. Документи кои јас ги поднесов се следните: 1.Confirmationletter од работа каде јасно стои дека сум вработен, колку време работам во фирмата, колку плата земам месечно и што позиција работам. (Прашајте во фирмата во која што работите дали овој документ можат да ви го издадат на англиски за да немора да плаќате превод.) 2. Потврда од работа односно образец М1М2 (Ви го даваат од фирмата каде што работите.) Овој документ е на македонски и ќе треба да си го преведите. 3.Доказ за заштедевина. Јас зедов ваков документ од НЛБ Банка која можи да ви го издаде на англиски јазик, си плаќате 100 денари за тоа. Добро е да приложите повисока сума на пари . Во истиот документ можи да биди наведено дека имате примања од плата на трансакциона сметка и доколку имате штедна книшка. Колку повеќе пари имате толку подобро. 4. Потврда за казнена евиденција. Документ кој можете да го извадите од Основен суд и е доказ дека против вас нема правосилни осудителни пресуди. 5. Стар пасош/и доколку имате и доколку сте патувале предходно каде јасно е видливо дека има печати и визи од останати држави. Јас лично доста патувам и имам доста печати и визи од други држави што е доказ плус дека патување во Велика Британија е исклучиво за туризам. Останати документи кои можи да ги приложите. Јас од овие немав и не доставив: -Уверение за поседуван имот -Доколку имате некој во Велика Британија ( јас немав ) гаранција дека ке престојувате кај него и на која адреса. ( Во една агенција кога се распрашував ми рекоја дека без гарант од Британија нема шанса да се добие виза. Јас немав гарант па добив виза). Документи кои не се потребни и не треба да ги носите и за кои јасно стои на нивниот официјален веб сајт: -Авионски карти - Сместување од букинг и сл. -Слики -Сообраќајна дозвола, возачка Повеќе за кои документи ви се потребни и оние кои не се потребни можите да видите на следниот линк: https://www.gov.uk/government/publi...guide-to-supporting-documents-visiting-the-uk * Сите документи треба да бидат преведени на англиски од овластен судски преведувач. На преводот обавезно да стојат контакт информации од преведувачот како адреса, телефонски број за контакт и сл. Следен чекор што треба да направите е да аплицирате онлајн и да го пополните формуларот на нивната официјална страна: https://www.gov.uk/standard-visitor Треба да си направите акаунт и да почните со популнување на формуларот. Гледајте сите податоци кои ги внесувате да бидат точни. Неколку од прашањата што треба да ги пополните: -каде сте патувале во последните 10 години ( мора да наведите од која дата сте влегле и излегле од државата ) - колку плата земате -колку месечно трошите -колку планирате да потрошите во патување во Велика Британија и сл. Пополнувањете на формулатор траеше околу 1 и половина час. Откако ке завршите со пополнување на крајот од апликацијата треба да платите за визата. Ви даваат опции да си одберите колку сакате да ви трај визата. Имаат 6 месечна, 2 годишна, 5 и 10 годишна виза. Јас аплицирав за 6 месечна виза која ја издаваат со мулти влез. Цената за визата беше 121 евро. Откако ке платите за визата следен чекор е да закажите термин за да ги доставите документите ( пасошот ) да ве сликаат и да ви земат биометриски податоци ( отисоци од прсти ) Откако ке платите за визата следете ги чекорите на истата страна кои ке ве однесат на страната на TlsContact. Кај нас тоа се прави преку центарот за визиTLSContact која се наоѓа вoтрговскиот центар Соравија во Скопје. Закаживањето на термин и за услугата ке ве чини околу 66 евра. TlsContactви нуди различни услуги за кои се доплаќа дополнително. Ви нудат опција да ви ги скенираат документите кога ке одите на закажаниот термин и тоа се доплаќа 38 евра плус. Исто нудат опција пасошот да ви го задржат само некој ден а за тоа се доплкаќа 100 евра. Кога закажувате термин одберете SelfService и сами скенирајте си ги документите и имате опција да ги ставите на истиот сајт каде што закажавте термин за виза. Сите документи мора