A бе луѓе Кејт само што стана дел од свејствово сите слики од неа рчиси се . И не е па нешто женскава .. А балазе неа си го живее сонот.А и сама си признала дека в соба како мала имала постер од Вилијамс и си мислела како би било добро да биде со него.А и намерно отишла на еден ист факлултет со него цц...
Kate Middleton е прекрасна каде и да се појави, преубав стил и дефинитивно нема кикснато во нешто, со еден збор преубава е...ја обожуваммммм. I во пижами е прекрасна Kралицата Elizabet II зарем некој би можел да каже нешто против нејзинот стил, иако сега е во поодминати години сепак секогаш е во тој нејзин препознатлив и непогрешлив стил. во малдоста и те како била убава и префинета.....LIKEEEE принцезата Dиана и таа додека беше жива, сите жени во светот и се восхитуваа на нејзинот стил и убавата насмевка. Kралскиве дами се синоним за префинетост, стил и убавина.........
Не знаев каде да го постирам ова на друго место. Го прескокна татка си: Принцот Вилијам е новиот крал! Принцот Вилијам, втор во наследната низа за британскиот трон, ќе го „прескокне“ својот татко Чарлс и ќе стане следниот крал на Обединетото Кралство. Ова го објави американскиот весник „Глобе“, кој тврди дека оваа одлука ја донела Кралицата Елизабета Втора, која со години ги следела „четворицата играчи“ Според весникот, британската кралица Елизабета Втора одлучила ова лето да абдицира и како нов владетел на кралството да биде крунисан Вилијам, војводата од Кембриџ. Според весникот, наместо принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, новиот крал и кралица ќе бидат Вилијам и Кејт. Изгледа дека кралицата Елизабета во изминатите години внимателно ги следела „четворицата играчи“ и дека донела конечна одлука кому ќе му го остави наследството. Инаку, по кралицата Елизабета, принцот Вилијам, носител на титулата војвода од Кембриџ, гроф од Стратхорн и барон од Карикфергус, е најпопуларен член на кралското семејство, покажале истражувањата од 2012 година. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalN ... tant=32164
Оваа Кејт Миделтон ги крева очекувањата од жените со секое нејзино породување. Мајка ми ми се чини повозбудена е за кралскиве бебиња него ли за сопствените внучиња еден ден. Уште се надева дека со Хари ќе не спои судбината и ќе бидеме уште пофасцинантна приказна од оваа на Кејт и Вилијам. Принцот Хари се заљуби во една локална селанка од една вукојебина на Балканот. П.С. Допуна. Ќе ти направам една летна вила во Чупријан (каде е ова бре?) како кралицата, да имаш летна и зимска вила, да можеме да и парираме. Леле судбино... зошто е волку исчукана женава?
Ај да не се тепаме сега. Јас се надевав на Хари но исто така повеќе се надевам и дека имам сина крв па ќе ме спојат со некоја нивна лоза таму зашто би била невозможна љубов инаку. Нема Хари што сака туку што налага протоколот, а тој вика војводка морало да бидам. Си се тешам има нешто ројалити во мене - на пример многу сакам поло.
Абе голема работа се родила принцеза ,и тоа е обичен смртник како сите ние ,и циганчината се родени од мајка не се на пат најдени ,ко ке се крева значи фама за вакви работи како да не сум од планетава земја како да сум од некоја друга планета каде сите луѓе се исти во вера ,националност ,материјално богатство ,што вели бабами тоа злато да не сере да ме извините на изразов .
^ Извини, коњ штом имаш, одма си јачи. Дедо ми покоен имаше два на времето. Това ти е прв знак на селанство, овај ројалство. Така во шахот, така во животот. Мимс оди да правиш хипнотичка регресија (кој правел знае како оди тоа), оти еднаш западнав во ситуација, небитно чакнати другарки имам, па направив и јас (не дека ме тераа. ама јас сум тип човек - мачката и љубопитството...). И кога тоа испадна дека во некој ти таму живот сум била некоја ројалити (сииигурно...и еве сега кармата ова овака со мене, блокадите, тешкотиите, дрн, дрн, лекциите животни), покрај вода, да не го откривам начинот на умирачката, оти тоа е уствари најбитниот дел во регресијата. Кога дојдов дома, кога и кажав на мајка ми, кога се попали, кога се возбуди, абе шта да ти причам, еве мислам дека уште е во дилема дали да бараме дел од некоја од палативе, ама ете не дознав во кое кралство било тоа. Уште одбирам зборови како да и кажам дека може сум била Елза или некое кралство кое веќе не постои. П.С. Ако сакаш број да ти дадам, уште го чувам. И надвор од темата и шала на страна, доживувањата се многи вивид, чувствата исто така, дури и материјалот на облеката го гледаш во детали и на допир го чувствуваш. Спуки е ептен, не е за сеирџии... екхм... јас уште се заебавам, ама другарка ми си имаше мака со страв од летање, а нон стоп требаше да започне да патува и си го надмина проблемот. Јас .. уште зелено се дупчам и заебавам од нештото, можеби и грешам, ама маката не ме натерала, не сум мерило... ама ит ис фан тинг ту ду. Елизабета (абе ројал име имаш алооо ), абе што има врска. Традиција им е во прашање, светот тоа го анимира, мене кралсково семејство више ми се на ниво на ријалити серија. Никогаш не ми се допаѓала нивната надмена форма на владеење и собирање на арач додека на цел свет му продаваат пувки за демократија. Ама ете догодовштина. А за право да ви кажам па, мајка ми мекици правеше кога мачката ни роди мачиња, не па за ројал бејби, како да ви се објаснам жената се радува на принови, таква си е. Еве сигурно и утре ќе ни прави мекци.