Kate Middleton Jас колку што знам малава и пред принцот си била богата, т.е војвотка и татко и и го купил фустанот кој чинел 400.000 долари и такој бај д веј досадни се ама најискрено цел ден го замараа со нив... сврти ваму сврти таму принцот принцот... A како се облака... онака, пресериозно за мој стил, а тоа што не е женствена и сексипилна си е друга ствар
Kate Middleton Секаде читам и слушам негативни коментари за фустанот на Кејт. И не ме изненадува, па луѓе ова е Македонија, ако се нема 100 кила шминка милион светки и циркони, пренатрупаност и сарма на главата па не е тоа невеста. Мене стварно ме фасцинира целокупно, од фризура, до фустан, убетчињата... ма прекрасна беше. Се молам еднаш да присуствувам на некоја свадба кадешто ќе видам поразлична невеста, ми се здосади од исто та исто. Бугарски певачици, ајмо. Пренежна беше, абе срничка жими се. Фустанот беше баш како од ние старински средновековни фустани, мх мх, Пак коа читам коментари, далеку била од Лејди ди. као демек лично ја познававте. Ако зборуваме физички, Дајана ми беше грда. Ни п од принцеза. Ај со среќа да им е, и на ваши глај. В година на крштевка И не се жалете, камо секој ден вакви работи да гледам по телевизија, отколку војни, колења, криминал и природни катастрофи.
Kate Middleton Ау боксериците! Ама ми се допаѓа,овој стариов не го глеам! Ја ме ја! Баш е симпатичен бе! Ууууу...ухухуху...
Kate Middleton Немора да има светки, циркони, кикици и шљокици за да биде подобро. Можеле да биде исто едноставно и скромо, ама многу подобро. Не велиме дека требало да изгледа ко бугарска пејачка за да бидат сите воодушевени. Ама како за принцеза сите очекувавме нешто wow....а тоа wow не значи горе набројаните украси. Еве неколку примери на венчаници кои оставаат без здив, а се едноставни и далеку од кичести и натрупаност На Vera Weng сите фустани се прекрасни, а едноставни, нежни.... и така натаму....се си е до вкус сепак нели. Мене премногу ми се свиѓа нејзината венчаница, и одговараше на елегантната церемонија. Али ми се засвиѓа од 2ри-3ри пат. Не паѓав во несвест од прва, како што паѓам на ревиите на венчалните фустани на многу светски дизајнери
Kate Middleton Со самото тоа што овој настан имавме привилегија да го гледаме , еден ден ќе можеме да кажеме дека сме ја гледале КРАЛИЦАТА кога се мажела ( иако сега само Војводка). Верувам дека Вилијам и Кејт се оние кои ќе внесат нови правила на игра во Големото Кралство... имаат моќ тоа да го сторат, имаат љубов која ќе ги води.... Како и да е, Вилијам веќе неколкупати вовел нови правила: - изборот на училиште е само негова одлука ( не ја прифатил препораката на советниците) - првата прес конференција во Бакингемската палата е оддржана по негово барање - девојката без сина крв е само негов избор - втор бакнеж.... ( гледајќи ги помислив дека би сакале и 3,4,5,....) - по церомонијата ... хеликоптерчето и мммххмх пак (впрочем и Кралицата Елизабета омекна - со влезот на Камила во КС тоа е повеќе од очигледно) Некој напиша --- ЈА ЖАЛАМ КЕЈТ...ЌЕ ЖИВЕЕ ПО ПРАВИЛА И СЕКОЈ ЧЕКОР ЌЕ И БИДЕ ОДНАПРЕД ПЛАНИРАН јас ќе напишам --- НЕ БЕЕЕ, НИЕ НЕ СМЕ ЗА ЖАЛЕЊЕ..ТРЧИ НА РАБОТА, НОСИ ДЕТЕ ВО ШКОЛО, ТРЧИ ОД РАБОТА, ПОПАТ НАТОВАРИ СЕ КО ИДИОТ, ЗЕМИ ДЕТЕ ОД ШКОЛО...АААУУУ ШТО ЗА РУЧЕК ???? РУЧЕЕЕК,.. АЈ СЕГА САДОВИ, АЈ ДА ПУШТАМ МАШИНА...ДЕТЕ ИМАШ ЛИ УЧЕЊЕЕЕЕ??? ..УЧЕЕЕЕЊЕ,,,,ИПАК НЕКОЈ Е ГЛАДЕН ....ВЕЧЕРА!!! ЕЈЈЈЈ ПОМИНАЛ ДЕНОТ....И агаин анд агаин секој ден....барем да имаше некој да ми го испланира сето тоа епа Кејт да не си толку слатка, прекрасна, скромна и со најубава насмевка ...така фино лепо би те зезнала да дојдеш на мое место и да не те жалат
Kate Middleton чекај нели станува принцеза? неможам да сокријам дека ми е мило што една просечна девојка станува принцеза и се надевам дека ќе остане приземјена и народна.
