Овие два јазици се скоро исти, но акцентот е работата која ги прави посебни. Кој акцент ви е поубав, по мил, по мелодичен, по симпатичен за слушање и зборење? Мене лично Англискиот ми омилен! Ептен ми е сладок Spoiler Мислам дека нема ваква тема, ако има одма во канта!
Британскиот ми е преубав, но едноставно не можам да го доловам тој акцент... Звучам смешно. Затоа преферирам Американски, иако Британскиот ми е поубав.
Бритнскиот е нешто прекрасно ... ако имав Британски акцент никогаш немаше да заќутам, а имам строг Американски ...
Британскиот понекогаш ме иритира, но баш онака е милозвучен а мислам дека повеќе ми лежи американскиот
Исто како јас ова да сум го напишала,секогаш кога зборувам на англиски зборувам со американски акцент,британскиот мислам дека не можам баш да го доловам,а и не го преферирам.
Aussie baby! Најубав англиски изговор во Австралија има бре! А од овие два би избрала англиски акцент, ама тој литературниот, не од дијалектите. И американскиот литературен акцент е симпатичен, а тоа што сленгот владее е друга работа Spoiler инаку и двата ги доловувам совршено
Британскиот за слушање, американскиот за зборување Британскиот ми е многу симпатичен, исто и австралијанскиот, ама нема шанси да зборувам со тој акцент. Не ми делува природно. Во школо англискиот се учи од британски книги и касети, ама на крај сите завршуваме со американски акцент. А стварно би било убаво нашиве професори да зборуваат и да нé учат на стриктно на британски акцент
Јас и двата ги сакам.Баш ми се лесни при изговор и двата ,кога читав на час по англиски сите бев мн фалена во основно за тоа а и сега во средно