Форумџика на годината 2020

Британското кралско семејство

Дискусија во 'Мода и стил' започната од ph.orhideja, 28 април 2011.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    45.571
    Пол:
    Женски
    Не најдов ништо слично,па ја отворив темава,ако не е во ред бришете.
    Сега се случува еден од најголемите и најубавите настани во Европа, кралската свадба.Преплавени сме од информации за венчавката на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон,па би сакла да прокоментираме малку за идната принцеза.
    Мене лично оваа девојка ми е премногу убава,симпатична и сигурна сум дека го живее сонот ,Која од една обична девојка станува принцеза.
    Мислам дека ќе биде достојна наследничка на својата прерано почината свекрва,Принцезата Дијана.
    Нека им е со среќа.
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Kate Middleton

    Jaс си пишував за нејзиниот стил на мојот блог па еве го линкчето да не се повторувам. Воедно и да не ги копирам сликите од нејзните комбинации, од колекцијата шапки, чевли, чанти, акцесорис.... и вереничкиот прстен.
    http://the-fire-inside-me.blogspot.com/ ... -kate.html
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.422
    Kate Middleton

    Значи како прво не подуа со свадбата на принцот Вилијам, но си имаат право вакви свадби не се случуваат секој ден. Е вака за идната принцеза морам да кажам дека си има стил кој и одговара на една принцеза. Многу ми е симпатична и прекрасен пар се со принцот Вилијам. Предобро се облекува девојката на која и се оствари сонот за кој сонувааат безброј девојки, од обична девојка стана принцеза :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Rock-a-Fella и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.884
    Kate Middleton

    Mногу ја сакам Kate,прво зрачи со добрина,милина абе срцка е,за стилот нејзин ми се допага,елегантно,софистицирано,со еден збор права дама :) Tолку од мене :bow:
     
    На stewart му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.932
    Допаѓања:
    7.797
    Kate Middleton

    Многу ми е симпатична и слатка прва срцка ми е со еден збор се соглaсувам со wolf4e преубав пар ми се со Принцот Вилјам девојкава дефинитво има прекрасен стил им посакувам многу среќа и се надевам дека ќе останат заедно до крајот на животот . ;)
     

    Прикачени фајлови:

  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.419
    Kate Middleton

    Мене не ми се допаѓа нешто посебно...
     
    На Extraordinary.girl, Gabriela-22, Kristinna92 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Kate Middleton

    Иначе од утре темава да се преименува во Catherine Middleton, зашто откако ќе стане принцеза никој не смее да и го крати името и да ја вика Кејт или Кате по нашки :D
    Сериозно ова, дури и кралицата потенцирала од утре е она Кетрин и точка :lol:

    А она ми е слатка, дури сеа и се проубави, алал да и е си го бркна принцот, али реално принцезите немаат нималку бајковит живот, посебно кога би живеел и би ти била баба Елизабета :^) Кетрин не смее да работи, единствено во добротворни и хуманитарни организации, стилот ќе и е исклучиво класичен, нека си ги заборави кратките фустани. Али мене па во последниве слики што ги имам гледано од неа баш е добро средена, како на пример тука
    [​IMG]
    Али не да не напнаа со свадбава. Како и да е ќе пуштам утре да видам што фустан ќе носи.

    Најинтересно има обложување во Англија колку се шансите она утре да побегне од пред олтарот? |( Мислам да она со 50 кг венчаница, со принц од Велс под рака, со дијамантски веренички прстен од 1,5 милиони долари и со златна кочија пред црквата ќе избега. Аха рајт! :D
     
    На Dayanna, mims-89, ph.orhideja и 2 други им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.990
    Kate Middleton

    И овде ќе ме труете со кралскиве ми дотични персони |( .... :|
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    9.130
    Kate Middleton

    Мислам дека го прочитав врвот - ќе се "пакувал" во шишиња и продавал воздухот од свадбата

    Какви бизарни работи смислија околу венчавкава....

    Ова стварно звучи ко бајка да станеш принцеза, ама јас не би сака баш ваков живот. Нормално дека би сакала ваков лукзус де, да не се лажеме...не дека би го одбила принцот ако ме бара :D али прстен од 1 милион и тотално затворен дух и живот полн со правила, однапред све испланирано, несмееш да мрднеш.....хм, не баш

    ^Јуле, ако несакаш труење, не е задолжително отварање на тема. Можеш слободно да ги читаш само оние теми што ги сакаш, не е според правила читање на секоја тема на форумов :hai: Feel free да ја рипнеш секоја статија посветена на кралскиве персони
     
    На Sara123, ph.orhideja и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.990
    Kate Middleton

    1. Не е Јуле...читај подобро... :geek:
    2. Не морало да ми реплицираш...можело и можеш да ме скролаш т. е. да ги скролаш моите коментари или постови...
    3. Имам право и јас да про мрчам за нешто...нели

    Се извинувам за офф топик коментар...Толку.
     
