Не ми е воопшто убава. Си одговараат со Вилијам, не е ни он нешто. Сепак, секоја и чест што од грдо пајче успеа да се трансформира во лебед. Не ја гледам како модна икона, се разбира дека парите се тие шо го прават стилот. За тоа воопшто нема да коментирам. Еве една вака во нејзин стил пред да стане принцес.
^Britney е полна пари па никогаш не била модна икона, ниту пак има потенцијал да биде. Кетрин изгледа секогаш отмено, како што приликува на кралска дама. Не се ни сомневам дека сама се облекува, чим сама се шминкала за свадбата на што не можев да поверувам. Ми се допаѓа тоа што е на високо ниво, но сепак одржува рамнотежа и се навраќа онаму каде припаѓа. И да, има нешто кое многу ме нервира. Негативните критики за кремавите чевли. И се допаѓаат, удобни се или од било која друга причина сака да ги носи и нека ги носи. Сите имаме парче облека од кое не се делиме. Таа си го направи своето. Изгледа достоинствено, се облекува прикладно и без разлика дали припаѓа на кралско семејство или не, човек е.
Епа Кејт ако нема стил незнам кој има Ким Кардашијан? Се облекува како што и доликува, многу скормоно, класично како вистински член на кралско семејство. Да не очекувате да ја видите во минич или кожна хеланка, или пак чизми со нитни Нормално е дека не ги прати модните трендови туку дека си ја одржува класиката. Природна е, со минимална шминка, во фармеркиве ми е преубава, како обична девојка на улица. Го почитувам тоа.
Ја почитувам уште повеќе што скоро секогаш одбира ефтини парчиња облека, од брендови достапни на „обичниот“ народ, за разлика од другите, кои се накитуваат со облека која ионака ја добиваат бесплатно, за реклама.
Некаде ја критикуваа за кремастите салонки што многу често ги облекува на настани. Демек, принцеза е, треба секое јавно појавување да е облечена во различно. Во нејзина одбрана, таа не се појавила никогаш во исти парчиња облека, во идентичен аутфит, но чевливе ги носи во повеќе комбинации. Како што правиме и ние нели, смртниците Еве слика од нејзините, очигледно омилени, салонки. Класика си е класика.
Па добро што и фали на салонките баш се убави и мислам дека во се се вклопуваат...од тоа што ја имам видено дека ѓи носи... не значи дека ако е богата дека треба да има една соба со чевли... .
Се согласувам потполно со тебе! Инаку ја обожавам женава, а поготово овие два фустани: http://www.google.at/imgres?q=kate ...138&start=0&ndsp=14&ved=1t:429,r:12,s:0,i:119 http://www.google.at/imgres?q=kate ...104&start=0&ndsp=24&ved=1t:429,r:20,s:0,i:144
Мене најчесто ми се допаѓаат нејзините комбинации. Еве пример црвениот и кремастиот со чипка што е, баш ми се убави. И не секогаш значи дека ако сакаш да бидеш модерен треба да ја следиш модата. Ако имаш стил, модата не ти треба. И така таа е минлива, но стилот не е. А ми се допаѓаат и овие комбинации
Ми се допаѓа нејзиниот стил. Носи светли бои, не дозволува да изгледа пренатрупано со додатоци и светки. овде е преубава
Британската Кралица Елизабета Втора, објави дека ако принцот Вилијам и Кејт добијат девојче, таа официјално ќе ја носи титулата принцеза, менувајќи го правилото воведено пред стотина години. Според одлуката на кралот Џорџ 5-ти од 1917-та година, само најстариот син на парот би требало да ја носи титулата принц, додека ако имаат девојче, таа би ја нослеа титулата „лејди“ и не би ја ословувале со „ваше височество“. Но, кралицата објави т.н. “Letters Patent”, еден облик на кралска објава, со која го смени тоа правило и сега децата на Вилијам, чин на престолонаследникот Чарлс, ќе имаат еднаков третман. Letter patent им овозможува на кралот и кралицата да направат измени за нечиј службен статус или титула, без одобрување од парламентот. Тоа правило го искористи кралицата кога на Кејт и ја даде титулата Војвотка од Кембриџ во 2011-та година.
Точно фацата за принцеза си ја држи, иако не е лепота невидена, дама е и блеска просто жената. Има стил и те каков стил, баш и прилега едноставната елеганција и многу почитувам што не носи модерни глупости. Само некое кило екстра да набаци.
Мене ми е баш онака нежна, облечена со стил, секогаш според пригодата. Никогаш не е накинџорена , едноставна е , ама прекрасна.