Kate Middleton Зошто секогаш последна дознавам кога се отвориле вакви атрактивни теми? Ајде и јас да си кажам сега, од а до ш. Значи неможам да опишам колку најнајнајнајнајнајнајнај прекрасни ми се Кејт и Вилијам.. Збачи совршени ми се. И баш личат на прави принц и принцеза Кејт е прекрасна, грациозна, нежна, згодна, прекрасно лице и насмевка..ама баш влакно не и фали. толку ми е совршена (е сега за кого како е работава, ако вас пример за згодноќа ви е цицкишта на сите страни и газ позади, тогаш тоа е друга работа) Значи права принцеза.. Искрено и јас очекував повеке од фустанот, кога ја видов многу едноставен ми се виде, можело малкуцка пораскошно да биде, не зборувам за никаков кич и слично..но сепак и вака како што беше премногу ми се допаѓа, и не би сменила ништо.. фустанот беше едноставно-праубав (двосмислено ) чипката везот..немам зборови..едино малку не ми се допагаѓе делот кај градите..некако чуден ми беше, но сепак не е толку лош Принц Вилјам кога го видов за прв пат ми беше ууу ич не е убав...али колку повеке го гледам, не ми е толку лош..иако има малце коњести заби, не е воопшто грд, напротив, ми стана симпатичен. Како пар кажав, совршени ми се и двајцата..Кејт ми е апсолутна убавина, незнам како да кажам..на некои им е убава, на некои им е само харизматична, некои велат ништо посебно.. Мене лично ми е преубава, совршенство.. Гледам таму разговори гради немала според конституцијата мали гради совршено и прилегаат и воопшто не и ја нарушуваат убавината..зарем големи гради убаво би изгледале? или типот разговори 'можел поубава да си најде' да така е тоа нели, си ги бира он со показалец, ти чиниш ти нечиниш, па треба да постои љубов,разбирање,согласување ехе.. па и убавина секако.. Една феминка убаво пиша..па и твојот (иден)маж можел поубава да си најде, но тој те одбрал тебе. Мене ми се прекрасни, нека им е со среќа Е сега да, малце глупо е што ништо не прават и само си уживкаат, и стварно не ми е јасно зошто сеуште постојат принцови и принцези и кралици дрн дрн.. али тоа е Еве уште неколку фотографии од оваа двојка
Kate Middleton http://www.youtube.com/watch?v=g7fpfTwO ... ure=relmfu Видете бе шо се убави. Мене искрено многу ми е мило што си тераат традиција, уживам во вакви кралски работи да си гледам. Баш покрај кризи и секакви лоши работи, убаво е да се свежни вака народот, нешто убаво и на тв да видам освен криминал и сиромаштија. Ај со среќа. Јас лично не би одбрала таков живот, зошто таму животот ти е по правило, смееш ова, не смееш она... такви ствари не се за мене. Али барем еден ден би сакала да поуживам, ама цел живот не.
Kate Middleton ЛОНДОН Гафот на Бекам на кралската венчавка 30.04.2011 | 14:34 Извор: Нетпрес Додека Викторија Бекам блескаше на церемонијата на кралската венчавка, нејзиниот сопруг Дејвид Бекам направи голема грешка. Во сивиот костум кој го креираше Ралф Лорен, Бекам изгледаше многу елегантно, но фудбалерот направил грешка и кралското одликување го ставил на десната страна, а требало на левата бидејќи одликувањата се носат на страната каде што се наоѓа срцето. Викторија изгледаше беспрекорно во темниот фустан од својата нова колекција, која го носеше со елегантната шапка креирана од дизајнерот Филип Трејси. Брачниот пар во соопштението за јавност по кралската венчавка изјавил дека церемонијата била прекрасна и многу трогателна. “Кејт изгледаше прекрасно, а ние бевме почестени што бевме повикани да бидеме дел од еден посебен, историски ден за Англија. На кралскиот пар му посакуваме многу љубов и среќа во заедничкиот живот“, стоело во соопштението.
Kate Middleton Женски, ова англичаниве (мислам дека се тие) не чекале ни миг, одма и филм се снимало за кралсково семејство и Кејти! Мислам дека го ''фатив'' филмот на една бугарска програма, бугарска синхронизација, ама не ми се допадна баш, што знам и некако глупо ми делуваше - не ги оставаат на раат луѓево ..цк.
Kate Middleton ^ Јас мислам дека е американски. Прочитав некаде, ама сега неможам да најдам, па не сум баш сигурна. Они ја имаат моќта да направат бизнис и пари од се.....у најкраток можен рок
Kate Middleton Ако зборите за филмот Вилијам и Кејт го имам гледано. Имам ставено слика во темата Последен филм што го имам гледано. Амерички е!
