Американски дефинитивно. Многу полесен за изговор и поубаво звучи, дека англискиот односно Британскиот е поспецифичен, знам бидејќи го учам тој, има многу правила за изговор и неопходно е да се почитуваат, додека во американскиот не е така
Бритиш Инглиш си владеам па и со акцентот умеам да зборам колку толку и сакам да си се фурам зборејќи така „оуу ју блади баст(р)„ , а Американскиот ми е онака секојдневие, лесен и прелесен за говор затоа што нас ни е многу лесно да изговараме тврди согласки лајк д Рашн на пример одколку да кршиме јазик со меките.
The one and only, British English. Од дете го имам заучено него, и со граматика, и со акцент, и многу си го сакам. Зборувам течно со мешавина на англиски и ирски акцент, пишувам со англиската граматика, а пак кога ќе чујам некој да ми зборува со тој акцент... епа готово, се топам цела.
Британскиот всушност не го ни разбирам најдобро...Често знам да заглавам со изговарањето на некои зборови. Американскиот ми е полесен за изговор, и одлично го владеам. Но, британскиот ми е поинтересен.
Може не го разбирам целосно ама колку само добро звучи Британскиот. Не велам дека американскиот е лош (додуша тие јужнаците имаат ужасен акцент) ама британскиот звучи преубаво посебно кога го изговара некој како Joseph Morgan,Theo James или Maggie Smith Babbling, Bumbling Band of Baboons http://www.youtube.com/watch?v=o0a2ArTvUYI http://www.youtube.com/watch?v=uqyi-165QR4
Двата акценти ми се убави, не е дека некој ми е поубав, али ете повеќе ми се допаѓа англискиот бидејќи звучи многу културно и софистицирано, особено кога некој зборува 'like a sir' додека американскот ми е онака...ништо особено. Инаку одлично го владеам и американскиот и англискиот, англискиот ми е ко да сум нивна Ааа морам да напоменам и дека многу ми е привлечен и секси англискиот, некој дечко да ми прозборе и уште да е симпатичен, готово, одма ми се свиѓа...знам бидејќи ми се има и десено :geek:
British English нормално. Умеам да зборувам на двата и +(Irish i Australia)n ама на школо зборувам American иако не го сакам баш за да ме разберат зашто ако почнам да зборам British употребувам и некој нивни фрази и не ме разбираат сите
Британскиот има чуден начин да ми алудира на нешто посебно, кралско, издеферинцирано и префинето. На друга страна пак, американскиот ми е стандарден, лесен за изговор, типичан, веќе стандардизиран и универзален. А реткото е слатко по мојата идеологија, затоа помилозвучен ми е британскиот акцент.
Преферирам Англиски но кога се изразувам, се изразувам на Американски затоа што сметам дека луѓето (од Македонија) кои го користат British English во секојдневните изрази кои се на Англиски јазик се перчат премногу. Едноставно, премногу е.
Не треба темата да се вика Британски или Американски акцент? Го преферирам Британскиот но го користам Американскиот. На факултет не оставија да си бираме ние на кој акцент сакаме да си збориме. Повеќето веќе имаа Британски акцент а мене од друга страна ми е срам да пробам да го зборам и затоа си продолжив со Американски.
Дефинитивно англискиот т.е. британскиот, иако американскиот ми е полесен за изговарање, британскиот ми е пософистициран и поубав за слушање.