1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Британското кралско семејство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ph.orhideja, 28 април 2011.

  1. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    ^^Ова е уште кога била средно училиште или прва година на факултет, така да е од поодамна, од пред 10тина години. Нема простор за замерки мислам. Плус принцот токму ваква ја бендисал :)
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Сите круни на британското кралско семејство
    Најпознатата и највредната круна во британската монархија е државната кралска круна. Составена е од многу скапоцени камења, меѓу кои е и еден од најретките дијаманти – „Втората ѕвезда на Африка“
    [​IMG]
    Според кралската колекција, државната кралска круна брои повеќе од 3.000 скапоцени камења. Кралицата беше крунисана со оваа круна од страна на надбискупот од Кантербери на специјална церемонија во јуни 1953 година.
    [​IMG]
    Големата тијара со смарагди била изработена во текот на 80-тите години на 19-тиот век. Кралицата Елизабета Втора е сопственик на тијарата која ѝ припаѓала на нејзината баба, кралицата Мери, која пак, ја купила пред 90 години. Пред тоа, тијарата со смарагди била дел од колекцијата на големата војвотка Владимир, тетката на рускиот цар Николај Втори.
    [​IMG]
    Тијарата е направена од испреплетени кругови во кои се наоѓаат смарагди, кои лесно може да се извадат и да се заменат со бисери.
    [​IMG]
    Тијарата на семејството Спенсер ѝ припаѓаше на принцезата Дајана. Принцезата од Велс ја носеше оваа тијара на нејзината венчавка, на 29 јули 1981.
    [​IMG]
    Викторијанската тијара со сафири е подарок за кралицата Елизабета од нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, кој ѝ ја подарил на својата ќерка во 1947 година, заедно со обетки и ѓердан, исто така изработени од сафири. Кралицата го носеше овој сет во 1994 година, на 50-годишнината од Денот Д.
    [​IMG]
    Бразилската аквамарин тијара беше специјално изработена за кралицата Елизабета, откако народот во Бразил ѝ подари на кралицата ѓердан и обетки изработени од аквамарин, по повод нејзиното крунисување во 1953 година.
    [​IMG]
    „Делхи Дурбар“ тијарата била изработена во 1911 година за кралицата Мери, бабата на кралицата Елизабета. Оваа тијара сега ѝ припаѓа на Камила, војвотката од Корнвол, која за првпат ја покажа во јавност во октомври, 2005 година. Тијарата се состои од дијаманти вметнати во злато и потоа поставени во платина.
    [​IMG]
    Тијарата со рубини од Бурма го добила своето име според народот од Бурма, кој во 1947 година на кралицата Елизабета ѝ подарил 96 рубини како свадбен подарок. Кралицата побарала рубините да се искористат на тијара која била изработена дури во 1973 година.
    [​IMG]
    Тијарата „Љубовен јазол“ била изработена во 1914 година по желба на кралицата Мери. Оваа тијара за првпат беше прикажана во јавноста од страна на принцезата Дајана, која ја добила тијарата како свадбен подарок. По смртта на Дајана, во 1997 година, тијарата „Љубовен јазол“ ѝ беше вратена на кралицата Елизабета.
    [​IMG]
    Дијадемата од кралот Џорџ IV, чиј сопственик е кралицата Елизабета, може да се види како лого на монетите и поштенските марки во земјите од Комонвелтот. На самата дијадема се наоѓаат амблемите на Англија, Шкотска и Ирска. Според кралската колекција, оваа дијадема се состои од 1.333 дијаманти.
    [​IMG]
