Kate Middleton Ми го зема зборот од уста. Многу едноставна ми се виде. ЈАс по скопјево погламурозни фустани имам видено на невести
Kate Middleton Прекрасна, едноставна а убава. Баш како скромна пепелашка од средниот век. Е сега штета што не е македонска снаа да ја направевме малку покичеста, да ја накинџуревме со шљокици, микици, кикици, чипкици, деколте што пука, г’з што тресе, кармин што се гледа од авион, сенка што влече до Ашкабат и слично и да ја качевме на маса да заигра чочече, да растресе фриз малку и целулитче па нек цео свет прича о њој Мене ми се допаѓа, дури и премногу, иако имав некој неутрален став према нејзе. Го потврдува она со што се раководам цел живот - едноставноста плени повеќе од вриштечки аутфити
Kate Middleton Мене лично, прекрасна ми е. Не е којзнае колку убава за да испопаѓаме сите во несвест, но ми има некоја ненормално мила фаца, воодушевувачка насмевка. Зрачи со неверојатна милина, а тоа ми е сосема доволно. Сега, моментално кога ја гледам свадбава, делот кога се во кочија, а од околу милиони луѓе, врескаат, кубат коси и мафтаат, морам да признаам дека се ежам. Можам само да замислам колку прекрасно се чувствуваат и двајцата, Кејт само се смешка задоволно, Принцот исто. Искрено, по малку и завидувам. Комплименти и за церемонијата, фустанот ми е баш класика, натинг спешл, но доста елегантен, како што и` доликува всушност. Им посакувам многу среќа и пријатен заеднички живот. А сега, ајде уште бакнежот и толку за тие пари, останатото од свадбава не е дозволено да се снима.
Kate Middleton Венчаницата иначе чини 434 000 долари и ќе ја плати нејзиното семејство Јас очекував поголем вел и малку погламурозна да е Иначе Кејт прекрасна е, јас и претходно си кажав дека е преубавка.
Kate Middleton Не кич, не шљокици, правилен избор... Ама и ова не ми иде.... да не беше опашката што се влече по неа, добиваме обично, накај премногу обично, со остри линии и рабови, мат, малтене гипсано хаљинче... Не ми се допаѓа... Златна средина, можеле да се потрудат...принцеза е сепак, иако модерна... Има аристократско држење, пријатен и остар поглед, што многу ми се допаѓа, ама не ми е убава...харизматична ми е посоодветниот збор... Принцов порано ми беше симпатичен, сега ми е како некое прокељавено чиче... Брат му жолтоклунецот, ми личи на страшно интровертно и арогантно суштество... Е сестрата на Катето ми се допадна многу, исто и Бекамица ми е по ќејф, како и секад.... А за церемонијата...круто, ладно, восочни лица, наместени насмевки, вежбани покрети... протоколи, правила... Правила, правила, да би ме удавила... Али со среќа нек им е... И на Катето и посакувам да не им се покорува до толку, и да им ги измести малце тие улежани и фини га*ови... Нека си опне по нејзино уште утре едни тесни, ултра кратки пантолонки, со чорапчиња до коленици, и нека си биде она (црн хумор малку )
Kate Middleton "За да не се остави ништо на картата на случајноста, новопечениот брачен пар потпишале предбрачен договор, според кој, во случај на развод Кејт има право на одреден паричен износ наместо дел од кралскиот имот, а старателството на децата би му припаднале на Вилијам"
Kate Middleton Све супер дискусии околу свадбава, ама што бара темава во Мода и стил кога повеќе се дискутира за свадбата, приходите, договори, како ќе и се смени животот итн.А и не ја сметам за модна икона па да е темава тука.Убава тема, но на несоодветно место, според мене подобро е во општи дискусии да стои или во СВАДБА.
