Ај и овде да прашам колку од мисла ама "ми нема спас"...Сакавме со дечко ми да одиме за Лондон но во цела таа возбуда и еуфорија не размисливме за проблемот со визата... проблемот е што шансата ни е укажана за нареднава недела што е невозможно во тој период да се дојде до виза...Дали можеби некој знае дали постои некаков начин некоја забрзана постапка или било што Тој е од Австрија и тргаме од Виена..толку сум очајна што мислам дека ако сум со него и дека тргаме од таму дека ќе можам да поминам така ама се шалам..знам дека не е така..се гледа македонскиот пасош и тоа е тоа.. иако кога сум полетувала од таму никогаш не ми го провериле пасошот ама Лондон ќе биде што ќе биде.. а ќе биде веројатно брукање* и рикверц Поздрав и добредојдени би ми биле одговори во што побрз можен рок иако го знам одговорот однапред
Толку брзо нема шанси да извадиш виза. Пасошот секако ќе ти го проверат затоа што В.Британија има визи за доста земји, додека во ЕУ движењето е горе-долу слободно. Пријателка моја мораже транзит виза да вади само за да смени лет во Лондон, а не па за туристички престој. Така да, не си троши џабе пари за карта и одложи го патувањето.
^пасошот ти го праќаат во Белград за визата и се чека барем 3 недели. Вака беше пред 4 години, ако не се сменило нешто.
Невозможно е за толку краток период, минимум е 3 недели откако ќе одиш на интервју, а прво треба да пополниш апликација онлајн, да платиш па потоа да ти дадат дата за кога одиш да им ги оставиш документите. Порано беше малку побрзо бидејќи визите се печатеа во Белград но, веќе неколку години се печатат во Варшава. И да не ти го проверат пасошот во Виена кога ќе слеташ Лондон на имиграција ќе ти го побараат и одма ќе те вратат назад (патем летот назад ти си го плаќаш).
Ne sum mazena i ne sum vrabotena..postojat li nekakvi shansi da dobijam viza ili da ne si trosham parite za dzabe?Help devojki Inaku kje odam kaj bratuced koj zivee 20 godini tamu i ima sopstven biznis..
Дали аплицираше за виза и дали доби? И јас планирам да аплицирам, меѓутоа не сум мажена и работам во фирма со договор на дело, пријавена на минималец... Имам каде да одам, ќе пратат гаранција... Не знам што да правам.
Дали некој добил брачна виза со пејслипови од сопругот/сопругата само од 3м место од 6? Јас планирам да аплицирам со 3м, оти не знам дали му се важат на сопругот и од оние месеци кога работеше лани, оти секако беше надвор од земјата повеќе од 3м откако се врати во Мк. Да чекаме 6м, не бива многу е, жената која ќе средува документи рече ќе средам со 3 пејслипа, ама сакам да знам од нечие лично искуство дали добиле виза.
Ne,ne sum..se mislam sho da pravam..poshto site vikaat deka ne davaat viza so takov status ako imash..inaku i jas imam tamu koj da garantira za mene,..
А од кога ќе ја пополниш апликацјата колку време се чека за да те викнат на интервју? Јас ако добијам виза, планирам за околу 1 месец од сега да одам...
За колку месеци е брачната виза? Дали е вистина дека е само за 6м и дека тие 6 месеци не смееш да ја напушташ земјата? Јас мислам дека е за 2,5 години ама нешто што читав ме збуни. Вие кои сте со брачна виза на колку време ви е?
Јас аплицирав за виза и добив. Најважна од се е гаранцијата! Не сум мажена, вработена пред 1 месец на мин, меѓутоа доколку има кој да гарантира за тебе, од Англија, добиваш виза
Здраво на сите. Во фирмата каде што работам сакаат да ме пратат на маркетинг конференција во Лондон. Вработена на неопределено и повеќе од 5 години сум во фирмата. Тие ќе ги покријат сите трошоци како што се: карта за настанот, сместување, авионска повратна карта... За приложување веќе имам Invoice од настанот. Ве молам за инфо кои се други документи е потребно да ги приложам. Ви благодарам најмногу.
Маж ми денес ме изненади и си дојде на одмор јас поим немав,а у меѓувреме пратив документи за да аплицирам за виза, дали ќе е проблем во апликацијата што тој ќе е тука додека да добијам одговор?
Се што е во плус за секоја виза, потврда дека си на работа, и од кога плата, дека тие те праќаат службено. Дека си пензискоми здрав осигурана. Пари на банка да имаш ако тие плаќаат
Јас аплицирав во средата, документите ми ги средувуаше Буба. Поднесовме со работни докази од 3м, а не од 6 како што е постапката, таа ми рече дека е ок и така и дека предходно добивале и други, не сакавме да чекаме уште 3м поради Брегизтот. Јас сум малку несигурна ама се надевам дека ќе биде океј, притоа поднесов јас дека имам голема заштеда, тој стан и сметки на негово име и исто голема заштеда, поднесовме околу 50 слики од кои има некои кои се со датум 2008 год, писмо кое објаснува дека сме во врска 12 год, докази од заеднички одмори, доказ од кај него на работа и други додатни документи. Е сега приметив дека во апликацијата ги беше оставила и оргиналите и копиите од документите и така ги приложив се надевам дека нема да претставува проблем тоа. Тотално сум фокусирана на тоа дека ќе добијам ни на крај памет не ставам дека нема да добијам и убаво ќе се разочарам ако ме одбијат.
Не се сеќавам за туристичка одамна аплицирав, сега за брачна поднесов. Има поназад во темата, а има и број од жената што средува.