Меган ми е епен харизматична, а и убава и згодна уште кога ја гледав во Suits. Принцовите не се убави, барем не се мој тип на мажи, ама згодни, стројни, униформите им стојат совршено. Awwwww...
Меган изгледаше пренежно и елегантно. Фустанот е едноставен, дијадемата и минималистичкиот накит го надополнија прекрасниот изглед. Не сум љубител на онаков тип фризури, но одговараше на фустанот. Ми се допадна што и лицето и беше премногу природно. Нашите невести треба да земаат пример од вакви жени, а не за свадбите да се китат со се што ќе најдат. Церемонијата ми беше прекрасна, на моменти и ми се плачеше Младенците изгледаа пресреќно и заљубено. Ова ми е генералниот впечаток од кралската венчавка. Омилен famous couple: David & Victoria Beckham. Секоја чест.
Меган беше прекрасна.Од венчаницата,до тијарата...Кралска елеганција,како што прилега.Иако не беше драматично како Кејт,што сосема е оправдано-бидејќи Хари не е наследник на тронот,едноставноста многу и прилега.Хари беше многу згоден,природен,едноставно сладок.Givenchy одлично си ја завршил работата.Венчаницата,за разлика од онаа на Дијана и Кејт,беше поедноставна,ама елеганцијата извираше од нејзе Морам да ја пофалам и Кејт.Белата креација која ја носеше,достојно и прилега. И Амал Клуни,просто сјаеше.
Ете, заборавив за венчаницата да кажам збор, два. Ич не ме бендисува, како костум е. Очекував чипка некоја, нешто тантела, бла бла, многу белина бре овде, како поклон ја спакувале.
тортата Меган и онака не ми се свиѓа, ај нека а неа ама фустанот, шминката... шминката сфаќам дека сакале природен ефект да постигнат ама не ми е тоа - тоа
И на мене венчаницата не ми се допаѓа. Обична за една таква венчавка. А можеби таква одбрала. Кејт поубава беше на нејзината венчавка. П.С. Не знам која е таа на втората слика.
Мене само ми се допаѓа тоа што е едноставна, сакам едноставни невести без многу детали. Ама воопшто не ми се допаѓа како и стои. Па згодна е Меган, можеле многу поубаво да ја средат и пак да изгледа убаво. Вака изгледа како замотана во сатенска обвивка. Не морало чипка, ама повеќе од очигледно е дека нешто фали.
Цело време ја чекав Кејт да стигне...и да, стигна во костумЧЕ исто како на Камила, само во друга боја. Не ми се веруваше дури. Невестинскиот фустан премногу обичен. Тијарата и превезот одлични, ама фустанот НЕ. Башка што ме нервираше напред како и виреше цело време шпицот на штиклите. Шминката и беше толку бледа, безлична, ни руж малку да ја живне, ни кармин/сјај, ништо. Косата, меси бан малку во понеМЕСИ издание. Роговите напред паѓаат и така... Хари преемотивен, она, како секој ден ова да и се случува. Симпатична е, ама има некаква опуштена убавина, онака рилекс, не класи бјути. Мајка и позитивно ме изненади. И изглед, и држење. Попот многу се расприкажа. И тоа се труделе да биде кежуал, ама малку ту мач. Стенд бај ми ја извади целата работа во црквата. И челистот не беше лош, ама чорапите со точки што ги носеше многу ме бодеа во очи, па импресијата ми опадна. Од гостите, Амал дефинитивно. Викторија на погреб да не се замислувала, исто и на Вилијам на свадбата беше од глава до пети во црно.
- "If I wore beige, nobody would know who I am." Ми текна дека пред некое време читав интересни цитати од кралицата и ова наводно го има кажано кога ја прашале зошто секогаш носи такви впечатливи бои Исто имаше објаснување дека на вакви настани одат многу луѓе да ја видат кралицата, па ако се облече во некоја понеутрална боја, ќе се изгуби меѓу луѓето околу неа и нема да дојде до израз. Вака малку циклама ако фатиш со окото знаеш дека кралицата си ја видел Инаку и мене Меган не ми се вклопува во семејствово, ја следам откако почнав да гледам Suits и многу ми се допаѓаше таму и како лик, а и приватно ја следев на социјалните мрежи и на блогот. Кога прочитав дека се верила со Хари, ептен чудно ми падна, пошто отсекогаш ми делувала на free spirit девојка. После тоа деактивираше фејсбук, инстаграм, го избриша блогот, го остави тимот на Suits и толку беше. Како и да е, со среќа нека им е. Фустанот не ми се допаѓа, а богами ни фризурата. @SummerGirl Пипа е оваа од десно, сестрата на Кејт.
Значи овој Бекам симпатија ми е уште кога се фатија со Вики а тогаш со долга коса кај сум гледала незнам, сега е измислен за тогаш кога го видов се стопив. Свадбата не ја пратев видов слики, Меган е ок, ја сваќам поентата на фустанот иако ми фали некој елемент за да биде целосна, тиарата прекрасна, фризура не ми се допаѓа, шминка исто мислење ко фустан, се на се убава ама искрено очекував повеќе. Хари просечен, гостите исто така не ми фатија око.
Вилијам ми е посимпатичен од Хари. Поубав пар е со Кејт, отколку Хари и Меган. На венчаницата на Меган требало да стават малку чипка. Да изгледа светски. Шминката обична. Не сакам нападна шминка, ама можеле да ја нашминкаат повпечатливо.
Сестрата на Кејт е тоа десно, Пипа (Pippa Middleton). Мене нејзината венчаница ми е баш убава. Едноставна да, ама недовршена. Ракави долги а времето е прекрасно, можеле нешто понежно да вметнат. Мене пак ми личи ко некој крут материјал, сатенот е прилично мек и фино паѓа. Ми изгледа како да и е мачно да ја носи венчаницата.
Пипа со сопругот ич не ми се бендисаа. Опра Винфри не ја познав од прва ама преубав и е фустанот. На Клуни сопругата ги засени повеќето. http://peoplespostng.com/news/2018/...s-at-prince-harry-and-meghan-markles-wedding/