Британското кралско семејство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ph.orhideja, 28 април 2011.

  1. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Kate Middleton

    ^
    Да Росонерка, за се си во право, патем и јас обожавам кралски приказни :inlove: :)
    Баш сега прочитав дека Чарлс отсекогаш ја сакал Камила, ама не му било дозволено од кралицата бидејќи веќе била еднаш разведена. А Лејди Ди, мислам дека се сеќаваме сите, колку се експонираше по весници, и колку се караа со Чарлс, дури и баш сега видов изјавил во некој весник дека имала ментално растројство, и така си се препукувале цело време, додека Бети вриела, и никако не можела да ја разбере Дијана, зошто кралицата како камен без чувства била воспитана, додека Дијана само плашече по весници како жртва, ги носеше децата надвор секаде со неа :)
    Затоа и ја снема Дијана под чудни околности, многу драма донесе.
    И се извинуваме за оффтопикот, ама роднини и се на Кетрин што има врска :)
     
    На AlicaInWonderland и rossonerka им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Kate Middleton

    Така е, како што кажа Росонерка.
    Уште додека бил во брак со Дијана, Чарлс си имал врска со Камила. Дијана, буквално, му била за претставување во јавноста, она што светот сака да го види. Мислам дека и во книгата напишана за неа, има опишано колку животот со него и претставувал тешкотија, колку немало љубов меѓу нив. Еднаш се имаат разделено, а потоа со цел да го спасат бракот направиле уште едно дете-Хари. Затоа и имаше шпекулации дека можеби и Хари не е дете на Чарлс, од тука и сите тие муабети дека имала љубовник кој добро го криела од јавноста.
    Е кога овие муабети се пласираа, кралската крв што би се рекло, беше загрозена. Сепак, не може да си дозволи толку скандали, трачеви и чуда. Не за џабе голем број веруваат дека тоа што и се случи беше убиство, а не несреќа.

    Како и да е, Камила си ја дочека шансата, па сега ете ја, со Чарлс. Мислам дека скоро читав дека Хари и Вилијам, и покрај тоа што не се мирисале со неа, научиле како покрај неа, што е сосема нормално, нели. А другите што не ја сакаат....
    На бабево-секоја чест, како си се држи, чудо едно.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.764
    Kate Middleton

    Интересно :)
    Може да се преименува некако темава, па да биде за цело кралско семејство, не ваљда ќе отвараме тема за секого посебно. Ионака еден муабет си повлекува друг.

    Него, а на свадбата на Чарлс и Камила имаше некој? :D Синовите, бабава....

    Аааа видов, Елизабета не присуствувала на свадбата. А овие двајцата?
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Kate Middleton

    ^
    баш еве сега побарав слики од нивната свадба ја има кралицава на официјалниве слики. Сега ме мрзи да пребарувам дали е вистина она од Фиарлес дека не била на венчавката. Дошла мож само за сликиве :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    тоа и се децата од претходниот брак.

    абе си одговараат и двајцата се грдички :D
    [​IMG]

    Абе може и она не е лоша жена, но Дијана беше добрата принцеза, а оваа е лошата. А мож само си се борела за љубовта.
    Само јас никогаш не поверував ни 1 секунда дека смртта на Дијана е несреќа...
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Kate Middleton

    Ме претрка Росонерче, и јас наредив слики :D
    На Wikipedia пишува дека на церемонијата во црква никој не пошол од кај Чарлс (тоа и ми беше познато од порано дека не му појде Бети на свадба), само на прославата потоа се придружиле да биде помал демек срамот :)
    И за Лејди Ди да дополнам, никој не верува дека беше несреќа да. Таа беше принцеза на народот, така ја викаа. Преотворена, многу си дозволила што крајно и наштети, и преслаба беше да се носи со сето тоа според мене, обична жена така би се изразила која копнее по љубов. Ги влечкала децата во Мк Доналдс и други обични места, и Дијана побарала помош од Елизабета во врска со аферата на Чарлс со Камила. Оваа никогаш не и помогнала, бидејќи подруго била воспитана, во нивно време жените го прифаќале тоа, дури и тие самите си имале афери, битно било да не излезе ништо во јавност. И Елизабет од двајцата била крајно разочарана, зошто премногу се распродадоа со книги, весници, публицитет, и се и сешто. Тоа за неа е незамисливо, таа нема ниту едно интервју дадено, не се поздравува со луѓе не разговара со нив, само мафта. Мислам дека тоа беше главно Дијана што ја цапнаа.
    И морам да кажам иако никој не е совршен, овај Чарлс кога ке го видам страшно ми ја мати сликава за убави принцови од бајките.
     
