ццц се занесува светот .... кутро бебе што го чека.... додека други луѓе немаат за јадење овие си се зафркаваат .... со среќа нека им е здраво и живо..
Абе принцезава ќе викне на мекици или да одиме на рекорд да се најадеме ко луѓе од Мекиците од стража (ама на нејзина сметка)
Нека им е живо и здраво синчето, секое дете е најголема радост за родителите . Мене војвоткава Кејт ме воодушевува со суптилните пораки и со тоа како дискретно си тера по свое, без многу галама... Еве денес фустанот со кој излезе од болница е буквално во чест на принцезата Дајана, модерна верзија на фустанот со кој Дајана излегла од болница со Вилијам кога бил роден... Или вереничкиот прстен на Кејт кој e вереничкиот прстен на Дајана... Знаат како со детали да ја испочитуваат Дајана иако буквално сите (штом и ние знаеме) знаат за односот на кралсково семејство кон неа. А не да се зилион пати почовечни од старциве во кралското семејство Чарлс секогаш е како муле кое голтнало мотка некоја, целосно деформиран како човек (не зборам за изгледот). Овие двајца се цареви. Денес си го земаа бебето како најнормални мама и тато, тато го смести бебушов позади со транспортер, мама си седна до него, тато си седна да вози, мерак да ги гледаш. И изјавите ги читнав, колку искрено и спонтано, за сите кои слушнале барем една изјава од другиве од кралсково семејство, јасно им е дека има светлосни години разлика меѓу нив. Читавме дека Дајана со сета сила се трудела да ги израсне децата како нормални луѓе и мислам дека денес би била посебно горда кога би можела да ги види.
И тоа мавта раце, душиче Инаку, името на малиот принц ќе биде соопштено во понеделник, а истото мора да биде одобрено од страна на кралицата
Луѓево не се нормални Нека и е живо и здраво, што и кажам, да не биде распредно ко сестра и, и принцов Хари само.
Нека им е со среќа а и Кејт е прекрасна и по породувањето што направиле со сликите http://data.whicdn.com/images/69437817/large.jpg
Нека ни е жив и здрав новиот крал, Џорџ Александар Луи Цел свет во еуфорија беше, а овде неможам да ви опишам (од Лондон пишувам) Улици блокирани, невидена гужва, околу болницата беше кошмар. Сите весели и насмеани, пеат, играат... Кралот се родил. Интересно беше многу. Сите за тоа збореа. А тоа кутрото... да знае што го чека... Морам да прокоментирам за родителите. Вилијам додека беше млад личеше на мајка му и ми беше многу убав. Сега веќе почнува да личи на Чарлс Кејт ми беше симпатична порано. Но пред свадбата нагло ослабе, коски и кожа беше, сега околу бременоста малку заличе на човек. Но гледам дека има бели влакна во косата брчки на челото и ја нема таа харизма што ја имаше принцезата Дајана.
Спојлер Вистина ова не се најсјаните моменти на Дијана.Но го чувам сеуште списанието Базар од крајот на осумдесетитите со колекција од 100-на нејзини совршени креации,на кои и денес и по 50 години од денес нема да можат да им се најдат замерки. А Кејт е млада и убава ,и најважно од овој период.Затоа изгледа уште попривлечно. И добредојде за малиот принц.
за стилот на принцезиве незнам дали е намерно или случајно но мноогу наликува , понекогаш мислам дека кејт намерно ја копира диана инаку до каде оди човечката имагинација http://popara.mk/2013/vesti/nauchnicite ... f-drakula/
http://www.femina.mk/out/?id=c6e659ff3c55ec4466db17ef79613907&safeurl=http://uk.eonline.com/ Првата семејна фотографија на Кејт, Вилијам и Џорџ http://stipka.com.mk/vesti/glamur/11469-fustanot-na-kejt Ако тој фустан го носила Кејт, значи скапоцен е. Добро бре луѓе, таа носила, и сега ајде сите да купуваме.