А што искрено да ве побараше за жена ќе го одбиете? Ќе одбиевте да имате венчавка скапа стотици милиони фунти, гледана од 2 ипол милијарди луѓе на телевизиските екрани, да излегува вашето име на интернет на секоја секунда ипол, да носите фустан од 450 илјади долари и да им мафтате на милиони луѓе кои со часови ве чекаат на улица. Да бидете војвотка. А по неколку години и кралица на Англија? Дом да ви е бакингемската палата, да имате неколку замоци низ целата земја, да бидете дел од хуманитарни организации, на сите балови и акции да има покана за вас. Луѓето да ви се поклонуваат кога ќе ве видат. Да одите на меден месец на Сејшели во приватна вила каде дневно е 5000 фунти. И да имате до вас принц, а потоа и крал. Висок, слаб, со румени обравчиња, не е најубавиот човек на целиот свет, ама е сепак убав, светлосни години подалеку од грд. Ќе одбиете? Да видам да не верувам
Eх како не ми понуди брак некој принц, па да видиш Имам читано премногу, па ми се створила некоја аверзија спрема ова. Така да, како што си кажав, не би јас за ови работи
Е да бе, не е убав, барате влакно во јајцето. Мене лично ми е многу симпатичен ем харизматичен Плус за оноа Англичанине грозни може комотно да го прогласат најубав човек во Англија (ако веќе го немаат тоа направено).
http://interesno.com.mk/showbusiness/36 ... pa-midlton Оваа Пипа колку ми е одвратна ме потсеќа на лесна пачавра , Кејт изгледа е најприбраната
Роси, абе што те гледам чудна! Секако дека ќе одбиеме! Зарем ти се сомневаш во нашиот морал и чисти побуди? Мислам, не зафркавај, my love don't cost a thing пееше и J Lo и остана жива и крзносана и дијамантосана и со куќарчиња кои вредат колку 3 Македонии, ако не и 5 Не знам, јас лично би сакала мојот Харалампие конечно да се реши, да ме побара за жена, да ми даде дрвено прстенче, да се земеме, да одиме на меден месец во Лазарополе и да си живееме во мало дрвено куќарче покрај шините, кај булките, и да си пржиме пиперчиња на оган додека се распаѓа креветот под нас од јако....мрдање А децата што ќе си ги правиме секое летенце ќе јадат трева ОК е замислава, романтична и оригинална, не дека не ме пали, да бидам искрена, ама, не знам кого залажуваме. Абе природен е нагонот на жената да обезбеди добар живот ако не за себеси барем за своето потомство. А во втор ред и за себе. Така да, ваков онаков со црвени обравчиња или не, мислам дека нитуедна не би одбила. Мене една работа ми се згади. Камила на свадбата. Синот на Дијана која толку ја мразеше Камила, се жени. Кутрата му мајка. Или оперираните ми Англичани од чуства. Не ми се симпатични. Имам читано многу за нивната аристократија низ векови, и да ви кажам, тоа дека се вели дека Британците се грд народ, не е залудно. Ај нека ви текне зошто. Се фино и Кејт и венчаницата и се, убавини ово оно, ама општо нивното кралско семесјтов не го сакам и точка, точка, точкица, па и Бранко коцкица на чело ако треба
Е мене баш ми е убав овој. И симпатичен и харизматичен и секси и убав и се ми е И фин и добар изгледа..ама туто комплето е.. Да го зимам за маж, искрено, не би го земала само за парите улогата што ја добивам како принцеза, кралица ватевр..туку и човеков би ми бил баш по мерак и би го сакала Срцка е, нека им е со срека бракот... И да, навистина не ја разбирам онаа што не би се ставила на местото на Кејт, односно не би сакала да се стави...Не само што животот ти е обезбеден, туку и принцот си е како што треба а за кејт веке кажав, совршенство е.. преубава ми е, и слатка и харизматична и се...може некој нема да се согласи, али за мене така е
Хахаххах, е ова ти вреди! Мислам, хелоуу, принцот Вилијам не ви е убав???!!!! Аман те бе, што вкус имате??? А таа која што на предлог за брак од принцот Вилијам или Хари (за Вилијам од сега е малку веројатно дека ќе ја добие уште една жена ) ќе каже не, благо речено не е при свест! Ако не друго, ќе бидете жена на принц!! Не се одбива тоа така лесно! Па да имам можност јас би го запросила принцот бе, не ми е срам!!
Не знам дали некаде се појави на форумов сликлево ама еве јас сега тек сум у тек и ...држи вода право да ви кажам. Баш бајка муабетов.
^Многу креативна ни била Кејт Убав е фустанот ама не морала копи пасте . Колку пари има , можела да даде на некој да и го осмисли , креира
Е убава е ама отсекогаш знаев дека има нешто огромно што ме нервира кај неа многу. Поназад сите паѓаат во несвест вауу ова-она само јас и уште некој ретко не и симнавме капа па затоа и ги стаив сликите не е злато се што сјае
А бе на чипката шарите не се исти , па види убавооо Се шалам . Јас да имам толку пари никој нема да го има после мене истиот фустан , а нема да дозволам да имам како некој пред мене .
Така де, мислам кралска свадба е ало, а што мислела дека нема да се направи споредбава и нема да се открие дека е плагијат? Па медиумите тоа чекаат, браво им завршила работа Срамота е за ваква свадба копија венчаница.