    Тијарата „Кокошник“, која денес ѝ припаѓа на кралицата Елизабета, порано била сопственост на кралицата Александра, која ја добила оваа тијара во 1888 година, како подарок за сребрената свадба.
    [​IMG]
    [​IMG]
    ____________________________________________________________________________________________
    Откриена најстрого чуваната тајна на британското кралско семејство: Кралицата мајка ја родила француска готвачка
    Откриена е причината поради која мајката на Кралицата Елизабета II цел живот ја нарекувале Cookie што во превод може да значи и „мала готвачка“.
    Моментот на објавување на оваа контроверзна теорија е мошне незгоден со оглед на тоа дека британското кралско семејство оваа година одбележува два важни јубилеи- десет години од смртта на Елизабета – Кралицата мајка и дијамантскиот јубилеј на нејзината ќерка Елизабета II.
    Во опсежната биографска книга насловена како „Кралицата мајка, нераскажана приказна за Елизабет Боус Лион, која стана Елизабета, Кралицата мајка“ на авторката Џорџија Кемпбел се изнесува теорија дека Кралицата мајка всушност е ќерка на француска готвачка.
    „Факт е дека кралските и аристократските кругови веќе со децении знаат дека Елизабет Боус Лион без сомнение е ќерка на грофот од Стратмор и Кингхорн, но не и дете на неговата сопруга Сесилија, исто како и нејзиниот помлад брат Давид, роден две години после неа, во мај 1902 година“, пишува Кемпбел.
    Таа тврди дека овие деца во семејството ги нарекувале „Бенџамини“, според библиската приказна за братот на Јосип кој бил резултат од аферата на татко му и една слугинка.
    „Елизабет и Давид биле деца на Маргарет Родир, атрактивна и пријатна Французинка која била семејна готвачка на имот во Сент Пол Валден и на своите господари им родила две деца кои тие толку многу ги посакувале откако докторите и забраниле на Сесилија да забременува“, пишува авторката.
    Иако на нејзината теорија се спротивставиле бројни познавачи на историјата на кралското семејство, сметајќи ги нејзините наводи за неосновани, Кемпбел постојано изнесува нови докази со кои ја потврдува нејзината теорија. Француското име на Кралицата мајка, со полно име Елизабет Ангела Маргарет Боус Лион, тврди авторката, можеби е невообичаено, но не и на оние кои се запознаени со вистината за нејзината мајка.
    Авторката за индикативен го смета и прекарот Cookie, кој таа во кралските кругови го носела од дваесеттите години на минатиот век, кога му станала сопруга на помладиот син на кралот Џорџ V и на кралицата Мери,кој откако неговиот брат абдицирал ќе стане крал Џорџ VI.
    ____________________________________________________________________________________________
    [​IMG]
    Кралицата на Обединетото Кралство
    Војводата од Единбург (сопругот на Кралицата)
    Принцот од Велс и Војвотката од Корнвол (најстариот син на Кралицата и неговата сопруга)
    Вилијам, Војводата од Кембриџ (постариот син на Принцот од Велс) и сопругата Кетрин, Војвотката од Кембриџ
    Принц Хари од Велс (помладиот син на Принцот од Велс)
    Војводата од Јорк (вториот син на Кралицата)
    Принцеза Беатриса од Јорк (постарата ќерка на Војводата на Јорк)
    Принцеза Евгенија од Јорк (помладата ќерка на Војводата од Јорк)
    Грофот и грофицата од Весекс (најмладиот син на Кралицата и неговата сопруга)
    Леди Лујза Виндзор (ќерката на Грофот од Весекс)
    Кралската Принцеза (ќерката на Кралицата)
    Војводата и Војвотката од Глостер (братучед на Кралицата и неговата сопруга)
    Војводата и Војвотката од Кент (братучед на кралицата и неговата сопруга)
