Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Британски визи

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од novafeminka, 27 февруари 2013.

  1. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Не можеш, кога ќе ти стигне пасошот тогаш ќе дознаеш.
    Ама ако само кај последниот чекор ти е црвено очекувај понеделник-вторник да стигне.
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Дали некој има прв пат што патувал со дете без пасош за МК од Англија? Бебето е родено тука, сакаме пасош да му извадиме во МК пошто процедурата тука е подолга, маж ми р до бг јас со мк пасош ама детето не сакаме да е со бг, скоро ќе добиеме сетелд статус па тогаш ќе му извадиме англиски пасош ама што до тогаш? Искуства?
     
  3. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    906
    Здраво, од оние што веќе добиле некогаш виза за УК, сакам да ве прашам - Колку пари треба да имам на сметка, отприлика, колку е некој минимум? Дали е важна платата, ако имам пари заштедени на страна? Што друго треба да имам за да си ги зголемам шансите за добивање на туристичка виза, онаа првата, од 6 месеци?

    Ми треба за патување од 7 дена, но ако добијам виза, нормално би бил уште еднаш сигурно пред да ми истече.

    Некои наназад низ страниве пишаа дека не менува многу дали имаш купено билети/сместување. Гаранција од УК немам, знам неколку луѓе што се таму, но не знам дали би се нафатил некој да ми пише гарантно писмо или што и да треба.

    Предност ми е мислам што патувам многу, друго нешто?
     
    Последна измена: 14 јуни 2023
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Не е битно само колку имаш на сметка, гледаат приходи и расходи од последните месеци за да се уверат дека континуирано располагаш со тоа што го имаш на сметка. Земаат предвид и плата, и семејство во Мк, и работа, и имот.
    Најбитно е да се совпаѓа состојбата на сметка со тоа што во апликацијата ќе го наведеш како приходи и расходи.
     
  5. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    906
    Многу се комплицирани, а за џабе. Што викаат, примија секакви од секаде, ама за македонци треба виза, не знам што, глупости. Затоа имаат секоја недела по некаков инцидент ради дојденците. Ќе видам, како и да е многу скапо се фаќа. 400 евра имам трошок (виза и лет) уште не тргнат од МК.
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    26.384
    Нема шанса да се укинат визите скоро, така да оди ако ти се даваат пари сега :)
     
  7. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    906
    Нема поента. Не вреди замарањето за парите, и на крај да ми врне 6/7 дена, а сѐ да преплаќам.
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    26.384
    Ти си знаеш :) и не врне цело време:)))
     
  9. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    906
    А не ми е јасно, зошто е потребна виза? Од страв да не останам таму да работам? Ако им требаат работници, зошто се плашат да примат туристи, а примаат секакви народи таму, меѓу кои и криминалци?
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    26.384
    Зошто им се може? Секој си одлучува за својата земја кој ќе го прими и под кој услов. Па ако сакаш оди, ако не, не мораш.

    А од туристи не се плашат воопшто :)
     
  11. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    906
    Тоа зошто им се може е најдебилен одговор. Па не морам да одам. Сакам, ама не по секоја цена. Ти со бугарски пасош си или таму живееш со години? Ни британците не си ја бранат вака земјата.

    Затоа секој втор ден има убиства и инциденти со мигранти. Затоа што не им одговараат туристи кои се дојдени да шетаат.
     
    На Amateur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    26.384
    Хаха во Скопје живеам со Мкд пасош, фала на грижа :)
     
    На BraBru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Сериозно дојде на темава да оправаш имиграциони политики на држава со која немаш ништо? :D

    Сигурно, баш ради тоа што имаат строги закони за имиграција криминалот цвета. :rofl: А и зошто воопшто сакаш да дојдеш макар и туристички некаде кај што секој втор ден има убиства?

    Пред да скокнеш, немам бугарски пасош, со македонски сум. :!:
     
  14. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Прашував овде во врска со британски визи, па да си го кажам искуството по враќањето :)
    Аплициравме и со сите потребни документи закажавме во тлс, бевме за девет работни дена преку дхл ги добивме пасошите и имавме виза. Трошоците беа како гореспоменатите, само што закажавме флекси - да можеме сите да бидеме во ист ден фамилијата, па плативме уште плус за тоа.
    Процедурата во тлс беше голема, отпечатоци, сликање, разни прсти отпечатоци, ама и покрај тоа не беше многу напорно, луѓето беа ептен фини и културни. Визата ја добивме на 19.05, а ни важеше ое 17.06 - така ни беше наведено од гарантното писмо што ни го пратија од УК.
    Земја што вреди да се посети - дефинитивно, а и да се надоврзам на муабетот погоре, дожд видов само два пати, а останато времето беше прекрасно8)
     
    На јolene и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  15. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.176
    Допаѓања:
    1.674
    Пол:
    Машки
    Премија !!
    Јас кога бев 10 дена, сите 10 дена врнеше :D
     
    На Amateur му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    906
    Искрено, сакам да одам, имам специфична причина зошто сакам да ја посетам, секако туристички. Ама не сум воодушевен од земјата, а од народот па воопшто. Ме нервира тоа што се понашаат демек нешто визи, ригорозни вака-така, а внатре бљувотина од цел свет. Исто и Америка. демек не знам имале датабази, секој чекор од тебе го следеле, на интервју све знаат за тебе. А внатре во државата својот народ не можат да си го средат.

    Визи, процедури, ништо не можеш да испланираш однапред, и те удараат 200 евра уште не тргнат од дома. Едноставно не ја гледам причината за тоа - а оти им се може, не е одговор.

    Утре во МК ќе им текне паркинг да биде 300 денара саат, квадрат стан 2500 евра, па тоа не значи дека треба да го оправдуваме под изговор дека им се може.
     
  17. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    А ако одбијат за виза враќаат парите?
     
  18. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Не
     
    На Amateur му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    Wow.
    Знам дека е таа постапката, ама барем има ли justification зошто е некој одбиен?
     
  20. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Да, со секоја одбиена виза стига и писмо во кое е наведено зошто е донесена таа одлука. Е сега, причината може да биде „Не сме убедени дека навистина доаѓате за туристичка посета и дека нема да останете нелегално по истек на визата“.
     
    На FreeToGo и Amateur им се допаѓа ова.