Здраво, во процес сум на аплицирање за виза, но одам со Sponsorship letter, компанијата ми гарантира дека сите трошоци ќе бидат покриени од нивна страна. Прашањето ми е дали 90000 денари се доволно да имам на сметка, престојот ќе е 5-6 дена.
Дали ако онлајн аплицирам на 1ви септ ќе може да добијам одговор до 20ти окт негде? Сакам да патувам на 23ти окт, временски дали е океј
Да, за 2-3 недели се добива одговор. Само времето не се брои од денот кога аплицираш онјалн туку кога ќе однесеш документи и ќе те сликаат во VFS Global.
Здраво. Ако може некој да ми каже, дали документите што ги имам за апликација за UK виза, треба да бидат преведени само од официјален преведувач или заверени и од нотар и дали ми треба потврда за неосудуваност?
Преведени треба да се само од овластен преведувач, потврдата за неосудуваност може да ја земеш ама не е пресудна. Ако аплицираш за туристичка виза најмногу внимание обрни на документите што ти ги даваат од работа, нека нема датум до кога ти е договорот и слично зошто мислат дека ќе им останеш таму после истекот, јасно да е нагласено дека се очекува од тебе да се вратиш во мкд и да продолжиш со работните обврски после vacation leave. Ако ти треба нешто плус слободно пиши ми.
Ти благодарам многу. Вработена сум на неопределено време, што мислам дека секако е плус,ама со нив ништо не се знае ако ми затреба дополнителна информација, ќе ти пишам