    Принцот Михаил и Принцезата Михаела од Кент (братучед на Кралицата и неговата сопруга)
    Принцезата Александра, Чесната Леди Огајлви (братучетка на Кралицата)
    ____________________________________________________________________________________________
    [​IMG]-Кралицата и Војводата на Единбург
    [​IMG]-Принцот од Велс и и Војвотката од Корнвол
    [​IMG]-Војводата и Војвотката од Кембриџ
    [​IMG]-Војводата од Јорк и Принцезите Беатриса и Евгенија од Јорк
    [​IMG]-Грофот и Грофицата од Весекс со Леди Луиса Виндзор
    [​IMG]-Кралската принцеза
    [​IMG]-Војводата и Војвотката од Глостер
    [​IMG]-Војводата од Кент
    [​IMG]-Војвотката од Кент
    [​IMG]-Принцот Михаил од Кент
    [​IMG]-Принцезата Михаела од Кент
    Проширен список на членови
    Следниве се роднини на британското кралско семејство:
    Контра Адмирал Тимоти Лоренс (сопругот на Кралската Принцеза)
    Питер Филипс и Зара Филипс (синот и ќерката на Кралската Принцеза)
    Виконтот Линли (синот на починатата Принцеза Маргарет), неговата сопруга и нивните деца
    Леди Сара Шато (ќерката на починатата Принцеза Маргарет), нејзиниот сопруг и децата
    Грофот и Грофицата од Алстер (синот на Војводата од Глостер и неговата сопруга)
    Леди Давина Луис и г-дин Гери Луис (ќерката на Војводата од Глостер и нејзиниот сопруг)
    Леди Роуз Виндзор (ќерката на Војводата од Глостер)
    Грофот и Грофицата на Св. Ендрјус (синот на Војводата од Кент и неговата сопруга) и нивните деца
    Леди Хелен Тејлор (ќерката на Војводата од Кент), нејзиниот сопруг и нивните деца
    Лорд Николас Виндзор (помладиот син на Војводата од Кент)
    Лорд Фредерик Виндзор и Леди Габриела Виндзор (синот и ќерката на Принцот Мајкл од Кент)
    Г-динот и г-ѓата Џејмс Огајлви (синот на Принцезата Александра и неговата сопруга) и нивните деца (Александар Чарлс и Флора Александра)
    Г-ѓица Марина Огајлви (ќерка на Принцезата Александра) и нејзините деца (Кристијан Мват и Зенушка Моват од нејзиниот поранешен сопруг)
    Грофот од Хервуд (внук на Кралот Џорџ V преку неговата ќерка Мери, Кралската Принцеза), неговата втора жена и нивните деца
    Почитуваната г-ѓа Џералд Ласкелес (вдовица на Почитуваниот Џералд Ласкелес, внук на Џорџ V по мајчина линија), и нивните деца
    Војводата од Фајф (правнук на Едвард VII) по мајчина страна и неговите деца
    Војводата од Графтон, и неговот семејство
    Леди Салтон (вдовица на Александар Рeмзи од Мар, внук на Принц Артур, Војвода од Конот и Стратерн по мајчина страна, третиот син на Кралицата Викторија), и неговите деца
    Грофицата Монтбатен од Бурма (постара ќерка на Луј Монтбатен, 1-в Гроф Монтбатен од Бурма и прв братучед на Војводата од Единбург) и нејзиното семејство
    Овие луѓе не се финансираат од Личното ќесе. Меѓутоа Кралицата секогаш ги кани на приватни семејни собирања и како дел од кралски свечености, како Дефиле на знамињата, Златниот јубилеј и церемонијални или државни закопи.
    Следниве тројца се поранешни сопружници на членови на кралското семејство:
    Сара, Војвотка од Јорк (поранешна сопруга на Војводата од Јорк),
    Капетан Марк Филипс (првиот сопруг на Кралската Принцеза) и
    Грофот од Сноудон (поранешниот сопруг на починатата Принцеза Маргарет).
    Следниве се неодамна починати членови на кралското семејство:
    Н.К.В. Принцеза Алиса, Војвотка од Глостер
    Н.К.В. Принцеза Маргарет, Грофица на Сноудаун
    Дијана, Принцеза од Велс
    Н.В. Кралицата Елизабета - Кралицата Мајка
     
