Фали за брзите одговори, мене ме загрижува тоа што идат празници па да не потрае подолго, а мене пасошот ми треба за на 6ти јануари за друго патување...
За утеха на другарка и стигна после 1 недела од поднесување , исто нешто празници беа и тогаш. Сте можеле да си доплатите за да го оставате пасошот кај вас ако сте имале предвидено патување. Се надевам ќе ви стигне до пред патувањето.
Да знам дека имаше таква опција но за жал не направив така... Сега ми останува само да се надевам дека ќе стигне на време
Дали може да ми пише во порака некој што скоро закажувал термин за биометриски податоци. Некои работи не ми се јасни. Фала нај!
Zdr kako Odi apliciranje za rabota vo Anglija? Dali samo so bugarski pasosh primaat ili mozi i so makedonski?
И со бугарски и со македонски ти треба работна виза, односно да најдеш работодавач кој ќе те спонзорира за виза.
Дали во денешно време (со светската криза) е потешко за квалификуван кадар да најде работа со македонски пасош? Пример човек има диплома за да работи по музеи, библиотеки, галерии...такви државни институции. Дали има шанса воопшто за виза? Со познавање на англиски секако, но мкд пасош. Прептоставувам дека не е лесно, но да си прашам.
Здраво, и покрај тоа што бев насочувана дека со посредник е најсигурна опција да се дојде до Британска виза, се одлучив сама да аплицирам. Ги обезбедив сите потребни документи, моментално се на превод на англиски јазик, и во недела треба да ги добијам. Сакав да се информирам, дали кога ќе аплицирам онлајн за термин во Соравија треба да се прикачат и документите, или пак, се носат хартиено на одредениот термин? Јас сакав да аплицирам што побрзо за термин, па ако има опција да ги однесам дополнително документите во хартиена и скенирана форма, зошто веќе имам резервирана авиоска карта за 16ти Мај И дали јас закажувам термин кога би се појавила во агенцијата, или тие одредуваат? Би ве замолила, кој е воведен во ова, да ми одговори.
Не знам дали би ти стигнала визата за толку кратко време. Се гаѓаат велигдени, први мај, избори, чуда... Јас ја добив за 19 дена визата, ама не значи дека е така кај сите.
Дечки колку чини сега туристичката виза за 6 месеци? Можно е да треба да одам за работа во Септ-Октомври но сѐ уште не се знае па да си прашам навремено јас.
Здраво, Сакам да го споделам своето искуство: Решив со другарка да аплицирам преку посредник бидејќи мислев дека е посигурно, ги собрав сите потребни документи дури и некои кои не беа неопходни, посредничката ја изготви апликацијта, закажавме термини и отидовме на истите. После 10 работни дена добив одговор на маил дека сме одбиени. Јас лично имам своја фирма, пријавена сум и имам редовни примања како и заштеди повеќе од што бараат. Причината за одбивање беше дека не се сигурни дали средствата ќе ми бидат на располагање во моментот на патување и не се сигурни дека немам намери да останам, што според мене е само изговор. Зашто би останала кога има фирма и сум вработена во нашата држава? Ни пропаднаа заедно околу 800 евра, по 140 за апликацијата, по 190 за ТЛС бидејќи имаа проблеми со системот и имаше само прајм тајм термини кои се доплаќаа плус по 100 евра и околу 150е за посредничката за двете. Намерата ни беше да одиме туристички 5 дена, на крај се испостави дека непотребно време и пари вложивме во оваа процедура…
Здраво на сите, сакам да аплицирам за турискичка виза, планирам помалку од една недела да останам во лондон, во посета на другарка, но нема да престојувам кај неа. Дали да ја наведам како гарант?
Јас аплицирав на 23ти април..исти давачки, плус за прајм тајм, со таа разлика што не одев преку посредник, туку сама ја пополнив апликацијата и доставив документи кои сметав дека се потребни. Кој период аплицираше ти? Да знам дали да очекувам и јас одговор наскоро