Kate Middleton Монархот што е на чело е ограничен од уставот. Парламентот е тој што владее и донесува закони и одлуки. Комплициран им е системот, само во тој целиот систем монархот е кукла, а не куклар и не ги влече конците.
Kate Middleton Значи - не прават ништо освен што живеат раскошно по некои си правила Пих, како не се родив во такво семејство?
Kate Middleton Само формално си живурицкаат и собираат кралски данок.Повеќе тераат традиција и дел од Комонвелтот не се согласуваат,како и Тони Блер,па затоа тие таквите не биле поканети на свадбата. Нивната атракција носи огромни пари на државата од туризам,а плус останатите земји кои се во Комонвелтот,а преку монархија им е едини начин да ги држат во тн заложништво и да збираат данок.А повеќе промовираат хуманитарност и социјалниот работи во државата кое пак е огромна иронија.
Kate Middleton Јас не би ни сакала да живеам во такво семејство. Ништо не може да ја купи слободата на избор. Вака што сакам и кога сакам ќе правам, а не да следам некои си правила, протоколи и да бидам нон стоп обрзана да правам нешто. За ниакви пари бре не би се согласила на тоа.
Kate Middleton Мислам дека ни љубовта не опстанува таму. Може да се види по нивната несреќна историја на кралеви и кралици. И таа што и требало ова, бајка сакала, ама кој знае дали ќе ја доживее...
Kate Middleton Јас би да живеам таков живот. Можеби немаат слобода, но да не случајно и јас имам слобода? Секако сум со ограничени можности пред се материјално. И кога би бирала да бидам "заробена" и богата или слободна и ова што сега сум, радо би го избрала првото.
Kate Middleton Абе зависи...ако ти е таму дозволено барем едно нешто кое ти сакаш и те исполнува,пак некако,ама ако повторно го немаш,исто ти доаѓа,само што во овој случај знаеш дека не смееш и нема шанси да го можеш било кога во животот,а вака се надеваш. Не знам бе.Да си тој тип,да немаш создадено слика за животот,освен слика за пари,накит и фустани,слава и да си викаш,лелеееее,сите девојки ми завидуваат,може и ќе профункционираш,ама кога-тогаш човечкото ќе ти проработи и ќе имаш потреба од други работи.
Kate Middleton Кејт или сега нејзиното височество Кетрин не је знаев се додека не почна фамата околу кралската свадба.Да си кажам не ми е ништо посебно, мила е но некако ми ја нема фацта за принцеза тоа е сигурно затоа што во мојата глава зборот принцеза ме асоцира на нешто раскошно, балско знаете како од предходните векови Иначе јас ја разбирам фамата околу свадбата бидејки е толку долга традиција, но ја разбирам, а не ја одобрувам затоа што веќе ми се повраќаше од сите глупости кои ги направија во врска со кралската свадба, пр. ќеси за повраќање со нивните лица А за парите нормален е толкав раскош не е џабе кралска свадба.Е сега да се надоврзам на предходните коментари во овој век не би сакала да бидам принцеза затоа што ја нема слободата која ја има остатокот од светот, но и предходно се изјаснив дека би сакала да бидам родена во некое друго време, па не би имала против да се родев баш во кралска фамилија во Британија, а барем по тоа што го гледаме по филмовите не дека тогаш не биле како врзани но барем и остатокот од светот живеел во некој строг морал.Мене одсекогаш ме фасцинирал кралскиот живот и богатата историја, фамилијарните лози, раскошната мода...али тоа е ја немав среќата да се шетам наоколу како кралица,принцеза или може и само грофица.
Kate Middleton Војвотката од Кембриџ, д ројал Принцес Кетрин, ја сместувам заедно со Грејс Кели во најубавите принцези до сега. Девојката ми личи на мирна отмена и интелегентна, ги има манирите и знае совршено да се однесува, префинета и грациозна, покрај него стои со дигната глава и достоинствено ја носи круната. Не секоја би можела тоа така да го изведе пред очите на целиот свет и под таков огромен притисок. Сигурно знае точно во што се впушта и мене ми личи на достоинствен пример, ако не и најдобар примерок всушност, од кралската фамилија. Јас лично одма би го земала Хари, ич, ама ИЧ лошо нема да ми падне. Не знам што е со муабетов, нема да издржам А мене едно незгодно кога ќе треба да ме ладат со бамбуси и да се шетам со тијари по дворецот ... Оооо тешкото.... !
