Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Британски визи

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од novafeminka, 27 февруари 2013.

  1. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    А каква е процедурата за добивање виза за деца? Ќе аплицирам за мене ( сопругот не мора), и ми стана до некаде јасно читајќи ве, но не знам за децата што и како, дали исто бараат, трошоци? Ако има некој со искуство да ми објасни :)
     
  2. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Посебна апликација треба за секое дете, истите трошоци се и за нив. Кога ќе ја пополнуваш апликацијата има прашање дали ти си апликантот или пополнуваш за друг, на нивните апликации ќе избереш дека пополнуваш во нивно име.
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    ајде уште еднаш јас :D кога ќе земам доказ од банка колку имам на сметка, после смеам ли да потрошам поголема сума? или пак некаде ми бараат после потврда од сметка?
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.302
    Пол:
    Женски
    Не бараат, јас ги ставив и ги извадив после, ги вратив пошто ми беа заем.
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Не бараат после ништо дополнително, ама ако не одиш со спонзорство од некој тогаш може да те одбијат доколку немаш доставено и изводи од банка за неколку месеци за да споредат приходи и расходи на подолг период и да ги увериш за потекло на парите и дека навистина располагаш со истите. Знам луѓе што добиле виза само со потврда, ама и такви (меѓу кои и јас) што биле одбиени.
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.302
    Пол:
    Женски
    И ова е точно, јас и брат ми добивме, тој дури не беше ни вработен, доби со печат од фирма која веќе не постои и без никаков доказ за приходи, женска ми ја одбија со истите документи.
    Како ќе ги погодиш@Ljubica87 имај си ти се спремно за секој случај.
     
    На Ljubica87 и Estranged им се допаѓа ова.
  7. acka989

    acka989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Здраво, мојот сопруг има документи за одседнатост во ук во моменто е таму и работи.
    Некој дали има искуство како јас и детето да се приклучиме
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.609
    Допаѓања:
    201.941
    Пол:
    Женски
    Верувам дека @Estranged може да те насочи.
     
    На acka989 и Estranged им се допаѓа ова.
  9. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Зависи колку долго живее таму, каков статус има, со каков пасош е и колку долго сте во брак.
     
    На acka989 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. acka989

    acka989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Здраво, многу ќе ви бидам благодарна ако можете да ми дадете повеќе информација
    Тој е со европски пасош има и Pre settled status затоа што работеше таму пред 2020, но со короната се врати и сега повторно е таму од почетоков на годината.
    Во брак сме пред од пред 2020.
     
  11. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Во нормални услови би требало да аплицирате за EUSS Family Permit, која е бесплатна за семејство на ЕУ државјани што имаат pre-settled или settled статус.
    Но, ако по стекнувањето на pre-settled твојот сопруг бил надвор од UK подолго од 6 месеци нема да го следува settled status по истекот на 5те години од pre-settled, затоа услов за е тој да има continuous residence, односно минимум 6 месеци во секој 12месечен период да бил во УК. Не сум сигурна како тоа би влијаело на вашите апликации.
    Инаку процесот не е комплициран, се пополнува онлајн апликација и потоа се оди во агенцијата во Соравија за документи и биометриски податоци.
    Од документи покрај валидни пасоши ќе ви треба и бројот на апликацијата на сопругот за pre-settled (треба да го има во мејлот што му го пратиле кога добил статус, 16цифрен број е ако добро памтам), извод на венчани за тебе, извод на родени за детето (се со судски превод на англиски). Веројатно во апликацијата ќе треба податоци за адреса, работодавач на сопругот и слично, па може и за тоа да треба документи како доказ, ама тоа ќе видиш кога ќе пополнуваш, ќе ти пишува што треба.
     
  12. acka989

    acka989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Многу ви благодарам!
    Се надевам дека нема да има други прашања
    Јас во меѓувреме ја потполнив апликацијата за мене, а за детето ќе одам дополнително во друг ден за да видам прво како ќе оди со мојата апликација
     
  13. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Во агенцијата ништо не те прашуваат, само ги земаат документите, те сликаат, ти земаат отпечаток и тоа е тоа. Ако ја имаш пополнето точно апликацијата и ако ги имаш сите документи што ги бараат, пополни си и за детето за да не одите два пати да носите документи.
     
    На acka989 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. acka989

    acka989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Здраво повторно и благодарам за одговорот. Ги поднесовме документите и сега ме интересира ако знаете за колку време се добива одговор затоа што нели ми го зедоа пасошот, а ќе треба да патувам
     
  15. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    За 2-3 недели би требало сега, мислам дека се расчистија гужвите.
     
    На Amateur и acka989 им се допаѓа ова.
  16. acka989

    acka989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Супер ако е така се надевам дека и резултатот ќе е позитивен
     
  17. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Девојки, каква е постапката за аплицирање за UK виза за туристи? Би одела на посета недела дена.
     
  18. Unikatno Ime

    Unikatno Ime Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2016
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Некој дали има искуство со одбиена Visitor Visa 6 месечна за Британија?
    Мене ме одбија првиот пат поради немање доволно средства за престој, па јас аплицирав повторно со таа разлика што сега уплатив повеќе пари на сметка и прикажав поголема сума и ме интересира дали сте имале ваков случај и дали кога веќе еднаш сум одбиена дали тоа ќе ми прави проблем за понатаму?
    И за колку време во ваков случај издаваат/одлучуваат за приоритетна виза дали знаете?
    Во исчекување сум и ме интересира ако некој имал слично искуство и познавање од темава.
    Благодарам
     
  19. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Дечки, дали некој има искуство со транзит виза?
     
  20. арегата

    арегата Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пред 10ина дена аплицирав за виза и го оставив паосшот + биометриски податоци во агенцијата во Соравија, Скопје. Добив неколку маилови од ТЛСЦонтацт дека апликацијата се' уште се обработувала, возджете се уште скоро бла-бла. Во тоа што е тракингот онлајн се зелени сите чекори освен шестиот што е дека пасошот е подигнат од сопственикот.

    Ме интересира дали и како можам да знам дали визата е одобрена ПРЕД да го добијам паосшот назад? Ме интересира бидејќи имам бизнис патување на почеток на јуни, па треба да потврдам присуство........