Kate Middleton Jaс сум таму,ич да не се секирате! Ах...секоја ќерка по дома е принцеза,ал стварно ме убедуваа дека сум печена за тоа ,затоа со мерак си гледав без да трепкам и се пронаежив 15-16 пати.Ме фасцинираат вакви работи колку и да се наместени,на крајот,сите ние сонуваме за перфектни свадби,секоја спонтаност може да не извади од такт. Кате ми беше прекрасна.Едноставна и нежна во фустанот.Ништо повеќе од ова не требало,сепак е принцеза,а не селебрети дива.Половинчето тенко,нежно и велот е сосема ок,колку што ги помнам снимките од Дејана,е тоа беше...три топа свила да му се невиди. Бекамица ми остави впечаток и жената на братот на Дејана,со се ќерките...прекраснотии.И таа дамата со синиот шешир. Не го ценам кралскиот живот и идејата за монархија,ама ми се допаѓаат вакви невообичаености.Од клишето ги вади нештата и едноставно те тера да веруваш,дека се случуваат чуда и исклучоци. Ма да утре принц да ми понуди брак,100 пати ќе се размислам и ќе го одбијам.Не сум за таква форма на живеење и кога-тогаш ќе пукнам.Луѓето,иако велат дека сакаат искрени и емотивни луѓе,сепак при првото пукање ќе те сметаат за лабилна и лудача кога ја имаш оваа улога.Требаат нерви ортоми и цврст дух,а ретко кој обичен смртник го има од проста причина што принцовите се одгледани да бидат принцови,а таа е обичен човек,не е одгледана да биде принцеза.Ќе видиме колку ќе потрае,притисокот ќе и биде огромен,освен ако не живее убедена со идејата дека е ок да бидеш паразит и да се бавиш со наложени и исценирани работи.Не би можела да живеам планиран живот до тој степен,особено па не во моја желба,туку на онаа бабана што мислам дека е безсмртна.
Kate Middleton Јас морам да се согласам дека ми се допаѓа скромноста и елеганцијата во фустанот. Многу убаво и прилега и доаѓа до израз нејзината нежност и убавото лице. Мислам дека велот е прекрасен, баш ми се допаѓа тоа што не е нападен и голем. Што се однесува на тоа со пределот кај градите, Трендафилке око соколово Јас тоа не го забележав, ама мислам дека може да го рипнам тој дел од критикување од причина што не сакам да барам игла во сено. Не е надарена многу од напред, ама убаво телце држи. Стварно ми е прекрасна, и толку мила!! Инаку, во темава треба да дискутираме за Кетрин само, нели? Затоа е ставена во мода и стил? Или?
Kate Middleton Просечна свадба, не толку гламурозна... сите се однесуваат некако вештачки и ладно (а богами и времено не им се погоди баш, мене лично вакво облачно време ми ствара депресија) А за Кејт, ми се допадна венчаницата, скромно и пристојно. Ама пак некако не ми личи како за принцеза... шо знам, и фали ОНА нешто што го имаше Лејди Ди Како и да е, нека им е со среќа!
Kate Middleton Ајде, кој ја забуљи у градите нека се јави! Манијачите а? Не знам. Па мора ли сите да имаат D корпи?! Она има преубаво спортско тело колку што успеав да забележам, плус е слабичка, а на такво тело големи гради не ни стојат. И јас сум тука со Старфиш, не барам игла во сено. А и не е битно впрочем. А чудна работа, кога бев малецка под влијание на Робин Худ филмови и корсети, кога сум цртала принцези сум ги цртала со рецка - мајке ми морам да ви покажам еден ден Значи кај мене принцезата беше знак еднакво со големи гради, веројатно ради корсет ефектот. А денес ете принцезата ми е синоним за нешто нежно, слабо, кревко, без рецки и без гради ко за Пивофест во Минхен Се на се си кажав, Кејт ми е преубава и јас гласам за ваква убавина. Едноставна и елегантна.
Kate Middleton http://www.youtube.com/watch?v=adaRjd5k ... ideo_title Ќе ве интересира девојчици Мала шала да не помислите вистинското е