Kate Middleton Eве што зборувале Kате и Bилс за време на венчавката Ако се прашувавте што зборуваа Вилијам и Кејт и нивните семејства пред венчавката и по излегувањето од Вестминистерската палата, како и подоцна во кочијата, сега ќе дознаете благодарејќи и’ на професионалната читачка од усни Тина Ланин. 10.20 часот: “Потрудете се се’ да помине како што треба“ Принц Вилијам на неговиот брат Хари (додека влегуваа во Вестминистерската палата): Се радувам на сево ова, ќе тргнеме ли ? Принц Хари: Секако, веќе сите пристигнаа. Вилијам на бискупот: Потрудете се се’ да помине како што треба. Веќе е преубаво. 10.55 часот: Кејт е во ред Додека влегуваа во Вестминистерската палата, Мајкл Мидлтон ја прашал својата ќерка Кејт: “Дали си добро?“ Кејт одговорила потврдно. 11.05 часот: “Изгледаш преубаво“ Кејт на бискупот: Очекувам дека ќе бидам преморена денес. Ви благодарам. Хари на Вилијам: Во ред, еве ја пристигнува. Вилијам на Кејт (пред олтарот): Изгледаш преубаво. Вилијам во шала на Мајкл Мидлтон: Планиравме ова да биде мала прослава за најтесниот круг на семејството. 12 часот: Кралскиот разговор по венчавањето на Вилијам и Кејт Кралицата Елизабета на сопругот, принцот Филип: Беше прекрасно. Филип: Да. 12.15 часот: “Дали си среќен?“ Вилијам на Кејт: Дали е се во ред? Кејт: Да. Вилијам: Би сакал да сум надвор. Вилијам (додека и’ помага на Кејт да влезе во кочијата со која ја напуштија Вестминистерската палата): Во ред е, тука си. Кејт: Благодарам. Сега дали си среќен? Вилијам: Да. 12.30 часот: Кралицата сакала помала кочија Кралицата Елизабета (пред Вестминистерската палата): Сакав да ја земат помалата кочија. Камила (сопругата на принцот Чарлс): Се’ помина добро. Кралицата: Најдобро. Вилијам на Кејт (во кочијата): Мислам дека не треба да се поклониш. Само треба да ја наведнеш главата. Кејт: Во ред. Вилијам: Ова е лудило, лудило ! Боже колку е гласно тука, сите ракоплескаат. Кејт: Изгледаш среќно. 13.30: “Ајде да се бакнеме сега“ Кејт (на балконот на Бекингемската палата, изненадена од глетката): О, вау. Вилијам: Ќе бидеш добро? Кејт: О, добро сум, благодарам. Вилијам: Многу луѓе се собрале. Погледни ме, ајде сега да се бакнеме? Кејт: Што, сега? Вилијам: Мислиш дека сакаат уште време? Кејт: Погледни ги сите тие луѓе. Вилијам (по бакнежот): Уште еднаш. Тогаш кралскиот пар се бакна уште еднаш, а потоа Вилијам рекол : “Тоа е тоа, да одиме“.
Kate Middleton Кејт ми е преубава, а ни Вилијам не беше лош Фустанот не ме се допаѓаше, но тоа е тоа, мора да биде со ракави и сл. Прочитав дека многу прашина се дигна околу оваа сведба и дека светот има поважни проблеми од свадбава. Редно е да се видат и убави работи освен војни и убиства нели?! Потоа на кралска свадба наликува да бидат истрошени многу пари, да биде свадбата голема со многу гости итн. Они и така даваат многу пари за донации, па можат (мора) да си дозволат свадба од ваков вид. И мене не би пречело да живеам ваков живот. Да можам во животот да си дозволам се што сакам? Да идам на патување кога сакам? Да не работам ништо?! Да си се шетам по големиот дворец? Ма ич не ми е тешко
Kate Middleton Прво ке кажам блазе си и на Кејт! Од обична девојка стана принцеза-алал да и е! Вилијам направи одличен избор, прекрасна беше на венчавката и тој и таа, целата свадба беше совршена! Им посакувам многу срека и љубов во животот!
Kate Middleton Не оставаат ништо на случајност Инаку преводов sucks. Уставри преводот не е лош, ама лошо звучи на наш јазик
Kate Middleton ах девојки не и завидувајте мислите лесно е во нејзина кожа од обична девојка стана принцеза која мора да внимава што носи како зборува итн
Kate Middleton Да бе, сигурно и е полесно. Не може да знаете како некој се чувствува додека не сте му во кожа. Полесно ќе и биде кога нема да го гледа со ноќи и денови, кога ќе мора да прави што ќе и биде наредено. Вака кога ве слушам како да губите допир со реалноста, целите во бајка сте влегле. Живот е ова, ретко има бајки во животот
Kate Middleton Па ако не и било поубаво и полесно немало да каже да. Ниту да се влечка со него 7 години. Девојката има доволно пари и образование да живее прекрасно, без да и фали нешто. Штом го одбрала него значи е среќна со него Може нејзното не е бајка, ама нашето со нашава слобода да правиме и кажуваме што сакаме, ќе биде бајка уште помалку