Секако британскиот, иако со американскиот многу потечно се зборува, ама сакам сега да имам британски акцент, барем малку и затоа гледам британски јутубери како Zoella и PointlessBlog, преубав акцент имаат.
Јас имам оригинален Канадски акцент, но кога зборувам многумина го мешаат со Американскиот акцент и мислат дека сум пораснала таму, а не во Онтарио. За некои навистина е тешко да го разликуваат, но сепак присутни се одредени разлики. Хаха и благодарение на акцентот можам совршено и да зборувам на англиски акцент, особено кога рецитирам делови од драмите на Шекспир.
American...go sakam i taka zvucham. Pomek e i poubav. British me potsekja na cicko ili tetka so loshi zabi.
Го претпочитам Британскиот нагласок и настојувам да го негувам при изговор. Звучи многу префинето и секси во исто време. Добро, тука не спаѓаат Ирскиот и Шкотскиот акцент, кои се повеќе комични и неразбирливи. Но затоа, Англискиот нагласок од јужниот дел на земјата го обожувам.
Британскиот многу поубаво ми звучи, иако можам да изговарам само со американски акцент (и по некое зборче на британски акцент).