да бидат скенирани во боја во А4 формат во ПДФ формат. Доколку имате еден ист документ на англиски и македонски да биде зачуван во ист ПДФ документ. Кога одите во Соравија на закажаниот термин на рецепција ке ви побараат пасош и прва страна од формуларот за виза. Кога отидов јас на терминот ми го зедоа пасошот го скенираја и ми ја зедоја првата страна од формуларот за виза. Ми дадоја документ да пополнам каде сакам да ми биде вратен пасошот. Цената на враќањето на пасошот е вклучена во таксата за виза. Сите останати документи кои ги имав во оригинална форма не ми ги побараја затоа што веке ги имав скенирано и ставено на нивната страна. Потоа ви снимаат кратко видео каде што треба да кажите име и презиме и дата на раѓање ( на македонски ) ве сликаат и ви земаат биометриски податоци ( отисоци од прсти ). Погледнете видео од целиот процес на апликација и закажување на термин. Документите се прааќаатvoUKVI ( UK Visas and Immigration ) Во Велика Британија и таму се носи одлука. Времетраењето на процесот и враќање на пасошот ми рекоја дека е во просек од 6 недели. Конкретна информација немаат а можи да биде подолго или пократко. Документи кои треба да се носат во TLSContact според нивната официјална страна се: - Прва страна од формуларот -Потврда за платена виза и услуга ( не ми побараја ) - Копија од сите документи во боја во А4 формат ( не ми побараја ) Процесот на визата можите да го пратите доколку се најавите на нивниот сајт. На емаил ке ви пратат линк кај што можите да се најавите и да ја следите постапката.
По твојот пост можам да заклучам дека си доста упатен во самиот процес на апликација. Ние ја поминавме истата процедура, аплициравме за туристичка виза за мојата мајка и мојот син кои одат во посета на сестра ми која 23 г е во Англија. Веќе пишував и погоре во постовите, на 13.06 бевме во TLScontact и постојано ја пратам апликацијата и се уште стои на третиот чекор, не е пратена во VAC, 8 недела завршува. По она што видов, веќе некои добиваат и за 4 недели. Совет каде да се обратам? Помина летниот распуст, а моите уште не заминаа за Лондон ви благодарам на времето
Zdravo Otvorigo sledniot link. Imas opcija da gi kontaktiras ukvi direktno preku email. Se plaka 2.74 funti https://www.gov.uk/contact-ukvi-inside-outside-uk
Извини, откако ти беше штиклирано дека апликацијата ти е пратена во VAC, за колку време го доби пасошот, и дали во мејлот те известија дека ти е одобрена виза или не? Те молам за брз одговор, ти благодарам
Здраво, во TLScontact бев на 05.07 веќе 5та недела е а стои Application received by DMC некој да има што бил на тој датум да сподели до каде му е апликацијата? И за колку време стасува пасошот?
Извини, откако ти беше штиклирано дека апликацијата ти е пратена во VAC, за колку време го доби пасошот, и дали во мејлот те известија дека ти е одобрена виза или не? Те молам за брз одговор, ти благодарам
Јас ако ти одговорам, може само да се разочараш, уште на 13.06 бевме во TLScontact, дури вчера се смени статусот и денес добив порака дека е донесена одлуката, чекаме да ги пратат пасошите, но не знаеме дали имаме виза или не
Здраво И јас ќе аплицирам за мене и за синот. Ве молам за инфо дали ми треба некакво полномошно од сопругот за во апликацијата бидејќи само јас и синот ќе аплицираме. Фала п.с. туристички визи со гарантно писмо
Здраво, јас сум студентка во Лондон и дечко ми сака да ме посети на десетина дена. За жал, го одбија за виза во Февруари, баш кога почна војната во Украина. Главен проблем имаше со документите за доказ за финансии и наводно дека немал да се врати во Македонија, али ради хаосот со апликации не дозволија ни да прати поплака или додатни документи. Е сега сака пак да аплицира, ама бараме совет како е најдобро, кои документи ни требаат затоа што е невработен студент? Најважното е да им докажеме дека ќе се врати, ама тоа што еднаш бил одбиен ќе го отежнува процесот. Исто така, ако имате да препорачате некој советник кој ептен се разбира од визиве да помогне?
