Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Британски визи

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од novafeminka, 27 февруари 2013.

  1. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Подобро овде да пишувате отколку во лп, ќе помогнете и на други што се интересираат за британска виза. :)
     
    На daylight, jasmina00 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    42.132
    Пол:
    Женски
    Tреба да аплицираш месец порано, јас ќе аплицирам крај на март за да добијам за до средина на мај. Трба потврда за резервазија од хотел и 1500 евра на сметка како доказ, тие можат да бидат на сметка само за време на аплицирање, јас ќе позајмам, па веднаш откако ќе ми одобрат ќе ги вратам.
     
    На jasmina00, chocolade и Estranged им се допаѓа ова.
  3. Andri62

    Andri62 Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Треба од банка да извадиш само потврда дека имаш заштеда од минимум 1000 евра, потоа истите можеш да ги извадиш ти треба значи само од банка документот да ти го дадат и заедно со преостанатите документи да го пратеш.
     
  4. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Уште ли е визата 200 еур ?
    Нели како беше 100 еур виза и таа некоја агенција во Соравија центар земала 75 еур?
    Ова го слушнав пред 1 година и не знам дали е уште такајф

    Многу сакам да знам ептен ли е Лондон кејф
     
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Тој што те кани на гости може да ти прати пари на сметка за да покажеш (само за да покажеш и после враќаш), а плус може и писмо за гаранција на кое пишува дека кај таа личност си комплетно обезбедена со јадење, пари за трошок.
    Јас така правам кога канам гости кај мене.
     
  6. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Преубав град е Лондон, но таму вече нема да видиш британска култура. Помалите места се многу поубави и поавентични. Не сум бил, но од кажувања на многу наши што живеат таму. Glasgow е исто многу убав град. Сиот со зеленила и паркови.
     
    На Cinderfakinrella, jasmina00 и Andri62 им се допаѓа ова.
  7. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Па и за натака треба виза. :)) Пуст проблем е со визата е 200 евра, а карта со WizzAir е 50 евра. :)
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Јас па никаде не можам да најдам за 50евра..се над 200
    плус од Лутон има мн клацкање до Лондон.
     
  9. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Кај виде карта 50 евра? :)
     
    На jasmina00 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    На Визер...повратна карта за 7 недела...сега купуваш а патуваш онаму Ноември Декември негде околу 3400 беше или 3800 не сум сигурна
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  11. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Нејзе никој не ја кани на гости,пиша во постот дека нема никој таму,сака така да прошета низ Лондон.
     
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    77.298
    Пол:
    Женски
    Визата е 200 евра, плус трчкање, собирање на документи.
    Ама да беше само визата скапа, добро ќе беше.
    Лондон е изгор скап.
    за 7 дена овде се трошат околу 1000 евра.
    За хостел околу 200 фунти, неделна карта е 35 фунти, храната е скапа, кафињата уште поскапи, влезници се над 20 фунти.
    Има што да се види, Шардот, Мадам Тисо, Палатата, музеите, Лондон Ај...Хамптон Корт, Тауер Бриџ, за љубителите на фудбал тука се Челзи стадионот, Арсенал, Тотнем...
    Картите до Лутон се ефтини, ама далеку е од центарот. До Хитроу само од Софија. Ама и картите до таму се скапи.

    Едно прашање.
    Не ви е малку страв сами да патувате?
     
  13. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Секој што сака Лондон да го види веројатно знае дека треба 1000 плус да има спремно.
    Еве јас на пример - нејќам Мадам Тисо - сум била Амстердам и не ми е веќе предизвик да гледам пластифицирани личности...нити стадиониоте...ама да пијам кафенце обавезно, да одам во некој паб на пивце да :)))
    Палата да би одела, музеј можеби еден...тауер бриџ, биг бен.... некоја пократка варијатна 4-5 дена, 7 се многу бидејќи и многу пари се нели...

    Едно време Орфеј имаа тури до Лондон но годинава и лани прекина..вериоатно слаб интерес, кога ќевидип 2оо еур виза
     
  14. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Пак јас :D Пополнив апликација, закажав термин во центарот за визи, документи прибрав... е сеа уште да ми каже некој, сликички за визата треба да си носам, или ме сликаат на лице место таму?
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    42.132
    Пол:
    Женски
    Можеш ли да ми кажеш постапка за документи? Од каде да ги најдам? Јас мислам преку една жена да средувам, посигурно ми е така, оти сама ниту имам време ниту можам да сум сигурна дека се ќе средам како што треба, женава работи тоа и 99% што аплицирале од кај неа добиле, неколку познавам и јас што се многу задоволни.
     
  16. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Јас ќе поднесам ова:
    - пасош - важечки и стар;
    - потврда од работа дека сум вработена на неопределено, со полно работно време во која е наведена и висина на плата за последните 3 месеци;
    - потврда дека имам право на користење уште X дена годишен одмор од 2016;
    - М1/М2 образец (од работа го земав и него)
    - потврда од банка за состојба на тековна сметка (околу 1000 евра);
    - извод од банката кај што примам плата, за последните 3 месеци;
    - потврда за потврдена (платена) резервација на хотел за периодот кога планирам да сум таму;
    - испринтана резервација за авионски билети во двата правци;
    - анекс на договорот за вработување, во кој е наведено покачување на плата од следниот месец.

    Сите документи ми се преведени на англиски (судски превод), и покрај оригиналите имам и копии од истите.

    Исто, по електронско аплицирање, ги испринтав и потврдата за плаќање, апликацијата и листата на документи кои треба да се однесат.

    Ако нешто ми фали, кажувајте, да не ми пропаднат парите за џабе :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    42.132
    Пол:
    Женски
    @Estranged мислам дека не би требало да имаш проблем да ти дадат виза, сепак на која дата ти закажаа интервју? Колку дена од апликацијата? Кога ќе имаш одговор те молам пиши ми, ако вака ти успее нема што да плаќам на некому 5000 ден за услуга.
     
  18. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Синоќа аплицирав онлајн, термин закажав на крајот од самото аплицирање за понеделник. Центарот работи од понеделник до среда 09:00-14:30.

    Одговор би требало за 3 недели горе-долу, ќе пишам коа ќе знам.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Andri62

    Andri62 Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Таму те сликаат
     
    На Estranged му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    42.132
    Пол:
    Женски
    @Estranged како помина на интервјуто?