    На LivingGlam, rossonerka и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  6. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Kate Middleton

    И Дијана имаше љубовник,но откако беше појасно и од ден дека нејзиниот брак со Чарлс е повеќе од пропаднат...Љубовник и беше еден арап.Заедно загинаа.Инаку за тоа некој погоре што напиша дека имало шпекулации дека Хари не е дете од Чарлс,не е можно,по ушите се познава дека му е син :D :D :D :D
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Kate Middleton

    Па фала богу, го бојкотирале Чарлс. Не него толку , колку Камилава!
    Којзнае колку се радувала Камила, само можам да ја замислам.
    А имаше на филмот за Вилијам (на А1 го даваа скоро), како Чарлс го форсира да се дружи со децата на Камила.
    Патем, панталоните на синот на Камила(ваљда е тој) се катастрофални! Изгледа на чиче!
     
    На rossonerka и Fearless им се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.739
    Пол:
    Женски
    Kate Middleton

    Причината поради која највеќе се шпекулира дека е убиена Дијана е токму нејзината врска со Доди Ал Фајед.
    Неможе идниот крал да има очув муслиман,да има полубраќа муслимани,тоа не го дозволи кралскиот двор,а по обдукцијата на Дијана кажаа дека била бремена а тоа за нив беше голема закана.
    Да немаше врска со арапот можеби денес ќе беше жива.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.277
    Kate Middleton

    Jас предлагам темава да се преименува во Британското кралско семејство и да се премести во некоја друга категорија, а не во мода и стил :)
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.001
    Kate Middleton

    А јас чекам продолжение на приказната, зашто ми е интересно а не сум упатена :wasntme:
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.764
    Kate Middleton

    :) И јас исто. Баш ми е интересно, а појма немам ништо. Незнам дури ни како умрела принцезата Дејана. Никогаш не сум се интересирала за оваа тема. Се до денес :)
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.277
    Kate Middleton

    Како бре немате појма :^) ?

    Јас имам гледано и филмови за тоа, и документарни емисии, се :)

    Па свадбата им била во 1981 година, тогаш Дијана била многу млада 20 години и со надеж дека ќе живее живот на принцеза, но со тек на време сфатила која е вистинската љубов на Чарлс и дека за нејзиниот брак нема надеж, па во 1992 се разведоа поради неговата изневера со Камила, мажена жена со деца.
    Дијана продолжи со хуманитарна работа, останувајќи принцеза на Британскиот народ, се до летото 1997 година кога загина во сообраќајна несреќа додека бегаше од упорните папараци низ улиците на Париз кои го следеа автомобилот во кој беше таа заедно со нејзиниот љубовник, син на сопственикот на една од најпознатите стокови куќи во Британија- Хародс.

    Погребот ги трогна луѓето од цел свет, бидејќи таа со нејзината хуманост, борбата против сидата- беше принцеза на сите срца- па Елтон Џон напиша песна за неа
    http://www.youtube.com/watch?v=cttog6XfYVU

    *повеќе ќе ви кажам кога нема да имам толку за учење, ова сега ми беше brainstorm
     
    На Fearless, LivingGlam, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.001
    Kate Middleton

    :^) Тогаш се развеле и не се смириле повеќе? Леле колку сум неупатена тоа е чудо. Не ни знаев дека некогаш се разделиле :tmi:

    Eдит. Тетка Вики кажува дека во 1996та се развеле. Еве...

    Дијана, принцезата од Велс (англ. Diana Francesв Spencer, родена на 1 јули 1961 - 31 август 1997 година) беше член на британското кралско семејство и меѓународно позната личност кон крајот на 20 век, како прва жена на Чарлс, принцот од Велс, со кого се омажи на 29 јули 1981 година. Свадбата која се одржа во катедралата на Св.Павле беше телевизиски емитувана и гледана од страна на светска публика од околу 750 милиони луѓе. Во бракот добија два сина, принцовите Вилијам и Хари, кои во моментот се втор и трет во редот за наследување на кралскиот престол на 16 - от Комонвелт. Дијана беше родена во старо англиско аристократско семејство со благородничко потекло, стана јавна личност уште од денот на објавувањето на нејзината свршувачка со принцот Чарлс и остана во фокусот на вниманието на светските медиуми пред, за време и по бракот кој заврши со развод на 28 август 1996 година. Вниманието на медиумите продолжи и по нејзината смрт во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година во Париз заедно со нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол (телохранителот на Ал-Фајед, и единствен преживеан во сообраќајната несреќа беше Тревор Рис-Џонс) како и прикажувањето на јавното жалење по трагично загинатата принцеза една недела подоцна. Современите одговори за нејзиниот живот и наследство се измешани, но интересот за омилената принцеза опстојува. Дијана исто така доби признание за нејзината добротворна работа, како и за нејзината поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини. Од 1989 година таа беше претседател на болницата за деца Ормонд Стрит.
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.277
    Kate Middleton

    Aбе има филм за нив, одамна е сниман- јас како помала го обожавав ептен ми беше интересен, eве ти и линк http://history1900s.about.com/od/1980s/p/princessdiana.htm за да прочиташ поубаво значи во 1992 се разделиле а во 1996 официјално се развеле, и сега има приказни демек била убиена, тоа го тврди и таткото на Доди Фајед кој загина со неа, демек затоа што тој бил Муслиман, но тоа се само претпоставки.
     
