Леле и бремена па како си држи до себе, како изгледа. Ич не е поправена. Мада војвотка е, којзнае колкав е тимот кој се грижи за нејзиното здравје и изглед. А да, умерена е, што и доликува на аристократски изглед. Maда пак ќе речам, не верувам дека она има премногу право на избор на она што ќе го носи. Живот по протокол, јбг.
Совршена ми е во секоја смисла на зборот, знае и што и како тоа да го носи. Нормално дека нема да ја гледаме во кратки сукњи или незнам штикли 20цм, се си е во дамски стил, само пофални зборови!
Прекрасна е , во секој можен поглед. Исклучителна,шармантна,харизматична...едноставно принцеза! Секогаш е преубаво облечена и знае како да ја носи облеката со стил, со доза на умереност и елеганиција.Мислам дека е родена да биде на оваа позиција, бидејќи навистина претставува еден пример за елегантна жена од кралско семејство. Ми се допаѓа кај неа тоа што е многу хумана и често може да се забележи на хуманитарни манифестации и случувања.Совршено се вклопува во сликата на кралската фамилија.
И мене женава ми е прекрасна , едноставна , со инзвонреден стил , само малку ме зачуди оваа фотографија не очекував принцезата волку недепилирани раце да има
Нека е здраво и живо детето со мајак и татко нека порасне. Модна споредба на Кејт и Дијана во бременоста.
нека е здраво и живо, многу се радувам и во живо следев имаше некоја феминка поставено сакав да спомнам за разликата помеѓу кејт и дијана... мораме да признаеме дека времето си го напраило своето, но пред 30 кога дијана била трудница искрено не било баш толку кич со облеката, сакам да кажам дека ич не ми се свиѓа како се облекувала можела да се потруди да изгледа подобро ... за разлика од нејзе кејт си знае без разлика дали има протокол или не кејт си внимава на детали..дијана некако ич не ми личи дека внимавала.. како и да е многу ми се допаѓа стилот и однесувањето на кејт , ја обожавам
Ја чекаме Кејт во нашата тема за продилни приказни и и го честитаме раѓањето на првото дете со желби за многу здравје, среќа и успех, да расте при мајка и татко. Фамилија Фемина! На Сител не знам дали известија,ама сто посто ќе известат кога премиерот ќе испрати официјална честитка за новороденчето. Јас тек денес разбрав дека Кате станала мајка. Прееска ми објаснуваа како новинари известувале во живо... не е нормален светов. Се надевам сите дишеле, дувале и навивале... Башка ете читам природно женичкава си се породила, од сега ќе мавам шамари на договорени пораѓаи со царски,кога душава си се мачела природно. Ким Кардашијан полудува сега, екстензиите си ги има искорнато и гелните ноктиња од мака зошто не добила и она толку пажња.
Лилитке ме насмеа со ова за Ким. Инаку, еве го појавувањето на Неговото Височество Принцот http://www.youtube.com/watch?v=mRTxJrXPx7U
хах да таа би уште сега да ја омажи ќерка и за бебево а знае некој како ќе се вика бебето?? не прочитав никаде име
Принцот дал кратко интервју и рекол дека се уште размислуваат за името Извор: http://tocka.com.mk/4/101108/vo-zivo-ne ... -bolnicata
Aбе ова е жена. Вчера се породи, денес оп на нозе, ајт! Баш се слатки! Ќе и го заебам животот на ќерка ми еден ден, како мајка ми мене кога ме лажеше дека ќе се омажам за принцот. Ќе ја лажам така и јас мојата ќерка,ама до душа и ќе ја истренирам, а не само на зборови да ја остаам. Еве уште чекам да дојде некој од тие принцови у светов, ама уште го нема, ама осеќам ќе се појави некој заостанат во развојот ради тие нивни роднински спојки и сто посто ќе биде од некоја Афричка земја со инфлација од двеста посто, ќе биде гламја црн.