Kate Middleton ^ е не знаев, мислев дека англичаните ја средиле и таа работа, како и да е, пак ќе кажам дека филмот не беше нешто којзнае што
Kate Middleton Ајде и јас на темава да си кажам Ми се допадна целата дешавка, а најмногу од се ми се допадна венчаницата. Едноставна, барем навидум, но прекрасна Секоја чест за двајцата, прекрасни беа
Kate Middleton http://mesto.com.mk/video/NM7AR94YA566/ ... 1%82%D0%B0 Кралицава ми е закон, како само културно ја одбегна Инаку не сум ставила мислење, прекрасна церемонија, немам видено поубава и поприродна невеста од Кетрин. Прекрасна, и двата фустани и беа совршени, а тијарата И се помина во најдобар ред, ептен убаво навистина како од бајките.
Kate Middleton Ги прочитав сите коментари и не планирам да реплицирам на никого во врска со оваа тема...само ќе кажам: ако може да се крева толкава фама за секој идиотизам на една Јелена Карлеуша (пардон, високо почитувана колумнистка у задње време ), да се прати будно животот на нашиов балкански "jet set", масовно да се купува "Svet" и нему слични сра*а, тогаш може и една кралска свадба достојно да се испромовира (од нивна страна) и да се изгледа (од наша страна). Девојката не го сонува својот живот туку го живее својот сон, таа е идната кралица на Англија (не е лошо за ќерка на стјуардеса) и никако не можам да разберам зошто некои луѓе не можат да "сварат" вакви royal events "грди биле, ограничен живот ќе имале, она немала плава крв......" не се ниту грди, ниту пак им смета којзнае колку што ќе мораат да следат протокол, и што се однесува до "плавата крв" очигледно ниту на Вилијам ниту пак на целото негово кралско семејство не им претстваува проблем недостатокот на истата кај Каtе,така да не гледам причина зошто толку би се вознемирувале ние во Македонија за тоа btw и Грејс Кели немала ни капка плава крв па без проблем се омажила за принц Рение Поентата ми е: уживајте во снимката од кралската свадба и сонувајте дека еден ден и вие ќе се омажите за принц поздрав
Kate Middleton Искрено, девојката ми се допаѓа како изгледа физички. Ама ова форсирањето на свадбава, некако ми дојде премногу и морам да кажам дека претерано е во јавност девојкава. Дадоа преголемо значење, а јас барем премногу брзо се заситувам од нешто кое е исфорсирано
Kate Middleton А зашто ја одбегнува така? Не им го пратам животот, појма неам што како е случувало порано, ама сигурно има некоја причина....
Kate Middleton Во објаснувањето под видеото на mesto.com.mk: Кралицата на Британија проба да избегне да се поздрави со свекрвата, жената на син и Чарлс.
Kate Middleton ^ Демек свекрва на Кејт според мене мислат, може и да се побркале Леле колку ја сакам старава јас, се пресмеав оваа се наведнува да ја бакне демек, оваа како искулирнао ја заобиколи алал да и е, насмеана Инаку како што знам, Елзабета не беше на венчавката на нејзиниот син со Камила, воопшто не ја почитува, и мислам и додека Лејди Ди беше жива оваа Камила некои манџи матеше, али тие си знаат. Ова ми е во сеќавање овде онде што имам читнато може и да сум гршка, важно ич не ја сака затоа онака ко невидлива да е си помина
Kate Middleton Има логика сега веќе, ми дојде на место Ама како го напишале бе, фатив да се мислам чекај сега кралица, свекрва, жената на син и (па без и’ напишано), ептен ме избуна
Kate Middleton Jaс си ги сакам овие кралски приказни и си гледам емисии, филмови за нив. Така да колку што знам, Камила и Чарлс се знаат многу одамна, уште пред Чарлс да се венча со Дијана. Со тоа што никој не ја сакал Камила, посебно мајка му Елизабета и не ја одобрувала врската. Па морал да најде замена и ете ја Дијана. Тивка, добра, ама претпоставувам никогаш не добила љубов од Чарлс. Затоа и Дијана се вели дека имаше на крај љубовници. А Чарлс и Камила се претпоставува дека беа љубовници уште додека тој беше во брак со Дијана имаше премногу трачеви за ова. А сигурно не се трачеви кога на крај се земаа. Биле пријатели додека беше Чарлс во брак. Ајде бе, тие муабети на деца кажувајте ги Тие иделе пред свадбата со Дијана, му беше љубовница, па и по нејзината смрт си се венчаа конечно. Така да вајда они си се сакаат цел живот. Ама тоа е кралско семејство, играш како ти свири кралицата. Али Камила ми е ептен антипатична и мене. Греота никој не ја сака жената Ама од друга страна доволно е, само Чарлс ја сака. Колку што знам не добил никаква подршка ни од Вилијам ни Хери, многу нормално. Среќа беше поканета Камила на свадбата