Иако учев со британски книги,не можам да го доловам акцентот,многу им е тежок.Сум пробала да зборам,и си се смеам сама себеси Си зборам со американски,колку што е можно. Ама преферирам Британски во секој случај,пријатен е за слушање.
Британскиот акцент ми е нешто како Must Learn! Ама никако не можам, тешко е а и на моменти срам ме фаќа. Американскиот добро го владеам, сепак според фактот што од пет години зборувам англиски мислам дека е супер. Ние во македонскиот јазик имаме строг изговор на зборовите, затоа ни е тешко да доловиме некаков странснски акцент и никогаш нема да звучиме како перфекционисти.
Американски Јо бро,јо мен...со јојо само се тера како играчката горе долу шо се ролаше а англискиот ме иритира,ама кога ќе се размисли убави се и двата акценти Американскиот има потекло од англискиот бидејќи пред да зборат на сегашниот американски инглиш зборувале на некои јазици од тогашните племиња Арапахо,Сијукси,Апачи итн.После ко му ја влегле овие Англичаните ко ги научија инглиш тераат сега ама во метаморфоизирана то ест видозименетеа состојба. Американскиот е полесен и интересен,а можи и да иритира Ама кога ќе слушаш некој од Англија,еве пред некој ден слушав интервју со еден фудбалер од Англија и акцентот..леле секаде ќе го фалам за маж ќе си го земам..така привлечен акцент ама сепак јас си шпикам американ бро
Колку и да го фалите Британскиот акцент, искрено, понекогаш не ги разбирам англичаните. тогаш ме фаќате во момент на фаца. И го зборувам Британскиот само кога се шегувам. Иако, понекогаш излегува Индиски акцент. Американскиот го играм ко јаже за скокање. Цар сум со она уличниот јазик, но и со службениот. Во школо кога спикам Американо често пати ми се лути една школска оти не ме разбира ни збор. И затоа, прилично многу зборувам Англиски, колку таа да не ме разбере, другите разбираат колку-толку.
Поубав ми е англискиот акцент, американците некако се лигават кога зборуваат, но сепак мислам дека најсладок е ирскиот акцент.
Сакам да го слушам британскиот акцент, но не сакам да го зборувам. Не ми иде. Повеќе американски знам. А, инаку момците што зборат умерено брзо британки акцент ме потсеќаат на генијалци како Шерлок.
Искрено British English како еден од видовите на англики јазик а ги има точно 4 е најубавиот вид на англискиот јазик според мене . Зборовите од овој вид се изговараат малце понежно од American Endlish и звучат малце поубаво . Иако зборовите од бриатнскиот англиски можам баш така да ги изговорам баш како да сум живеела во Велика Британија , а тоа го научив од гледање на повеќе филмови во кои го има затапено овој тип на англиски , мене некако ми е полесно да го зборувам Аmerican English . Незнам некако по ми одговара на мојот жаргон , онака некако ми звучи по дрско . . И нема толку нежен акцент како British English . Па ако сакате на некој да му кажете дека ве нервира ( а треба да го користите англискиот јазик ) , според мене треба да го употребите Американскиот англиски затоа што тој некако звучи погрубо .
Порано повеќе ми се допаѓаше американскиот, но во последно време сум опседната со англискиот. Гледам многу видеа на блогерки на youtube, токму од Англија, па некако се навикнав, а и некако многу ми се културни, љубезни, имаат многу богат речник. Сега уживам во нивниот акцент