Kate Middleton A сте ја виделе во бикини принцезичкава нова? РИБА! И сликата која излезе во јавноста, божем не и доликува на идна принцеза вакви слики и појавувања на модни писти. Божем она знаела пред неколку години дека ќе е принцеза Воедно хуманитарна ревија е. Како човек да не го сака, видете го уфффф се попалувам на момци во униформа
Kate Middleton Глупости, не и личело на идна принцеза!!! Ама факт е дека и светица да е, пак ќе и најдат мана. Мене девојкава ми е сосема нормална. А си кажав и претходно, дека ми се допаѓа какво телце има.
Kate Middleton ^^ Ме изнасмеа со сликите за Квин Бети. А војвоткава... преубава ми е. А тоа што е од ревијата, фустанчето што го носи... имам читано дека уствари тоа било сукња, ама на Кејт не и‘ се допаѓало како сукња, па го облекла како фустан.
Kate Middleton Леле Кејт каква риба билааа...стварно права женска, без ниедна мана а инаку за сликава знам дека сликите се фејк, али на оваа ептен си личат...посебно Кејт
Kate Middleton Ах, оваа Кејт ми го лапна Вилијам. Па прва љубов ми беше човеков, од роџење сум затрескана во него! Шала на страна, сега не ми прави мерак, ама кога беше помал, да речам во рани 20-ти беше ууууухххххххххххх!!!! До душа и јас во рани 20-ти бев ако може така да кажам - поразлична од сега А баш сакав да бидам принцеза кога бев мала... ај да видам на гугл дали остана некој слободен принц...
Kate Middleton ПЕТ СЛОБОДНИ ПРИНЦОВИ КОИ БАРААТ ЉУБОВ По свадбата на Принцот Вилијам, кој важеше за еден од најубавите ергени со кралско потекло, моравме да се заинтересираме дали постои уште некој еднакво убав, можеби и поубав принц од него кој нема девојка- колку да ја одржиме надежта дека можеби и ние еден ден ќе ја имаме среќата на Кејт Мидлтон, од обични девојки да станеме принцези. Погледнете ги резултатите од нашата потрага- изненадувачки згодни принцови кои сеуште ги бараат своите принцези. 1. Принц Хари Очекувано, на листата на најпожелни ергени во Велика Британија и воопшто, принцот Хари кој е трет во редот за кралската круна важи за најзабавниот член на британското кралско семејство. Тој обожува да излегува во дискотеки, да се забавува со своето друштво и да се шегува, па често пати е сфатен и како мошне несериозен. Наводно, во последно време е доста смирен, па дури размислува и за брак и сериозна врска, а највеќе шанси за тоа има Челзи Дејви- девојката со која тој раскинува и се смирува веќе подолго време. 2. Принц Карл Филип од Шведска Принцот Карл Филип од Шведска е помал брат на Кралицат Викторија и е еден од најпосакуваните благородници. Тој студирал графички дизајн во Стокхолм и е голем љубител на визуелната уметност. Принцот е исклучително талентиран спортист кој во слободното време се занимава со спорт- скијање, пливање, тркање со автомобили и фудбал. Карл Филип е и поручник во Шведската воена морнарица. И да- споменавме ли дека личи на Орландо Блум? 3. Принц Андреа од Монако Внукот на холивудската актерка Грејс Кели е вистински принц од бајките. Наликува на принцовите од Дизни цртаните филмови. Тој е син на Принцезата Каролина од Хановер и не само што добро изгледа, туку е и мошне паметен. Завршил факултет за визуелна уметност и интернационална политика на Американскиот Универзитет во Париз, а постдипломските студии му биле на полето на Интернационални прашања на факултетот Ново Училиште во Њујорк. Андреа се занимава и со хуманитарна работа, учејќи деца во Африка и работејќи со Светската Асоцијација за пријатели на децата- невладина организација на чие чело е неговата мајка. 4. Принц Пјер Казираги од Монако Помалиот брат на Андреа, Пјер Казираги е трет на ред за кралскиот трон во Монако. Тој не сака да се експонира многу во јавноста, но секако го привлече вниманието на папарацо- фотографите за време на неговите студии на Универзитетот Луиџи Ботони во Милано, каде што често беше уловен со различни млади девојки. 5. Принц Венцеслаус од Лихтенштајн Принцот Венцеслаус од Лихтенштајн е второто од трите машки деца на Кралот и Кралицата, што значи дека е втор на ред за кралската круна. Тој нема проблем со тоа неговата девојка да нема кралска крв и има око за убави жени- беше во врска со моделот на Викторијас Сикрет, Адријана Лима од 2003 до 2006 година.
Kate Middleton Aко толку сте запнале за принцови еве ви уште Сериозно се! Еден на дел од Индија, друг на Шри Ланка и трет на дел од Јужна Африка
Kate Middleton Зошто бе што им фали? Не ќе дискриминираме сега Јас си го одбрав тој со најдобро резиме, вие грабајте што остана. Принц - принц, ам ништо?
Kate Middleton Јас го зимам последниов од овие тројцата на слика. Има да ме кити со злато, машала....ко божица ќе ме гледа
http://interesno.com.mk/showbusiness/36 ... -za-pornic http://interesno.com.mk/fun/34-interest ... le-pingvin ц, ц, ц
Оп стоп, јас си го резервирам вториот, конечно ќе можам да шетам полугола надвор и никој ништо нема да ми рече. Шри Ланка, оу јеа, контакт телефон или мејл од принцов да не имате?
Дали само мене не ми е нешто посебно принцот Вилијам, или има уште некој како мене? Се надевам имааааа .
Да го видам на улица најобично облечен не би се свртела по него . Најозбилно , мене не ми е убав . Кејт ми е поубава
^^ Абе не е нешто посебно..али има нешто толку мило..и привлечно во него..и поради тоа ги има моите симпатии... Брат му...не ми се допаѓа воопшто..брука за семејството..