Не е само тоа, повеќе различни темплејти имаат и ги ротираат. Мене секое одбивање за нијанса поразличен одговор ми даваа.
Дали при апликација покрај останатите документи треба да поднесам и birth certificate? Некаде прочитав дека некој поднел, ама не ми прави смисла некако. Исто така, бидејќи сум студентка, дали треба и индексот да го дадам на преведувач?
Здраво ме интересира за туристичка виза за Англија за 5 до 7 дена. Која е процедурата и колку пари би било се вкупно?
Туристичка виза е минимум на 6 месеци. Околу 10000 денари е апликацијата и провизијата што ја земаат во Соравија, плус за документи и преводи дополнително зависи од тоа колку документи имаш. Околу 250 рачунај во просек. За процедура побарај низ темава наназад, се е веќе објаснето
Имаме кумови во кралството и сакаме да им отидеме на гости ,да ги изненадиме.Не сакам нив да ги прашувам па затоа овде прашувам ако знае некој да ми каже. Ние живееме во Де и имаме престој со Мк пасош сме.Дали процедурата за вадење виза е иста или имаме некое олеснување?Мора ли да имаме виза или престојот е гаранција дека ќе се вратиме?Мора ли визата од Мк да ја вадиме? Ви благодарам однапред .
Иста е процедурата, мора виза ако сте со Мк пасош. Не мора во Мк, може од било каде да се аплицира. Линк со информации за аплицирање: https://www.gov.uk/standard-visitor
Здраво Нова сум на форумот и ги читав до сега споделените искуства па имам некои прашања.. Имам дечко во Англија,па сакам да го посетам меѓу тоа малолетна сум.За неколку месеци нема да имам 18 години.Сакам да прашам дали се потребни истите документи и дали е потребно вадење на старателство за патување(тоа го слушнав од луѓе кои скоро патуваа таму,вадеа старателство за детето кое патуваше со баба му) бидејќи ќе патувам сама.Исто така сакам да прашам дали визата започнува да истекува од моментот кога ќе биде извадена или од моментот кога ќе влезам во Англија Фала ви однапред
Ова е глупост. Мојата имаше датум од - до. Датумот беше 3 месеци после добивањето на пасошот. Како и што посочив во документацијата.
Извини, мислев дека нема опција за ставање од кога да ти важи. Дали на пример можам сега да извадам виза, за октомври 2024?
Здраво, Ги прочитав до сега сите мислења, па би сакала од некој што аплицирал последно да ми даде информација, дали сеуште бараат да се поднесуваат потврди за неосодуваност и документите што се поднесуваат дали може да се преведени и заверени пред нецела година или потребно е да не се постари од 6 месеци?
Може ли некој да ми одговори на неколку кратки прашања, кои можеби ги има одговорено пертходно, но ми треба најнова информација: 1. Бидејќи треба да менувам пасош поради ова со Северна, а треба во исто време да аплицирам за УК виза, дали може да аплицирам со стариот пасош, а да ја стават на новиот? 2. Колку пари треба да имам на сметка за патување од 5-7 дена? Дали се рачуна и заштеда во банка, или само тоа што е на трансакциска? 3. Колку игра улога платата?
Некој што аплицирал во последнава година дена ако мож да ми помогне, имам неколку прашања во врска со аплицирање. Благодарам!
Здраво Сакам да ве прашам колку време сте чекале за да добиете одговор за виза ? Јас аплицирав на 11ти Декември за стандардна виза за 6 месеци.