Нема интервју. Ги носиш само документите во агенцијата, те сликаат, ти земаат отпечатоци и слободна си. Освен пасошот што го отвори таа да го провери, другите документи не ми ги ни извади од папката во која ги однесов. Ги праќаат за Полска, таму се носат сите одлуки.
Ќе сакаш ли да ми објасниш како оди целиот процес? На официјалната страна на англиската влада пишува дека стандардна виза чини 87 фунти. Преку која агенција оди процесот и има ли дополнителни трошоци? И каде точно треба да се поднесат документите? Ми спомнаа нешто за во Соравија. Ај нид хелп!
Визата е 87 фунти, ама плаќаш и 59 фунти на агенцијата што посредува. Мене вкупно ми испадна нешто повеќе од 170 евра. Аплицираш овде најпрво https://www.visa4uk.fco.gov.uk/home/welcome. Пополнуваш апликација, плаќаш онлајн, бираш термин за носење документи во агенцијата (во Соравија) - работат од понеделник до среда 09:00-14:30. Потоа се регистрираш и овде: https://uk.tlscontact.com/mk/SKP/index.php. И на крај сите документи што сакаш да ги приложиш (топла препорака е да ги собереш пред да аплицираш) заедно со пасошот и испринтана апликација ги носиш во закажаниот термин, за да ги пратат во Варшава. И чекаш... и чекаш... и чекаш Со среќа.
Женски, ме одбија мене, ништо од Лондон Kaко причина ми е наведено тоа што сум прикажала само моментална состојба на сметка, немале доказ за потеклото на парите. Исто тоа што не сум мажена, не сум имала доволно докази дека ќе се вратам на крајот од патувањето Со среќа на сите што ќе аплицирате.
И сега што со резервацијата,хотел ,авион? Леле баш ми е жал,некако ме предомислуваш дали да поднесам,мажена сум и имам три деца?Сама сакам да одам преку агенција.Значи потврдата за состојба на сметка не важи?Стварно незнам што да кажам,незнам што им е проблемот.
Е а какво потекло сакаат боже боже. Па нели си вработена? А нели однесе и изводи од банка од последните месеци? Си примала плата може си заштедила, eте им потекло...Стварно безвеза. Баш ми е жал. Тогаш и мене нема да ми дадат, сигурно...
Тоа што имаш деца што остануваат овде ти е голем плус, доказ дека имаш причина да се вратиш. Мене меѓу другото ми имаа наведено дека пради тоа што сум немажена и немам имот овде, немам доволно силни семејни, социјални и економски врски за државава.
Еве јас да ви соопштам дека во среда имам закажано за поддавање на документите во соравиј Од документи спремив: -Потврда од работа за месечни примања и од кога сум вработена таму -Решение за годишен одмор -М1М2 -Изводи од трите деца -Венчаница -Извод од банка за последни шест месеци -Потврда од банка за состојба на сметка -околу 1000 £ -Пополнета и платена апликација -Резервација од агенција за авиобилет и сместување -И двата пасоши-нов и стар Па сега со господ напред
Да ве известам дека ми ја одобрија визата. Yeeeeesss. Па со среќа на сите други што аплицирале или ќе аплицираат. Сега се спремам и летам за ЛОНДОН.
За колку време доби одговор и кои документи ги имаше приложено? Нека ти е со убаво патувањето, прекрасно да си поминеш. Баш ми е драго. Јас ќе си почекам вајда докај петок. И кажи ми на кој маил добиваше известувања околу визата и дали добиваше воопшто оти кај мене нема ни трага ни глас на маилот кој го оставив.
Јас немам пристап до тој маил никако пошто една девојка ми ја средуваше апликацијата и ми вели упорно дека тој е пасворд, а јас со тој пасворд не можам да влезам. Веќе ме фаќа нервоза. Јас таму оставив друг маил на тоа ливчето па претпоставувам дека на тој ќе ме известат од DHL мада мислам дека секако ќе ме побара курирот од таму кога ќе стигне и без да прочитам маил. Не знам скренав веќе, до петок вајда ќе знам. Фала во секој случај. А уште едно прашање одиш на гости кај маж ти или онака на прошетка сама?
Ќе те побара телефонски курирот кога ќе стигне пратката, не грижи се. Мејловите што стигаат се само информативни, да знаеш до кај ти е стигната апликацијата.
Мене курирот ми ги донесе документите без да се јави,јас сама се јавив во dhl,пошто го знаев бројчето на пратката.А пошто ти не го знаеш бројчето ваљда ке ти се јави курирот,или ќе ти ја донесе пратката до 16:30 обично. А во врска со прашањето,да ќе одам кај маж ми
Што убаво, леле дај боже и мене да ми дадат и да се видам и јас со либето. Јас истиве документи ги доставив, без решение за одмор оти од фирмата нешто по милион пати барање нр ми дадоа. Резервација за хотел иам гарантно писмо од дечко ми дека ќе престојуваме таму заедно зошто кај него во стан нема место. Платата изводи имам од 4м и ми е над 20000 и имам приложено 1500 евра на сметка и доказ кога ги имам вложувано. Не знам се надевам дека ова ќе им биде доволно да ми дадат.