Kate Middleton Кејт не беше војвотка, таа е граѓанка на Англија така и ја викаа ,граѓанката Кејт, пред да се ожени со Вилијам, нема благородничко потекло, сега со стапување во брак со него доби назив војвотка, не принцеза, таа сеуште не е принцеза....Татко и бил пилот а мајка и стујардеса... ништо повејќе... Да и за фустанот, според правилата на кралството, семејството на невестата треба да го плати фустанот, не дека има пари татко и туку дека според правилата така треба,,,ништо во кралското смејество не е случајно, се е по правила и протокол.
Kate Middleton Толку пари за фустан... Светот е во криза, колку гладни луѓе има, толкаво расфрлање на пари... Глупости живи.
Kate Middleton Епа тие не живеат во Африка за да немаат пари за расфрлање и башка Вилијам е принц му доликува ваква свадба.
Kate Middleton Не живеат во Африка Што ако бил принц? Баш поради ваквите времиња подобра слика ќе дадеа ако донирале пари, ако направеле поскромна венчавка(сега се знае колку скромна може да биде, ама сепак) И овие Британциве ме нервираат веќе како народ жими све.
Kate Middleton Hа Интернет свекор ми прочитал дека наместо дарови младоженците ги замолиле гостите да им подаруваат пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Колку хумано!
Kate Middleton Да точно така наместо поклони им кажале на гостите да донираат пари за хуманитарни цели. А и не бидете толку строги, покрај толку страдање, поплави, цунами, и триста чуда време беше малку да уживаме во вакво нешто...на крајот на краиштата 30 години се чекаше на свадбава...
Kate Middleton А искрено ти мислиш дека ќе го платат во целост фустанот? Јас искрено не мислам. Може ќе дадат нешто, ама толку е голема чест за модната куќата Александар Меквин и за дизајнерката што тие го имаат креирано фустанот на најгледаната свадба, на кралската свадба на столетието. Којзнае само колку нарачки имаат по овој фустан. Може е проценет на 434илјади долари фустанот, ама дека толку ќе го платат чисто се сомневам Ќе фрлат некое илјадарче за материјал и толку А нормално е да ги даруваат гостите со подароци за добротворни организации. Со тоа што имале список од 20сетина одбрани организации, кадешто гостите можеле подарокот да го дадат. Нормално станува збор за подарок во плик А и баш една другарка се воодушевуваше леле хумано било што гостите ќе донирале во хуманитарни цели. Па што да им купиш? Се имаат. А и самото кралско семејство дава годишно премногу пари во добротворни цели, па ако 600 луѓе дадат неколку илјади фунти во добротворни цели е супер. И онака тоа се луѓе познати низ целиот свет кои и вака и така даруваат пари. Не е новост на свадбите на богатите подароците да се даваат во хуманитарни цели, многупати сум читала дека се даваат парите на организации. А зашто никој не ја спомнува "хуманоста" дека 30 милиони фунти се истрошени дента само на обезбедување А дали 1 милион ќе отидат во организациите. Па и тоа можеби многу.
Kate Middleton И ја така мислев дека кралското семејство на младоженецот го плаќаат фустанот ама не, дознав дека невестата по тие нивни правила сама го плаќала и секако мора да биде нели од англиски материјали итн итн, што значи секако мора да е скап :/.
Kate Middleton Го гледав целиот настан , Вилијам и Кејт беа прееубави , само Викторија Бекам не ми се допадна воопшто беше облечена како за погреб ( а слушнав на тв дека сите гости треба да се облечени во `живи` бои и задолжително шапки на главите..) Сепак Кејт ми беше преслатка
Kate Middleton Не можеме да викаме дека е апсурдно што потрошиле толку пари. Кралско семејство се, не ќе потрошат 1000 евра за свадбава. Донираат тие во хуманитарни цели. Секој си ги троши парите како што сака, ако е за така и ние не треба ич да трошиме заради гладни деца. Се што можеме да направиме е да не фрламе јадење, да не дозволиме да ни се расипа, да не го фрламе лебот затоа што бил од вчера и да трчаме по нов итн итн. А некој ако има милијарди, има право да купува и троши колку сака нели, а ако па и донира колку што може, поштовање до нив. Така би функционирала и јас. Кај нас ем немаат ем се расфрлаат со свадбиве, матуриве и што не. Е тоа мене ме нервира.
Kate Middleton Па ние сигурно не фрламе милиони во износ на јадење Јас си останувам на мислењето, да се покажува толкав раскош во вакво време не ми иде. И Господ знае само зашто се уште има кралско семејство во Британија.
Kate Middleton Сакав да кажам дека верувам дека Кејт еден ден ќе биде кралица. И како може убави работи да не ви се допаѓаат? Да направеа некое скромно свадбиче гарант коментарите ќе беа дека тоа е така затоа што Кејт нема сина крв. Спојлер другар ми сега би рекол - јас па мислев само оние што рекламираат улошки имаат сина крв
Kate Middleton Јас ќе си прашам затоа што убаво викаат, подобро да си прашаш кога незнаеш Што улога има кралското семејство таму? Мислам, фактор некој се, донесуваат важни одлуки или само си живуцкаат раскошно?