Здраво! Ако некој има аплицирано во брзо за бизнис трип виза за Англија, ве молам пишете ми, некои работи не ми се јасни околу документацијата. Фала многу!
Здраво! Колку време чекавте за одговор по комплетирање на терминот во TLS? Аплицирав на 10ти Мај а имам бизнис настан на кој што треба да присустувам (воедно и причината за виза) на 14ти Јуни. Прв пат аплицирам за UK виза. Дали имаат предвид датумот на којшто мора да сум таму, гарантирано и спонзорирано од Британската компанија во која што сум вработена? Читам различни искуства во однос на времетраењето на добивање на визата, оваа година сте добивале брзо а претходната се чекало многу поготово ако е прва апликација. Можно ли е да не добијам одговор пред настанот? Фала ви многу!
На деветтиот работен ден имавме позитивен одговор, имавме гарантно писмо дека сакаме да патуваме од тој до тој датум, па визата ни почнуваше одтогаш, така што очигледно имале предвид. На пример, аплициравме мај, сакавме да патуваме од јуни и визата ни беше од јуни... исто прв пат аплициравме лани овој период
Знае ли некој што е фрееленсер дали без ддоговор или некако да поднесе неккој документ што го пуштиле?
Здраво, Јас аплицирам за виза, но кога доаѓам до делот за да букирам термин, ми го наплаќа. Сега е покачено од 2022 за 20евра тогаш беше 68е, асега 98. Избрав self service, но кога избирам час ми наплаќа уште 100е. Ти се случи такво нешто?
Здраво, Како ги приложувате стар/ите пасоши, како доказ дека сте патувале во други држави и сте се вратиле? Скенирани страна по страна?
Здраво феминки, маж ми е во Англија со БГ пасош веќе 5 години и сега и јас ќе спремам документи за туристичка виза прво. Ми треба ваше искуство да ми објаснете што и каква е процедурата,спреманите исфотокопирани и преведени документи дека треба да се достават, дали треба на меил во ПДФ форма да се пратат, за колку време од прилика излегува визата и слично. Секое ваше мислење и искуство е добредојдено. Ви благодарам.
Здраво! Сакам да прашам кога најрано може да се аплицира за виза? Ние планираме 12ти декември да одиме. Дали можам формата за виза да ја пополнам околу први септември и да соберам сите документи од банка и суд?
Прерано ти е почеток на септември, препорачуваат аплицирање до 3 месеци пред датумот на одење. Од средина на септември натака веќе можеш.
Бидејќи се решивме да одиме порано аплициравме денес, само не ми е јасно како да закажам во TLS сега appointment? Платив сѐ и сега не знам кој е следен чекор
Ги собрав документите, како треба да ги доставам во Соравиа, Скопје? Во поголема папка уредно поделени или сите на куп во фолија? И дали таму се доплаќа нешто плус бидејќи јас ја имам избрано опцијата тие таму да ми ги скенираат документите? Јас само ги исфорокопирав сите и тие што требаа да се преведат ги преведов со печат со се.
Здраво, од документи за туристичка виза спремавме извештај од банка за последни три месеци, потврда за заштеда од 1500е и плус изјава со печат од судски преведувач бидејќи парите се ставени пред вадење на потврда,пасоши со старо и ново презиме,лична карта, м1/м2 образец од работа на определено работно време, потврда од работа, венчален лист, заеднички слики, имотен лист со изјава дека тука сме на иста адреса.. од кај мажот ми payslips, NiNo, пасоши наш и бугарски,лична карта, покана на англиски јазик од него напишана за мене како ме кани и каде ќе прошетаме и дека ќе престојувам кај него, лист од куќата каде предтојува и сл. ПРАШАЊЕТО МИ Е: Дали треба и документ за неосудуваност од суд или не треба пошо овде прочитав дека и тоа требало, а јас аплицирав за туристичка виза и терминот во Соравиа ми е на 10.9. И дали таму се нешто плус плаќа(имаме платено онлајн плус таму да ни ги скенираат документите). Имам ја и чеклистата за таму и плус авио повратна карта. Ве молам одговорете,секој одговор е добредојден. Благодарам❤️
Здраво, студент сум (уште дипломската ми остана) сакаме да одиме кај другарка во Лондон во Декември.Па моето прашање е дали треба да извадам од банка за месечните приливи на картичка и за колку месеци уназад бидејќи сум невработен и само стипендијата ми стигаше на картичка?Ви благодарам однапред
Дали е иста процедурата за добивање на туристичка виза по втор пат? Дали треба да аплицирам исто, со истите документи по втор пат? Или има опција некако да се продолжи првата?
Извади си потврда од Банка и со месечни примања од последните три месеци, макар и за стипендија да се работи. Но, исто така, ќе треба да ставиш одредена поголема сума на сметка, како покритие за трошоците додека си таму, и да извадиш состојба на банкарската сметка (побарај од Банката на Англиски јазик да е).
И уште нешто... Визата ми трае до 13.11.24. А планирам да се враќам на 10.11.24. Проблем е што се во прашање неколку дена пред истекување на визата?