    На mysterious и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    5.335
    Пол:
    Женски
    Kate Middleton

    Многу фама се крена,а воопшто не се интересни во никој поглед,се е според некои правила и принципи,а не како што тие двајца сакаат,за мене тоа е многу глупави,ама сепак е кралско семејство и мора така нели?Не ми се воопшто интересни ни за гледање.Девојкава ми е симпатична,ама од принцов и од татко му погрди суштества не сум видела,немам коментар,никогаш немам навика да вреѓам некого за тоа дали е грд и јас може на некого сум му грда,ама луѓе ова како изроди се не знам што да кажам
     
    На Gabriela-22 и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    45.571
    Пол:
    Женски
    Kate Middleton

    Тоа дека се крева голема фама,да,но ова е кралска свадба и настан што не се случува секој ден.
    Профитот од кралската венчавка во Англија се проценува на огромни суми, и сега се е во знак на тоа.
    Во Лондон дури се продаваат меѓу многуте сувенири, и кеси за повраќање,доколку на некои им се слоши од лигавоста на настанот. :D
    Од утре е официјално Кетрин,незнам народот колку ќе го применува тоа,зашто Принцезата Дијана ја викаа Леди Ди.
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Kate Middleton

    Баш пред некое време се расправав, да речам, со еден Британец кој воодушевувачки ми кажуваше детали за свадбата и за оваа Кејт (Kate who? whoever that woman is |( ) и јас, малку некултурно од моја страна, признавам ама што да правам - р’же не се држе, му се с’снав и почнав да му удирам малку потценувачки дис, но едноставно не ми е јасно што толку оргазмично ја дожувуваат некои Британци свадбава?! Конкретно од него сакав да ми каже реален аргумент зошто имам чуство дека ќе прсне кога и да ги спомне Вилијам или Кејт.

    Ама, стварно. Која е оваа Кејт па да се зборува за неа? Принцеза? Е каква принцеза? Таква што цел живот нема пипнато веројатно ни чинија, и нема ни да пипне и ќе живее од парите на милиони Британци кои горди на кралското семејство (патем да ти се плукнам у таквото семејство) си даваат пари од својот џеб директно во џепчето на Кејт и компанија.
    Епа ете и го стилот. И ја би да имам стил со такво педигре :)

    Што правиш маме? Еве собирам парички, уште од оние од Ливерпул да ми стигнат па одам да си купам костумче какво што ми таксала баба.
    Не знам. Ај доволно негативистички звучев, да не ме затепате :) Само сакав да доловам колку навистина не можам да разберам како некого го фасцинираат вакви персони кои ништо друго во животот не направиле освен тоа што се свршиле со еден принц. Немам намера ниту да ја следам неа ниту начинот на кој се облекува. Имам милион прекрасни девојки во моја околина кои повеќе заслужуваат моја пофалба за тоа што достигнале отколку ова Катево :)
     
    На kate21, 1209 и julie77 им се допаѓа ова.
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    9.130
    Kate Middleton

    Извини julie77, нареден пат ветувам дека ќе читам подобро, впрочем ќе проверувам по 2пати
    Не ти рециплирав, само ти дадов надобронамерен совет, како да останеш незатруена, за твое добро. Немам потреба да ги скролам твоите постови, воопшто не ми сметаат. Не те труеме ние, сама се труеш со читањето.
    И последно, нормално дека имаш право, никаде не ти го ускратив....само ко што кажав погоре, совет ти дадов
     
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    45.571
    Пол:
    Женски
    Kate Middleton

    Зошто секој британец на ваков начин ја доживува свадбата?
    Затоа што веруваат и се крстат во својата кралица.Таму членовите на кралското семејство се личности кој секој ги сака и ги почитува.Таму постои почит кон монархијата.
    Нешто што не е типично за нашево поднебје. :!:
    А Дијана беше на широко позната по својата улога како хуманитарка,иако ништо не работеше.
    За некого ова сето е патетично,за некој симпатично.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.111
    Допаѓања:
    53.713
    Пол:
    Женски
    Kate Middleton