Нема врска ова со хаосот со апликации, поплаки не се дозволени во процедурата за туристичка виза, ако те одбијат - одбиен си и тоа е тоа. Потешко се добива ако веќе е еднаш одбиен, но не и невозможно. Многу битно е да докаже дека причината заради која бил одбиен претходниот пат, веќе не е валидна причина за одбивање. Е сега, ако било поради финансиски причини, а е невработен, тоа тешко се докажува. Обавезно документи за редовно запишан семестар од факултет, за да покаже дека има нешто што го врзува за Македонија. Ако нема голема заштеда на сметка, тогаш може некој друг да го спонзорира патувањето и сите трошоци околу истото (на пример ти, доколку имаш финансиски услови, или неговите родители). Во тој случај се потребни и документи за спонзорот (потврда за работен однос, висина на плата, изводи од банкарска сметка итн). Доколку и тоа не може да обезбеди, за жал единствена опција е да почека до крај на студии, а кога ќе е во работен однос и со сопствени финансии пак да се обиде. Не би препорачала да оди преку посредници кога веќе еднаш е одбиен, само за џабе парите ќе ги даде. Јас два пати бев одбиена за туристичка виза, првиот пат сама аплицирав, втората преку посредничка. Резултатот беше ист.
Ти благодарам за одговорот. Прво да те прашам, дали на крајот ја доби визата и по две одбивања? Инаку, потврда за редовен студент испративме, меѓутоа таму е наведено дека е запишан во тогашниот семестар и дека студиите се тригодишни. Во писмото зошто е одбиен, наведено беше дека немал “end date of studies”. На факултет му рекоа дека законски не можат да дадат датум бидејќи запишува семестар за семестар, така да мислевме овојпат да извади потврда за пријавени испити во иднина и индекс (како причина да се врати). За финансиите, овојпат би аплицирале со двајцата негови родители како спонзори. Секако тука влегуваат сите документи во врска со работен однос, плата и сл. Едноставно да прикажеме дека не е сеуште самостоен и има причина да се врати. Инаку, првиот пат аплицираше со свои средства од стипендија, но МОН одолговлекуваше и не му издаде потврда за стипендијата. Автоматски, немавме извор на приходите и тоа беше втората причина да биде одбиен. Мене ми е дилемата дали ова би било доволно за да ги корегираме двете причини зошто беше одбиен: немање завршен датум на студии и немање доказ за изворот на финансии. Секако, на крај се сведува и на тоа дали воопшто ќе добие виза како невработен студент или да почека до вработување….
Не аплицирав по трет пат. Во делот за дополнителни информации за визата објаснете дека факултетот не издава официјален документ за крај на студии. Со спонзори со редовни приходи и доволно висока заштеда, би требало да е покриен финансискиот дел. Освен тоа, друго не гледам што би можеле да направите за да ги зголемите шансите.
Дечки, за туристичка виза за Британија колку време се чека и колку кошта ? Јас планирам преку агенција да одам за нова година во Лондон на 5 дена
Моментално околу 30-40 работни дена се чека од моментот кога ќе оставиш биометриски податоци, значи 6-8 недели. Ако успееш да собереш се од документи и да поднесеш во текот на наредните 2 недели би требало на време да имаш одлука, се покасно од тоа е ризик и големи се шансите да не ти стигне пред нова година пасошот. Основната цена е околу 170-180 евра ако добро памтам, плус трошоци за превод на документи, услуга за скенирање на документите доколку не сакаш сама да ги прикачиш итн.