Дечки, сакам да аплицирам за туристичка виза за прошетка во Лондон и прв пат ќе ми биде да излезам од Македонија. Како оди процедурата за аплицирање? Се мислам да прашам за преку агенција.
Да, прв пат, и имам чист валиден македонски пасош, а зошто шансите се слаби? Многу сакам да го посетам Лондон. Размислувам да прашам во некоја агенција или пак некој да ми организира.
Претпоставката е дека во конзулатот немаат доказ црно на бело во форма на печати од граничните премини дека си некој кој редовно и се враќа од патувањата (не оди демек како турист а всушност да остане трајно). Но тоа воопшто не мора да значи дека е така. Најбитно е околу документацијата да ти биде сè како што треба, а визата секако ќе ја бараш преку овластена агенција. Имаш тука подетално: https://www.gov.uk/government/news/applying-for-a-uk-visa-in-macedonia Секако, штом не си бил вон Македонија до сега, верувам би ти било интересно а и поефтино да прошеташ во блиското безвизно странство - Софија, Солун(таман некни го отворија метрото), Белград... така ќе имаш и печати низ пасошот Не е е услов, само велам дека би можело да биде интересно ако си направиш добар план.
Heyy гледам дека повеќе одговараш во темава и си реков да те прашам. Знам дека потешко се оди во Англија за работа и живот, отколку пример во Германија, но навистина премногу сакам да живеам Англија. Како оди работата за живот во Англија со МКД документи? Јазикот го знам. Ти како отиде ако не е тајна и дали знаеш други Македонци таму како се снашле? Знам дека може со посрединци за берење јагоди или сезонски овошја, но си мислам дали можам некако подобро да се снајдам, па макар по маркети или ресторани. Значи, дали со мкд документи човек може да се снајди солидно? Ако одговорот е да, тогаш како да дојдам до работна виза? Секој совет е добредојден од сите кои живеат таму. Фала
За работа во маркет/ресторан да добиеш виза шансите се рамни на нула. Работна виза може да се добие ако си со некоја барана/дефицитарна струка, најдеш компанија која ќе ти понуди работа со плата повисока од некој одреден износ и притоа таа компанија те спонзорира за виза, што исто не е лесно, ама е изводливо. Со виза за сезонска работа можеш да останеш до 6 месеци (на пример берење јагоди), ама визата ти важи само за работодавачот што те спонзорира, не можеш да работиш втора работа или да бараш друга работа дур си таму.
Ти благодарам за одговорот. Како што си претпоставував дека е многу тешко. Па човек полесно во Северна Кореја ќе замине, навистина претеруваат со тие работни визи. ЗНачи сам тешко, а дали сите македонски посредници завршуваат работа само за сезонска работа, или има некој посредник што може да среди по ресторани, fast food локали, нешто слично? Најдов тука контакти од некои посредници но само за виза за посета, не работна.
Немам искуство со посредници па не би знаела, ама со оглед на тоа дека законот не дозволува спонзорирање на визи за такви работи, не гледам како би можел посредник да помогне во врска со тоа.
Не може, јас бев на почеток со фамилијарна виза, значи имав намера да останам и тие го знае тоа, сепак голем дел од работните места не ми дозволија да работам додека не добијам социјален бр. а он се добива само со фамилијарна виза, еу документи(сега ни тоа мислам не може). На кратко нема начин да останеш да живееш освен ако не се омажиш за британец. За сезонска работа може да најде ама само тоа можеш да работиш, и ако успееш да најдеш нешто на црно, ама тоа нешто најчесто е како мијач на садови и е една од најлошите позиции која може некој да ја добие. Ужасна работа е. Исто може и да помагаш за селење на црно ама жени ретко го работат тоа, па и мажи оти е многу тешко. Јас отидов со фамили виза, мм живееште таму кога се омаживме. Он има ЕУ пасош. Брат ми планира да доаѓа и да поработува со туристичка виза, ама он е тату мајстор и би тетовирал на црно некои наши таму што сакаа да се тетовираат. И он сакаше да се среди да живеат таму ама не успеавме да најдеме начин. Сега чекаме снаата да заврши медицина па може така да пробаат да дојдат дека се бара мед. кадар и може би добила работна виза, ама и тоа е 10% шанса. Жалам ама не постои друг начин. Кралство се и сакат да се заштитат генерално од многу мигранти и затоа бараат визи и сл.
Благодарам за одговорот. Очигледно не сакаат мигранти само од Балканов, зашто таму врие мигранти и бегалци од Блискиот Исток. Но, тоа е што е.
Па не баш, ретко имаат проблеми со мигрантите, а и оние кои се мигрирани од ептен уџун земјте се со документи ама најчесто работат најбезбеза работи, генерално колку време што живеев таму никогаш не се немав осетено загрозено или во опасност од имигранри(уствари мислам на оние без документи)нешто што се случува моментално во цела Европа, а работев до 2-4 ноќта и често се враќав сама дома.