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.764
    Kate Middleton

    Скандалозен документарен филм открива нови аспекти околу смртта на Леди Ди. Во Британија е забранет а треба да биде емитуван на филмски фестивал во Кан. Лентата "Unlawful Killing" содржи за светот непознати записи на телефонските разговори на Дијана. Тие биле направени отприлика година дена пред нејзината смрт.

    Филмот е дело на таткото на пејачката Лили Ален. Трудот содржи автентични, според творецот, аудиозаписи, цитирајќи изјави на принцезата. Приказната на документарниот филм се темели на тезата дека покојната принцеза Дајана живеела со мислата дека нејзиниот сопруг принцот Чарлс и кралското семејство имаат намера да ја убијат. Особено индикативни се неколку цитати од аудиозаписи со Леди Ди.

    "Ако вие сте силна жена и сте на мое место, тогаш претставувате проблем. Па, јас сум голем проблем", вели покојната поранешна сопруга на принцот Чарлс во еден од дијалозите.
    "Немам време за хоби. Да останам жива е едно од нив", вели Дијана во друг запис.

    Авторот на филмот оди и подалеку, директно го обвинува лекарот, кој присуствувал на местото на несреќата во Париз дека намерно чекал, пред да ја однесе Дајана во болница. "Unlawful Killing" веднаш беше забранет за продажба и дистрибуција на територијата на Велика Британија.

    извор бекстејџ
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.001
    Kate Middleton

    Има на Википедија, не дочитав а потрчав да пишам овде :$ Еве уште читам, Алиса, ако сакаш повеќе да знаеш отвори Википедија за Лејди Дијана и читај :)
    Еве клип од венчавката на Лејди Дијана со Чарлс (грдиот :lol: )
    http://www.youtube.com/watch?v=TQTe47cR ... ure=fvwrel
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Kate Middleton

    Kога го даваа филмов?? завчера знам го најавуваа цел ден на А1 и ништо, наместо тоа, почна комедијана two and a half men :^) а многу му се спремав :)
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.942
    Допаѓања:
    105.549
    Пол:
    Женски
    Kate Middleton

    Не си пропуштила многу. Лоша глума, и како бајка за деца е. Ако сакате да видите филм за кралското семејство симнете го The Queen со Хелен Мирен. Многу добар филм.

    http://www.youtube.com/watch?v=P8nD2KB0a_E
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Kate Middleton

    A никогаш не е официјално потврдено дека била бремена Дијана при несреќата.
    Напротив лекарите и истражувачкиот тим при несреќата велат дека не била, дури и некои докази покажувале. Колку е лесно денес медицински извештај да фалсификува? Најлесно, кај нас за 1000че фалсификуваат, море и за ич само преку врски.
    А да не збориме за фалсификување од страна на најголемата монархија, која пол свет го држеше под колонија а и има огромно влијание врз пола од светов. Кој може против нив и нивната власт и влијание?

    Пример пред некое време ја беа казниле кралицата за сообраќаен прекршок. Алал да му е на, полицаецот има гз :D
    И сега како ќе и преречат казна? Кога на сите пресуди велат: "... од името на Кралицата..." :D
    Се во државата од името на Кралицата. Химната има дел за кралицата, значи штом дојде на власт крал се менува и химната.
    Toa семејство има толкава огромна власт што лесно е да се сокрие несреќа, не смејат да им писнат на нив. Може еден ден децата на нашите деца, нивните деца ... ќе учат дека Дијана е убиена од кралското семејство. Ама можеби. Зашто се се открива години и години подоцна. А кај има шушкања има и пола вистина.
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.942
    Допаѓања:
    105.549
    Пол:
    Женски
    Kate Middleton

    ма каков сомнеж, ја убија без око да м трепне. Мада и Дијана малку требаше да се скраси. Не дека живееше раскалашено ама кога влегуваш во такво семејство мора да играш по нивни правила и готово. Она се најде паметна да мењава правила. И плус беше во врска со муслиман. Ќе дозволи Кралицата мајката на идниот Крал на Англија да има маж муслиман и да има полубрат мусилман. Нема теорие. И ете ти сообраќајка.
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.