Kate Middleton Па нам ни е чудно нивното потресување околу кралското семејство, ним им е чудно нашето непотресување околу тие настани... Они си имаат, ние си немаме, simple as that. И мене ми е чудно како три дена не се работело воопшто во Шпанија за време на кралската венчавка на Фелипе и Летиција (инаку ова немаше да го знам ако не го кажеше туристичкиот водич ), ама ваквите работи за држави со кралство и монархија и те како им се битни... Шпанија, Бријатнија, Монако, Луксембург... они се хранат од вакви вести, случки и новости, ко ние за нашите Груевски, Црвенковски, Шеќерка кои ни го окупираат тв дневникот ... Ма ајде, зарем ја заборавивте насловната на Вест со Боркица како бира невестински фустан, ви се моЉа? Мала шала. Дотичната Кејт ќе си пати. Кралскиот живот не е мед и млеко, *Лејди Ди си посведочи најубаво (*иако за мене беше грда и карактерно лабилна тиква). Ми се допаѓа како ја облекуваат. На некои слики лицето и е подуено како погачка, ама во принцип ко за британка ми е ок. Има само многу тенки усни, тоа генерално не ми се допаѓа кај луѓето. Принцот ми е грд кога се смее. Има заби како на коњ. Вака со затворена уста ми е ок. Ма ок си е парот. Нека им е со среќа.
Kate Middleton Мене не ми е убава ниту шармантна ниту харизматична И фалат доста женски обележја, крута ми е и се што облекува ко на закачалка да стои Е па мене ми е таква, џабе и стил ко нема ни п од принцеза Дијана барем беше нежна иако немаше карактер некој
Kate Middleton Aх просечна венчаница, очекував многу многу поубава венчаница и погламурозна, на Дијана огромна и беше. А оваа модернава пепелашка многу скромна вака на венчавкава. Али принцов ми е прав принц ко од бајките, мамицата ни кидна за друга Иначе според протоколот сите треба да носат шапки, срамота за тие што не носат И има стварно убавки шапки
Kate Middleton Баш скромна, едноставна, елегантна како и доликува...Убавината е во едноставноста. А не ко овде нашиве обични смртници...кич венчаници со корпи, шљокици, корсети некои ко од бордел излезени итн. Инаку нина ми пред некои 30 и нешто години имаше ваква слична па и поубава венчаница...значи била принцеза и пред дотичниве принцези.
Kate Middleton Изгледа само јас не ја следам свадбата , ама ќе чекам да ставите некоја слика- чисто да им ги ѕирнам аутфитите
Kate Middleton Значи многу, многу е едноставна... Можела многу подобро.. Не сум воодушевена од фустанот, јас не би го носела на моја свадба па колку милиони и да вреди
Kate Middleton Уф шапките.... Невестата ми е преубава. Претпоставував дека ќе носи нешто вака скромно, ич не ми личеше на девојка која би носела прераскошна венчаница. Ми се свиѓа што косата и е пуштена и има нежна шминка. Иако јас сум за малку повеќе, сепак преубава е.
Kate Middleton Jас и вака ја замислував,некако скромно ,ама ми е убаво нашминкана,многу ми е мила зетот убав е не е лош,ама старана ми е јака Eлизабет се вика ли?Bо жолтоно костумче,како е наважнета,госпожа Aма морам да признаам,многу е романтично,колку голема сала е A ја видовте бекамица,и таа убава беше,но важна
Kate Middleton Многу е убава...дефинитивно го делам мислењето дека е родена за принцеза, многу убав лик има, прекрасна насмевка. Модерна, венчаницата ми е преубава, не е нападна, ни мегаломанска, елегантна, совршена...Не значи ако е големо дека е убаво... Како и да е мислам дека по фацата и се познава дека е опасна оваа мамето ќе им го расплаче на цело кралство..почнувајќи од Елизабета хеххе http://royalwedding.yahoo.com/blogs/kat ... ss-6034?nc
Kate Middleton Aххх Елизабет е секогаш таква, средена тип-топ. Кралица ли е што ли е Ја сакам. А и Вики беше убава, али и од нејзе очекував некој повпечатлив аутфит, она бар знае да привлече многу внимание со облеката. И Бекам беше убав Прекрасно е тоа што и се случува на Кејт, станува принцеза бе...
Kate Middleton Вакво нешто и очекував,мене ми е многу убава,посебно зрачи ,а и принцот и брат му се убави. Венчаницата е каква што доликува на една принцеза,а го следи и моменталниот тренд на едноставни венчаници. Се на се ,баш е кралски. И најубава е од целото кралско семејство. А Викторија Бекам ,целата пластчна,вештачка.
Kate Middleton Повелетеее феминки, еден куп слики од гостите, шапките, Катето и сл. Спојлер http://royalwedding.yahoo.com/photos/sets/1089/Kate%27s-wedding-look.html
Kate Middleton Даааа ... све е најсупер и све е нај нај убаво и ваква прекрасна лепотица станува принцеза и се прекрасен пар со принцот Вилијам, и венчавката е дешавка на милениумот за кој ќе се збори и збори ..... поготово за оние кои се опседнати со тоа. Али пошо ова не е бајка, па ништо ни не е како во бајките... Нејќам да бидам негативец и сеа сите воодушевени, а ја кршам филм, али и Дајана како жена на Чарлс немаше некој живот, ако тоа може да се нарече живот ... Не е се така розово и пуно со прекрасотии
Kate Middleton Уф ама мразам такви копито-чевли како што носи Викторија Невестата не е лоша, ама не е и нешто посебно.
Kate Middleton Вики коа ќе ја видам со штиклите си мислам дека во секој момент ќе пукне некоја коска, ко деформирана е во нозете од толку високите потпетици. Ич не ми изгледа привлечно и убаво, погледнете на првата слика како вештачки и изгледа стапалото, и избегале коските Инаку венчаницава ми се свиѓа. Сепак можела многу поубаво, а пак да биде едноставно и без кич
Kate Middleton Па можела малку погламурозна да биде венчаницата. А во пределот кај градите е сосема утната, во профил најубаво се гледа. Можеле да и облечат некое push up прслуче, па до толку може да си дозволат.
Kate Middleton Искрено ја жалам девојкава. Ама баш ја жалам со големо Ж!!! Прво, според мене ова не е некој брак од невидена љубов, бидејки ако се сеќавате во периодот кога раскинаа кралицата му сугерираше на Вилијам да се смират. Е сега, бидеки во изминативе години монархијата ја изгуби својата популарност кај народот, особено после смрта на Дијана, ова им е начин да се приближи монархијата кон народнот. ете зашто Вилијам кој е патем втор во ред на тронот, ( мислам ако доживее да застане со оглед на тоа дека овие имаат бааги јака семка па умираат на 100 и кусур години) се ожени со тн обична девојка, која ја запознава на колеџ. Така да толку многу не се палам на свадбава, ок ја видов малку, ама се ми е така вептачко и ладно, како да гледаш претстава. Едино моментот кога Вилијам и шепна пред олтарот You are so beautiful. Што би рекол балашевич Svadba bese ko svadba i sta da se prica parada pijanstva i kica....