    На Jovanna.I, MaxyMax, Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Прекрасна е , вистинска принцеза :)
     
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Вчера налетав на сликиве од Кејт пред да влезе во кралското семејство. Ништо посебно, типична Британка, девојка која ако би ја сретнала на улица најверојатно би ја одминала без да обрнам внимание на неа.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sanjalica и Sarasweet им се допаѓа ова.
  5. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    [​IMG] Многу ми се допаѓа оваа круна! Може ли да ми кажете кој ја носи? (не планирам кражба, без грижи... хахах :rofl: )
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Кралицата елизабета ја носи
     
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.845
    Е и мене ми се допаѓа крунава..убава е
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  9. Berguzar

    Berguzar Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    7.453
    Кејт е извор на креации...прекрасна е :)
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Кралски извор: „Кејт Мидлтон овој пат е навистина бремена“
    Само десет дена откако почна да се шушка дека Кејт Мидлтон е бремена само затоа што одбила да проба путер од кикиритки, според магазинот „Ин тач“, се појави релевантен извор, близок до кралското семејство, кој ја „поткрепува“ таа претпоставка. Дали овој пат е навистина бремена? Тие велат да, и додаваат дека е во шестата недела од бременоста. Изворот открил дека, наводно, кралскиот пар веќе размислува за машко и за женско име за бебето, иако и двајцата навиваат за женско, а особено Вилијам.

    Се зборува дека Кејт и Вилијам веќе подготвуваат три соби за бебето, од кои една ќе биде дел од палатата Кесингтон, друга во нивниот дом во Велс и третата во Нотингам Котиџ. Дали е ова уште еден лажен аларм или конечно е вистина? Од магазинот тврдат дека последните информации ги добиле од истиот извор кој претходно открил и други „кралски тајни“, меѓу кои локацијата за меден месец, свадбениот подарок од Кралицата за Кејт и сл., па се очекува да се покаже како релевантен и овој пат.

    Изворно
     
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ^ Не им требало ова,јас толку голема надеж имав дека ќе ме посвојат,овие бебе направиле :D
     
    На Hipster, ocila и Sara123 им се допаѓа ова.
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.845
    Ахахах цигарче,камо и јас сакам..ако се премислат извести ме доаѓам.. :) :tmi:
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Нешто многу се разголија кралсково семејство Прво принцот хари сега војвотката кетрин ...нова мода ке да е тоа ... :?: :?: :?: :?: :?:
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Им тргналона кралството...хехех
    Едно ќе речам,Кетрин не е ни прва ни последна жена на светов која била топлес на одмор...што се замараат со нив,што не ги остават на мира.
    Јас да сум на местото на принцот,има да го најдам тој што фотографирал, и на дното на окенот со се слика да го урамам.
     
    На ocila и TheaEsposito им се допаѓа ова.
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.991
    Пол:
    Женски
    Мене искрено преку онаквото ми се качија со топлесов на Кејт.
    Цицка ко да не виделе кутрите. Па на Кејт била. Е, што де? Цицка е.
    Не смее да има цицки? Не смее да се сонча? Па на нејзина тераса си била, демек требало да е вон очите на јавноста, што барале тие да ја манијачат?
    И јас дома сум си излегувала по гаќи на тераса набрзина да соберам нешто, па ме нема по весници.
    Што? Мојов гол задник не ли е убав? На Кејт позлатен да не е? Ааа... :^) :D
    Ебати медиумите, со какви глупости мачкаат очи дури се кријаат битни работи.
    А, зошто е темава во мода? :?:
     
    На La.Reina.Del.Sur, sweet-star, Rose96 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ајде сега Принцот покренал правна постапка против печатот а сликите ке изглегле и во Италијанско списание со наслов „Кралицата разголена„(смајлиштосекрсти)
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Секогаш позитивно изненадува
    [​IMG]
     
    На Acerola и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    КетринЗначи го има тој дамски стил класичен и преубаво и стои пред се..знае како да се носи..како да искомбинира и и немам видено утки...значи не и е се марка има и нешто обично значи не е важно од кој дизајнер носиш тука како го носиш и со што...она со шапките е многу интересно... :)
    камила има убави комбинации но незнам некако не ја одожавав лејди ди :( беше во секој поглед подобра од неа незнам принцов што аресал во неа но и како и да е стилот не и е лош и има утки а и малку треба да обарне внимание на физичкиот изглед :)
    Кралицата Елизабета свака и част на женава што се држи и има убав стил и е одлична за нејзини години... :)
    :)
     
  20. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    She is my fashion idol!
    Секогаш се облекува толку совршено,елегантно и баш и прилега на телото.
    Прекрасна е :inlove:
    [​IMG] [​IMG]