    Колку невпечатлива фаца има, тоа е чудо. Ги изгледав сите слики, и пак нема да ја препознаам ако видам друга. Убаво се облекува. Ништо не знам за неа :D
     
    На Phyramide, Strumfeta93 и sesilija им се допаѓа ова.
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Kate Middleton

    Алиске овај што го смислил ова е многу паметен. Ќе си купи шишиња, ќе го "фати" воздухот од свадбата, ќе потроши едвај некоја фунта, а тоа ќе го продаде за цена колку буџетот на Р.М :D

    Будала, ај да не велам будала, сонце ќе го наречам е тој што ќе го купи. Замисли одиш негде на гости и ти вели Паааааааааааази го тоа шише. И ти што има внатре, а потоа добиваш одговор јаглеродниот диоксид што Вилијам и Кате го издишиле на свадбата :D :D :D

    Што нема да му текне... Смајли што се чеша како мајмун за семки едно триесетичетири пати :D
     
    На dzanina и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Kate Middleton

    Јас па си викам а ќе има ли шишенца со нивните прдешки, да си купиме едно такво да видиме како мириса кога некој аристократски ќе ослободи гас?! :wasntme:
    Баш денес еден колега ми ја прокоментира оваа Кејт, кој инаку долго има живеено во Лондон - For a British she's averigely OK - и баш така и си мислам.

    Ајт нека им е со среќа а и на неа секој нов шешир.

    Ах, да тело има гром, ама што е и тоа битно :) Забегавме со темава малку се извињавам, толку од мене ;)
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    66
    Kate Middleton

    Леле што прашина се крена! Нема програма да пуштам,а да не слушнам
    Пренос во живо од кралската венчавка...Романтичниот пар....Филм за прекрасниот пар...Принцезата
    Едноставно не ми се допаѓа! За стилот ти нема д аимаш стил кога ќе бидеш удавена од пари па ќе можеш да купуваш облека од славно познати дизајнери и тоа ти е стил?! Please... |(
    И таа и принцот (смајли што прави со прстите наводници) ми се едноставно без врска тој ќелав таа згодна, веројатно не ја има шармирано со своето кралско однесување(или разгаленост) туку таа си има пеено од Џеси Џеј само поинаква верзија на Прајс Тег Money,money,money, we really need your royalty money, forget about the price tag just get me what I want heyy!
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.840
    Допаѓања:
    114.541
    Kate Middleton

    Вилијам и не е толку гадно суштествие,мене дури и ми е симпатичен.Ех кога е прост,можеше мене да ме земе,стварно крал да биде,а не вака,чисто протокларно,декларативно и невистински! :D
    Зашто па да не бе?!Па што!Шансата на оваа и беше една во три милијарди и не е мала работа во реалноста да ти се деси дизниева бајка,не?!
    Мене ми е благо антипатична,веројатно зошто ме потсетува на онаа Камила,а од друга страна не и е лесно мајке ми.Што ќе и пари,што ќе и сВе,кога не може да си ја прчи онака како што неа и одговара!Никогаш нема да има нормален живот,ниту пак ќе може да се изнаужива во благодетите на богатството,а сакале или не сакале да признаеме,богатството е задоволство!Ќе глумата хуманитарка.Мене дури и Лејди Ди не ми беше нешто особено,особено затоа што неа и беше дел од описот на она што принцеза мора да го прави,а не затоа што сакаше.Неа многу и беше гајле да се слика со црнче со колера,ама мене не ми е сеедно,мајке ми.Мене ќе ме остаат да умрам,а може и третокласна вакцина да ми дадат пред настанот.

    Ал интересно е,зошто да не! Поинтересно ми е,него ли да слушам за Авганистан на тв и слични срања.Сепак и реалноста може да биде некогаш колоритна ако имаш доволно среќа и се најдеш на вистинското место во прав момент како оваа цуцава која патем ми делува како да трие рачиња,а не е ни свесна шо ја чека сеуште.

    Ај,Хари ќе го ловам,ако е жут,јас сум убава! :D Ќе им дадам малце македонска убаина у кралското им семејство и плус! ќе го направам крал,толку многу ќе ме засака баба му,а оваа со се Вилијам ќе ги испратам у летната колиба од 1000 квадрати да живеат таму до крајот од животот! :D
     
    На Extraordinary.girl, MaggieTatum, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.